Џ
ЏинЏер
Гостин
Прва мисла што ми помина низ глава кога се разбудив сабајле беше „Еј, роденден му е денес, ќе му пишам да му честитам“. Фино лепо, скоцкав две реченици и кога требаше да ја пратам пораката, сфатив дека не ми текнува кој ти е бројот. Јас, што уште го памтам бројот на првиот симпатија, на наставничката по математика од основно, на Министерството за образование и наука, на омилената пицерија која ја затворија пред неколку години, не успеав со сигурност да се сетам на бројот на човекот со кој поминав четири години од мојот живот.
Прв пат после скоро година дена, ме фати некоја носталгија по тебе. И покрај сите глупости што се издешаваа на крајот, и покрај се што направивме и си кажавме еден на друг, не можам да негирам дека (голем дел од) времето поминато со тебе ми беше еден од најубавите периоди во животот. Имавме идилична љубов. Штета што дозволивме да згасне.
Не можев да одолеам да ги прочитам последните постови што ти ги имам посветено низ темиве. Едниот од август, другиот од јануари. Многу пати пробав да сфатам кога точно измеѓу овие две точки, работите тргнаа надолу, но не успеав. И не, во ниеден момент не се покајав што ставивме крај. Уште стојам на тоа дека беше најдобрата и најпаметната одлука што можевме да ја донесеме, ама не можам да не се запрашам дали некогаш, било кога, ќе најдам некој со кого ќе имам нешто барем приближно толку посебно како она што го имав со тебе. Те сакав. Вистински те сакав.
Ме боли денов.
Среќен роденден.