Породување во државна или приватна болница?

G

Goldie

Гостин
добро како ви е лесно да заборавите вакво нешто да не барате одмазда и одговорност,па затоа ни се институциите на вакво дереџе никој не сака да се замара и да врши притисок
Што ако им пушти тужба ќе си најдат они пак оправдување како и за сите други грешки што ги прават, башка во државна била вработена одма ќе има притисоци на работно место итн. Инаку кога ќе се мислите помеѓу државна и приватна, само помислете зошто дури и жените на нашиве министри наши одат во приватна - врски имаат и во државна а сепак избегаваат таму ?
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
те молам не ме сфаќај лично,се извинувам ако постот мој те наведе на такво мислење,ама општо како народ сме катастрофа воопшто неодговорни,чекаме некој ОДГОРЕ да ни ги среди работите како што треба и затоа сме на ова дереџе,додека реклами фрчат за наталитет,трето дете,сите треба да имаат итн итн , од друга страна вакви неубави приказни се случуваат нон стоп секој ден
Не сме спремни ние како држава за многу работи , а најмалку за трето дете , изгледа властите очекуваат мајката да батали кариера и работа и да ги чува децата, затоа што еве уште еден пример од мене, ТРЕБА врскии за да запишеш дете во градинка, а и со врски пак ќе чекаш , па со оглед на тоа дека мора да се вратам на работа , единствено решение е приватна градинка, цена - пола просечна македонска плата, за некој и цела. Многу работи овде не чинат, јас се извинувам ако забегав од првичната тема , ама сепак пари се печалат и се трошат, децата се богатството, а не парите , така да приватно за се, па да можам кожата ќе си одерам само да знам дека она ќе биде среќна и здрава .:)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
5.981
Поени од реакции
4.160
Што ако им пушти тужба ќе си најдат они пак оправдување како и за сите други грешки што ги прават, башка во државна била вработена одма ќе има притисоци на работно место итн. Инаку кога ќе се мислите помеѓу државна и приватна, само помислете зошто дури и жените на нашиве министри наши одат во приватна - врски имаат и во државна а сепак избегаваат таму ?
со една тужба не се решава ништо,треба здружение што ќе собери бар 50 случаи и нагоре вакви(а ќе собери за брзо нема сомнение) колективна тужба,притисоци,со тоа ако не успее наредно се знае као брачата со пиштолите има да ги лежиш ако треба
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.164
Поени од реакции
14.646
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
1.015
@Anco да се вратиме во пештери да живееме?
Не е поентата на постот дека треба во пештера да се вратиме ами дека породувањето не е болест туку природен процес.
Така да , не треба да се потресуваме за нешто што у старт го смислил дедо господ ! Со лекарски надзор да ама да не се прави галама , како да е операција на кичма
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.749
Не е поентата на постот дека треба во пештера да се вратиме ами дека породувањето не е болест туку природен процес.
Така да , не треба да се потресуваме за нешто што у старт го смислил дедо господ ! Со лекарски надзор да ама да не се прави галама , како да е операција на кичма
Не баш секогаш се` оди така како што треба, а кога веќе се има можност за медицински тим да биде спремен да реагира ако нешто тргне на лошо зошто би го одбивал тоа?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.258
Поени од реакции
8.284
Од овој момент само низ магла се сеќавам дека околу 7 и 30 дојде нова смена на доктор и сестри и кога ме прегледаа, истиот момент на раце ме однесоа на бокс, а таму за само една минута ја родив ќерка ми. Бев пресреќна дека се роди жива и здрава, па затоа не ги ни тужев бездушниве сестри,иако и двете бевме со постпородилна инфекција заради нивната негрижа...
Среќен сум што се поминало без критични проблеми... Но морам да ти посочам дека и ти (како и сите ние другите), си крива за ситуацијата со здравството: Непријавувањето на тоа што ти се случило е еднакво на давање на подршка, за злосторството што тебе ти го направиле - да им се повторува и на други мајки.

Извини, ама морав да го кажам ова. Мора веќе еднаш народов да се разбуди и да разбере дека ваквите работи мора да се пријавуаат редовно. И сеедно колку замарање и непријатност ќе има како последица. Нашата пасивност, е најголемата причина зошто постојано се случуваат ваквите несакани работи .



