Најверојатно немам ништо посебно да ти кажам,сето она што требаше да биде кажано,беше кажано.Многу добро знаеш дека постојат два датуми во годината од кои сега едниот е за брзо време на кој ќе се видиме,со или без наша воља барем така ќе биде уште некоја година.
Го разлистував календарот па се сетив,верувај нема друга посебна причина зошто би се сетила на тебе сепак помина долг период.
Колку што добро се сеќавам последниот пат кога се видовме пред околу 2 месеци имавме доста добар разговор најголем дел за твојата ракометарска кариера и тогаш увидов иако тоа беше една од причините зошто се одлучивме да прекинеме ние сепак никогаш не сме се мразеле.Отсекогаш знаеше дека од мене ќе добиваш најдобронамерни совети без разлика што и да се случи меѓу нас.Покрај солидниот разговор за првпат се уверив дека навистина те имам преболено,тоа било тогаш и никогаш повеќе,затоа што немам камен срце пак да поминувам низ се исто да се докажувам и сама себе да се обвинувам.Мислам дека добро ме процени,имавме една шанса,ја искористивме и завршивме.
Ти си сепак добар човек,знај дека никогаш за ништо нема да те обвинувам во врска со мене и тебе,нели ''нас'' не постои веќе,неможам целата вина да ја префрлам на тебе,во врска бевме двајца, и не чуствувам вина и не се каам поради донесените одлуки,се ослободив од минатото,сега сме овде во сегашноста.
Деновите си поминуваат,за брзо време ќе се видиме моја стара преболена љубов,имај убав и долг живот