Поранешен војник на УЧК раскажува за вадењето органи во Косово

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сите челници на учк јавно се изјаснија против овие, тврдењево ти е фејл на векот, ако овие радикалци им одат на некого на прилог ттоа сигурно не се албанците, туку им одат на прилог на непријателите на Сад, па и на непријателите на албанците.[DOUBLEPOST=1396525305][/DOUBLEPOST]
Не сакавма наш универзитет, сакавме на мајчин јазик, со исти услови и инвестиции по глава на студнет ао било кој друг државен универзитет.

Дали ти си на страната на овие што ја водат државата, ако не си зошто се на власт?

Сме манипулирани, се сложувам, но не по наш избор. Еве жив пример сте вие како народ, жив пример на нација која се манипулира од властите веќе трета деценија, вие, народот сте криви?
Што се случува со македонците во Албанија? Имаат ли тие свои универзитети? Едвај им дозволија учебници на мајчин јазик!

Да народот е крив. Кои ја избира власта? Кои дозволува да биде манипулиран? Но, поважно прашање, до кога народот ќе го дозволува тоа?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Правам муабет за инспектор што би влегол да провери како се предава, што се прави, како се добива оцена, како се добива диплома. Тој би го избркале вие, зошто, нели, никој не смее да се меша во вашите работи и вие знаете што е најдобро за вас а не каурите што сакаат да ве угнетат.
Не праам маубет за студирањето на мајчин јазик, не ја врти темата натака. Еве ти, сега студирате на мајчин јазик и студирањето видовте кај ве донесе.

да, да, гарант политички се затвараа... кога ќе искочат и на нив дајте им диплома.

Ти мука некоја си имаш бе мајсторе, те си согласен да ве храниме и поиме, те “не си’’... . Пак ќе ти кажам, не е за мене, за пазарот е неквалификуван. Пазарот е појак од нас и тој одлучува кој знае кој не знае, кој го бива и кој не. Тоа е виша сила што не трпи мајски и рамковни договори, не можам триста пати едно исто да ти објаснувам


не бре ќе си се инатиме што има везе. :icon_lol:
Како што кажав тоа не можеме да го знаеме.
Порано сме биле неписмени денеска со фалш дипломи, изгледа никогаш нема да запрат етикетирањата.[DOUBLEPOST=1396550669][/DOUBLEPOST]
Што се случува со македонците во Албанија? Имаат ли тие свои универзитети? Едвај им дозволија учебници на мајчин јазик!

Да народот е крив. Кои ја избира власта? Кои дозволува да биде манипулиран? Но, поважно прашање, до кога народот ќе го дозволува тоа?
За 5000 жители универзитет?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.000
Поени од реакции
51.182
Како што кажав тоа не можеме да го знаеме.
Порано сме биле неписмени денеска со фалш дипломи, изгледа никогаш нема да запрат етикетирањата.?
да, да, обични етикетирања се тоа...

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како што кажав тоа не можеме да го знаеме.
Порано сме биле неписмени денеска со фалш дипломи, изгледа никогаш нема да запрат етикетирањата.[DOUBLEPOST=1396550669][/DOUBLEPOST]
За 5000 жители универзитет?
Да 5000 се затоа што не ги признавате другите. Факт е дека ги прикривате малцинствата.
Па колку посто од албанците во Македонија одат на факултет? Нека се 10%.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Сме манипулирани, се сложувам, но не по наш избор. Еве жив пример сте вие како народ, жив пример на нација која се манипулира од властите веќе трета деценија, вие, народот сте криви?
Да, ние сме криви. Ние (народот) сме криви за се, никој друг. Да е до мене, балканов и америка ќе бидат новите Хирошима и Нагасаки :D
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ФОТО: „Доктор смрт“ на „Фејсбук“ се фалел со своите злосторства



Турскиот лекар Јусуф Сомнез, кого медиумите го нарекоа „доктор смрт“ и „балканскиот касап“, бидејќи им вадел органи на киднапираните Срби во Косово и Метохија во 1999 година, не само што не се кае, туку со своите злосторства се фали на сцоијалните мрежи, пишува српскиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Сомнез, по кого веќе со години Интерпол има распишано потерница, за време додека е во бегство е активен на Фејсбук, каде редовно споделува новинарски текстови за него и за неговите злосторства, во кои е означен како „доктор смрт“.





Лоциран во Амстердам

Српскиот весникот успеал да дојде и до фотографија од Сомнез, снимена неодамна. „Курир“ ексклузивно објави пред три дена дека „доктор смрт“ е лоциран во Амстердам, Холандија, по што Еулекс го „кренал Интерпол на нозе“ и холандската полиција тргнала во потрага по него. Повикувајќи се на сопствени неофицијални извори, весникот пишува дека холандската полиција го држи на око Сомнез и се очекува тој да биде уапсен во следните неколку дена, по што треба да им биде испорачан на косовските власти.

- Таму се водеше постапка против него. Тој во случајот „Медикус“, кој опфаќа нелегална трговија со човечки органи, е првообвинет, изјавил за „Курир“ неименуван извор, и дополнил дека нема никаква правна основа „доктор смрт“ да и’ биде испорачан на Турција, бидејќи таа држава и воопшто не го бара.

-Напротив, тој побегна во Турција од Јужна Африка, каде направи болница за трансплантација на органи.

Крвав до лактите

Во случајот „Медикус“, косовскиот суд осудил пет лица досега, додека на Јусуф Сомнез и на Моше Харел им се судело во отсуство. Тој бил уапсен во Истанбул, во јануари 2011 година, но по сослушувањето бил ослободен. Според исказ на заштитен сведок-соработник, Сомнез учествувал во трансплантација на органи од киднапирани Срби, Роми, и недоволно лојални Албанци. Својата дејност ја објавувал во т.т. Жолта куќа.


http://netpress.com.mk/doktor-smrt-na-fejsbuk-se-falel-so-svoite-zlostorstva/


 

Kajgana Shop

На врв Bottom