Онака, поминаа 8 месеци. Се гледаме да не претерам ама скоро секој ден.Ист си. Арогантен, висок и веројатно ја имаш истата килажа. Ама некако моите очи поинаку те гледаат. Знаеш како, дадов се, се што можам за да те направам среќен. Се дадов и самата себе за да таа проклета врска. На крај, добив раскинување. Знаеш што, ти благодарам оти ми ги отвори очите. Сега многу повеќе се ценам себе. Пред ете 8 месеци многу те форсирав. Сега главна и централна точка сум јас. Фала ти за убавите работи. Фала што направи да се градам во личност каква што сум.
А да, гледаш постои карма. Ха, за мене што збориваше а како ти се врати во поглед со новата девојка. Искрено, сакам да одите. Па да направиш разлика дали е добра како што бев јас.
А до тогаш, јас нема да ја барам среќата во ѓубрина. Ќе чекам....ако треба и долго да е. Сакам да најдам некој што е сличен како мене.