Ах бре мило, зборови напишани на некој форум не се доволни а можеби и излишни за да ти кажам што чуствувам за тебе.
Ех си спомнувам кога бев токму она што ти треба, таков каков што сум со сите мани и доблести. Кога ми велеше : Не сакам лизнати ,пицнати ,лигави . Ми треба некој токму како тебе.Дека тоа јас што ти го давам ти е најбитно, да ти бидам другар,пријател,оној на кој што се ќе му кажеш,љубовник,оној кој никогаш нема да те повреди!?
Си спонувам кога те прашав дали воопшто да се трудам ? Одговорот што ми го даде веќе го знаеш!
Иако ти беше страв дека нема да ми се допаднеш,дека нема да прифатам одредени работи и сето она што ми го кажа за себе. Те сакав токму онаква каква што си,без никаков услов ( затоа што кога некого сакаш го сакаш онаков каков што е)
Од небото до земјата те сакав, те сакав онолку колку што си совршена и несовршена. Се прифатив не ми сметаше ништо,ниту од твоето минато ниту од твојата сегашност. Без условно ти се подарив себе, целиот јас со целото мое битие. Но тоа не ти беше доволно.
Твојте насмевки ме воздигнуваа во небесата, правеа да заборавам на се.......... освен ти во тие моменти за мене не постоеше ништо друго.А и самата знаеш дека можеше со мене да бидеш среќна.
Знам,знам дека ти сметаа некој работи кај мене преку кој не можеше да преминеш,но мислам дека ти заборави преку колку работи јас преминав поради тебе, за да бидам со тебе. Посакувам на било кој да му кажеш барем 10% за себе од тоа што ми го имаш кажано мене.
Велиш дека немам ништо направено, епа малечка 9800 километри поминати 5 пати одење до москва и назад,за тебе се ништо?
Прифаќање на се без никаква осуда и предрасуда дали е ништо ?
Не, не ми е жал воопшто бидејќи секој пат што доаѓав секој момент поминат со тебе се чуствував дека го живеам животот, кратки моменти исполнети со среќа.
Сигурно се сеќаваш на сите искажани зборови на сите разговори,па и на оној дека врската и љубовта е взаемно давање и споделување,дека кога си во врска треба да возвратиш исто онолку па и повеќе од она што си го добил? Да сигурно си спомнуваш,но тоа е веќе друга тема.
Ниту нај црната тајна, што ми ја имаш кажано! Не предизвика одбивност кон тебе. Сето тоа ми беше најмалку важно и се гордеев со тебе.
Ми кажа дека не ти е доволно она што го добиваш од мене, мило тоа што јас го добив од тебе,на врв од игла ќе го собере.
Не верувам дека некој некогаш ќе те сака толку колку што јас те сакав без никаков услов и без ништо за возврат да барам ми беше доволна ти и само ти.
Еве три месеци поминаа одкако те нема одкако не си веќе моја, три месеци секој час секој миг постојано мислам на тебе.
Се измачувам самиот себе, ех да знаеш колку пати посакувам да го земам телефонот и да ти се јавам,колку ли само пати со телефонот во рака се воздржував и се воздржувам да не ти се јавам, само да знаеш колку пати те сонував колку само ми недостасуваш,колку само не можам без тебе,колку ми требаш, колку те сакам.
Еднаш ти кажав дека сум спремен се да сторам за тебе ,само ти да бидеш среќна дека твојата среќа ми е поважна од се на светов твојата среќа нема цена. Ако тоа е по цена да не бидеш моја .............. ако само ти да бидеш среќна.
Ме повреди како никој до сега,ми ги распара градиве срцево ми го скрши. Не, не го пишувам ова за да предизвикам чуство на вина,или да го добијам твое сожалување,ниту дека ме маваат кризи,едноставно сакав само да знаеш Колку ми недостигаш,како пријател,љубовник,другар Колку и да ме понижи колку и да ме навреди,јас те сакав те сакам и секогаш ќе те сакам.Колку ми недостигаш,како пријател,љубовник,другар.
Но покрај се кога се будам прва мисла си ми ти,на крајот од денот кога легнувам да спијам последна мисла си ми ти,и во соништата си тука прекрасна и мила.Колку и да пробувам да не мислам на тебе,колку и да се трудам да не те сакам,неможам едноставно тоа посилно е од мене.
Знам дека ме читаш, и ова е само да ти кажам што чувствувам за тебе.