Нејсе. Прашање до сите овде што можат да одговорат:
- Дали постои начин, во државна (или приватна) болница сопругот да е присутен на породувањето, и истото да го снима на видео?
(не не сум во „амерички филм“, само сметам дека со своето присуство сопругот би допринел за помалку неправилности и неизвршување на обврски на персоналот).
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
Среќен сум што се поминало без критични проблеми... Но морам да ти посочам дека и ти (како и сите ние другите), си крива за ситуацијата со здравството: Непријавувањето на тоа што ти се случило е еднакво на давање на подршка, за злосторството што тебе ти го направиле - да им се повторува и на други мајки.

Извини, ама морав да го кажам ова. Мора веќе еднаш народов да се разбуди и да разбере дека ваквите работи мора да се пријавуаат редовно. И сеедно колку замарање и непријатност ќе има како последица. Нашата пасивност, е најголемата причина зошто постојано се случуваат ваквите несакани работи .



Нејсе. Прашање до сите овде што можат да одговорат:
- Дали постои начин, во државна (или приватна) болница сопругот да е присутен на породувањето, и истото да го снима на видео?
(не не сум во „амерички филм“, само сметам дека со своето присуство сопругот би допринел за помалку неправилности и неизвршување на обврски на персоналот).
Згрешив дефинитивно што не ги тужев, ама не можев да се дуплирам на 2 места. По пораѓај едвај можев да стојам на нозе, со општа лоша состојба , па доење на пола саат, бебе тукушто родено на антибиотик на кое само мајка му треба....Верувајте дека цели 2 месеци спиев едвај по неколку часа дневно, едноставно физички бев неспособна за да превземанм нешто. Да поминат неказнето - нема, да помине ова без цел клинички блок да стане свесен за нечија несовесност- нема, како што можеби кажав и во некој друг пост они ќе одговараат морално, веќе има претставка за нив кај директорката на установата, ама правно нема да одговараат. Можеби ќе добијат некоја опомена или 20 % намалена плата, ама и ако се човечки суштества барем малку и срамот што им го донесе ситуацијава, затоа што огромен број на луѓе вработени во клинички знаат за ова. Гинекологија е преполна со млад и нестручен кадар (конкретно сестриве имаа едвај 20 години), преполна со девојчиња без основна култура, па што да се очекува од такви сестрички, малку ќе се заплашат и пак ќе си продолжат по старо. Да се исчисти шљамот од клинички ќе останат 50 % вработени и знам дека колку и да го казнуваш ваквиот неквалитетен кадар пак ескивира од работа и пак не се замара (истото е и кја мене на клиника, пола работат, пола се по кафанчиња) и пак страдаат пациенти. Верувајте дека јас како вработена таму се срамам од туѓите постапки, се срамам кога гледам нехуманост во најхуманата професија, едноставно луѓево заборавија на човечноста... Ќе пробам и преку некој друг начин некои луѓе да си го добијат заслуженото, ама знам дека на крајот јас ќе бидам осудуваната, јас ќе бидам размазената, затоа што никој нема да сфати дека мене не ме тангираа породилните болки, мене ме болеше душата толку многу што останатите болки беа занемарливи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.258
Поени од реакции
8.284
Делото не е застарено, сеуште можеш да ги пријавиш. Во честа на претпоставените, и обврската да ги казнат - не се надевај. Нивниот таканаречен „суд на честа“ не можеше да најде ниту за сходно да им ги одземе лиценците на двајцата пијаници анестезиолози кои убија родилка и бебе, и тоа преку банално задушување на родилката при интубација. Ако за тој одвратен случај мораше министерот да инсистира за ПРИВРЕМЕНО да им ги одземат лиценците на пијаниците - што мислиш дека ќе им се случи на сестричките кои замалку ќе те чинеле бременоста (или нешто уште пострашно) тебе?
Тие 10-20% од плата се најмногу казнување што можеш да се надеваш, ама тоа како што самата кажа нема да ги спречи да продолжат да работат криминално несовесно. На срамот не се надевај, таквите не чуствуваат срам - барем не подолго од неколку минути (колку што извесно им е attention span-от).

