Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Еве уште еден пример од историјата, ги имало одамна и еве моментално тие особини ги гледаме во Дарданиа ... исто добар пример и за нашата претерана толеранција, т.е. грешки.Дарди на форумов ти е лик кој најубаво ги претставува албанците. Тоа ти е претставник, одлично ја прикажува сликата за нив. Па кога му се обраќаме нему, исто како да и се обраќаме на цела нација. Такво лицемерие, такви подли одговори, такво непризнавање на факти, таков еден сеирски тон на триење рачиња за сите злодела на овие простори, таква една невиност албанска, абе нема подобар претставник.
Не ваделе органи си го тера филмот, не убивале, не извршиле масакар, се бореле за човекови права, сите се криви, они се светци. И мало дете да го прочита ќе ги замрази комплет, а не пак возрасен човек.
11 септември – Ден на ослободувањето на Кичево
September 11, 2012 Filed under Издвојуваме, Кичево, Слајдер Posted by admin
Партизанските единици маршираат во слободно Кичево, 10 или 11 септември 1943 година
На денешен ден, 11 септември, пред 69 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.
Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот. За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
Народен митинг во слободно Кичево одржан на 26 септември 1943. Истакнувањето само на Македонското знаме било јасен показател за самостојната борба на македонските партизани за слободна Македонија. Тоа многу не му се допаднало на „главниот“ говорник Светозар Вукмановиќ – Темпо.
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Спомен плочата на објектот каде работела првата народна власт во Кичево
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.