Најпосле ова што ти го направил тој персонал не е за интерна казна, туку за кривична пријава и отпуштање од работа. Не се одговорни само сестрите, туку и дежурниот старешина на смената, и сите тие во хиерархијата нагоре.
Исто така и во Струмица, пијаните анестезиолози биле толерирани од нивниот претпоставен, па ете видовме дека тоа чинеше живот на една млада мајка и нејзиното бебенце. Цела Струмица знае дека тие двајца анестизиолози биле пијани 24/7, ама нивниот претпоставен сеуште за ништо нема одговарано. И нема, затоа што целата тој раководен кадар во здравството е трул и коруптиран, сите неправилности ги кријат, ги буткаат под тепихот да не се гледаат.

Ништо нема да се смени, се додека ние граѓаните не почнеме да пријавуваме СЕ, од најситни непраилности па до таквите работи како што (на жалост) ти се случиле тебе. Затоа сите имаме одговорност.
Затоа велам дека сите ние како колектив, како општество, ама и индивидуално, сме криви за тоа што се случува - и само прашање на време е кога ќе се случи на некоја следна родилка, која можеби нема да има среќа како тебе да помине без последици.
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
Размислував и за кривична пријава, ама во овој случај би било мојот збор против нивниот, со оглед на како што кажа позитивниот за среќа исход на ситуацијата, реални докази немам, за постпородилната инфекција ќе се извадат дека кај скоро секоја трета родилка се јавува и обично вакви случаи се пријавуваат кај директорот на клиниката или евентуално поситните кај главната сестра. Едноставно знам од искуство дека вакви работи се заташкуваат, за вакви работи се превзема мала одговорност и тоа е факт. Откази од клинички не добиваат дури и ако имаат 3 пријави годишно, свикуваат дисциплински, ги казнуваат и пак се по старо. Еве последни 4 години сум таму, не слушнав за ниеден случај да биде избркан некој од работа заради професионална грешка, а за професионални грешки се изнаслушав за цел еден век да седнам и да пишувам.За неколку месеци се враќам на работа и ќе се обидам да дејствувам во насока на промена на ова, моето готово- заврши и ќе се заборави, ама не сакам некоја друга да помине низ истото. Ќе се зголеми свесноста кога ќе добијат медиумско внимание и кога ќе добијат закани и кога ќе се соберат група на жени кои имале лошо искуство таму ( а верувам ги има многу, барем од групиве на фејсбук, од форумиве и од моите пријателки кои поминаа од таму ).
Што се однесува до случајот во Гевгелија, дали знаете дека голем број на анестезиолози во Македонија и доктори од друга бранша сметаат дека тоа не било нивна грешка туку грешка на директорот што ги врбувал константно да бидат на повик единствениве анестезиолози во тој регион. Па и они биле луѓе морале некогаш да одат на свадба или на некоја друга прослава и да се напијат нешто, па сега што некој настрадал ете така се погодило ! Не ми се веруваше дека се најдоа група на ,,стручњаци,, да ги оправдаат неодговорниве и без ронка совест што упропастија 2 човечки животи...
И кога ќе се изнаслушаш вакви глупости и кога очите се ќе ти видат директоно на местото на злосторот, знаеш што ќе си кажеш ? Ексик се нека оди, ќе си ја гушнам ќерка ми.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.258
Поени од реакции
8.284
Затоа е потребна поголема критичка свест кај народот, и свесност за потребата од пријавување на нерегуларностите - па дури и кога однапред се знае дека поединачните пријави нема многу да променат. Вака сите се оправдуваме дека „џабе ќе се замараме кога ништо нема да промениме“.
Чекаме некој друг да пријавува и да го направи тоа што сите мора да го правиме, ако сакаме нешто некогаш да се смени.

Исто така, потребни се здруженија на граѓани (посебно на мајки) кои ќе работат на будење на свесноста за случувањата. Со тоа се согласувам целосно.



...знам од искуство дека вакви работи се заташкуваат, за вакви работи се превзема мала одговорност и тоа е факт. Откази од клинички не добиваат дури и ако имаат 3 пријави годишно, свикуваат дисциплински, ги казнуваат и пак се по старо. Еве последни 4 години сум таму, не слушнав за ниеден случај да биде избркан некој од работа заради професионална грешка, а за професионални грешки се изнаслушав за цел еден век да седнам и да пишувам.За неколку месеци се враќам на работа и ќе се обидам да дејствувам во насока на промена на ова, моето готово- заврши и ќе се заборави, ама не сакам некоја друга да помине низ истото. Ќе се зголеми свесноста кога ќе добијат медиумско внимание и кога ќе добијат закани и кога ќе се соберат група на жени кои имале лошо искуство таму ( а верувам ги има многу, барем од групиве на фејсбук, од форумиве и од моите пријателки кои поминаа од таму ).
„Професионалните“ грешки се помалиот проблем. Сите грешат, посебно тие што работат. Проблемот е во нерегулирањето на тие грешки, во насока за делување за нивно отклонување и одстранување - пошто тоа е целта, не да се линчуваат докторите.

Не зборуваме за тоа погоре. Зборуваме за целосен недостаток од одговорност за несовесно работење, и целосен недостаток од одговорност на претпоставените за постапките на подредениот персонал. Сестрите кои така дилетантски се однесувале кон тебе која си им колешка - замисли каков однос тие имаат кон „обичните“ пациенти?

Заради тоа тие 50% криминално несовесни здравствени работници (кои ти ги спомнуваш, а јас мислам дека се поприлично повеќе) - ТРЕБА ДА СЕ ОТПУШТАТ ОД РАБОТА, И КРИВИЧНО ДА СЕ ГОНАТ КОГА ЗАРАДИ НИВНИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ ЗГАСНЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ.
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
73
„Професионалните“ грешки се помалиот проблем. Сите грешат, посебно тие што работат. Проблемот е во нерегулирањето на тие грешки, во насока за делување за нивно отклонување и одстранување - пошто тоа е целта, не да се линчуваат докторите.

Не зборуваме за тоа погоре. Зборуваме за целосен недостаток од одговорност за несовесно работење, и целосен недостаток од одговорност на претпоставените за постапките на подредениот персонал. Сестрите кои така дилетантски се однесувале кон тебе која си им колешка - замисли каков однос тие имаат кон „обичните“ пациенти?

Заради тоа тие 50% криминално несовесни здравствени работници (кои ти ги спомнуваш, а јас мислам дека се поприлично повеќе) - ТРЕБА ДА СЕ ОТПУШТАТ ОД РАБОТА, И КРИВИЧНО ДА СЕ ГОНАТ КОГА ЗАРАДИ НИВНИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ ЗГАСНЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ.
Апсолутно се согласувам со тебе, системот на ..правда и правичност,, не се согласува и не е точно дека луѓе не пријавуваат, секој ден пријавуваат некогаш дури и а задоцнување на мој термин, верувај на нашата клиник, а сигурна сум и на другите има барем по една пријава на ден од страна на пациент. А реалноста е дека пријавениот неретко си поминува само со опомена на утринскиот состанок и тоа е, значи не се казнуваат како што треба, знам не зборам од ракав.Поголема свесност треба кај народот, треба се поголема маса на луѓе да знае што се случува внатре, тоа и ми беше намерата на првиот пост, колку толку луѓе го видоа, затоа што некои работи воопшто не излегуваат од таму.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.062
Детето ти е повеќе и од тие 90.000 колку и да ти се важни.


Инфекцијата е од бактерии во породилниот канал. Дали после раѓањето му ставаа капки за очи, за да се намали инфекција?
Да додедеме, само дека само при пораѓај без никакви проблеми, услугата ќе биде извршена во Систина.
Било каков проблем, ајде на државна, плус нормално услугата ти ја наплаќаат како да си бил во Систина.
И приватните болници ја направија целата хистерија "пораѓај со царски рез" да биде хит меѓу жените, а со тоа тие да направат повеќе пари, бидејќи нормално тоа е поскапа услуга и докторот за таквата сугестија ќе биде награден екстра.
Јас како помал, кога моите ќе правеа муабет дека некоја жена се пораѓала со царски рез, тоа значеше дека жената имала тежок пораѓај и било прашање на живот или смрт.
Инаку у државна со врски или калашников или емигрирајте за среќа на вашите неродени деца
 
На врв Bottom