Порака до бившите

Мртво Мече

like father like son
Член од
18 јуни 2015
Мислења
5
Поени од реакции
24
15.12.2012 † 13.06.2015

Ми требаа ебани два месеца откако почнавме да контактираме поинтензивно за да се решам да ти предложам да избегаме од нашите градови во Скопје. Срцето ми се кинеше кога гледав како се понашаат твоите спрема тебе, како ќе грабнеше ранец на рамо и кружиш по град без никаква цел.

Не те сакав кога почнавме да живееме заедно, само ми се допаѓаше. Лага е да речеш дека сакаш некој, а да имаш претходно поминато само неколку дена заедно. Љубовта не е оној занес кој го осеќаш на почеток... за тоа треба пожртвуваност и еден куп откажувања. Но во тебе гледав цел еден свет, еден млад човек полн со разбирање, амбиции, знаење, нежност. И покрај твојата младост, тешкиот живот те имаше направено возрасен прерано.

Во сред зима, една недела акав по улиците на Скопје за да најдам стан каде би живееле; бев спремен да прифатам и некоја од мувлосаните дупки во Маџир Маало. Ми требаше уште еден месец за да најдам работа за двајцата - не дека беше нешто платена, ама ни беше доволна за основното.

Со тек на време и те засакав. Со љубов ти помагав околу последните испити. Немавме машина за перење во гарсоњерата, на раце ти ги перев алиштата.

Те прифатив таков каков што си и за нас имав големи планови. Ах, да не бев само толку проклето баксузен, па да го земев бугарскиот пасош уште тоа лето... Ах...

Се враќав од не знам какво интервју за работа, кога ми се јави по телефон за да ми кажеш дека си извлечен за зелена карта за Америка. Остар нож од страв ме пресече на половина, на 50 степени ме изби ладна пот.

Вчера наврши точно една година откако те нема.
До септември лани некако како да не сфаќав што се случува. Ми се чинеше лага дека си 12.000 миљи далеку. Со треперење на целото тело те чекав да се вратиш од работа за да те видам на скајп. Станував во четири сабајле да ти посакам лека ноќ...

Кога ми кажа за Роберт, не осетив никаква закана по нас. Американски хомосексуалец во години, изгледаше симпатично на сликите покрај својот сопруг. Неговиот предлог да нѝ помогне со гарантно писмо - ми изгледаше како ебана неверојатна среќа во целиот тој хаос и неизвесност.

И тука започна крајот.
Роденденот во октомври ти го пропуштив бидејќи „преку зима слабо има работа“. Новата Година ја преспав дома, бидејќи Роберт и Ромуло штотуку го напуштиле Источниот Брег и заминале во Сан Франциско заради обврски. Но ти секако ќе разговараш со нив одма штом ќе се вратат.

Во меѓувреме, ти често наминуваше во нивниот раскошен дом, седеше на вечери во нивната градина, опкружена со безброј запалени свеќи, пиеше вино и се возеше во нивниот луксузен мерцедес.

И сѐ некако ти беше незгодно да ги прашаш за помошта што он самоиницијативно ја понуди. Кога црвот на сомнежот почна да јаде и караниците станаа неподносливи, се обидов, верувај се обидов... Неколку пати ти поставував прашања кои можеа да ги решат сите проблеми. Сите. Ти на ниту едно не ми одговори.

Зошто мече?
Зошто...

Јас повеќе немам прашања. Ти ми остави простор сам да си ги одговорам, колку и да не се точни, за мене одговорите се вистинити.
Твојата позиција како проект-менаџер во фирмата ќе биде загрозена ако се дознае дека си геј. Ти тоа во никој случај не би си го дозволил.
Роберт те има советувано да не избрзуваш со брак и слични монотони работи. Америка е пред тебе, има многу што да пробаш пред тоа.
На скајп немаш слика од себе бидејќи запознаваш нови геј луѓе.
На фејсбук немам пристап до твојата листа на пријатели бидејќи имаш додадено еден куп педерчиња.
И статусот за врска ти е скриен од мене. Можеби некои гледаат сингл. Можеби си во врска со некој.

Две ипол години те молев да ги оставиш цигарите. За времето додека си таму, имаш потрошено преку 3000 долари за ''Marlboro special blend, please'' Се сеќаваш да се имаш откажано барем од една кутија за да ми ја пратиш мемориската картичка за мобилниот што ми ја вети пред 10 месеци?

3000 долари само за цигари. И илјадници други потрошени на шетања во Чикаго, Бостон, Пенсилванија, плажи на брегот, кампувања по езера, теретани и сауни... Се сеќаваш барем еднаш да ми имаш кажано „Сакам да си тука сега, со мене, заедно да го правиме ова“?

Повеќе не ти верувам ништо. Знам колку лесно се доаѓа до секс таму. Со едно пребарување на креглист може да се добие убава слика за тоа. „Анонимен секс, влези без зборење, клекни, испуши ми го и замини си“. 15 минути од денот. А ти го имаше секој ден од 6 попладне до легнување, време за кое јас не знаев ништо како го поминуваш. Сега не ме ни интересира.

Твојот последен предлог да чекам уште 4 години до твоето државјанство, по што би можеле да склучиме брак и да одиме каде сакаме, изгледа фантастично глуп. Јас на овие години размислувам за деца и некој со кој ќе споделувам утра, како оние кога со кафе и тост те будев.

Ти посакувам со парите да си купиш многу, многу среќа и љубов.

Твоето мече.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
,Znaes li kade se koristi terminot ,,TUNEL,,?A, da, I mnogu go ljubim Tetovo;)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Имавме една врска што не беше врска, не си прозборевме не се допревме, се чувствувавме - понекогаш си пишувавме

Незнам дали ти е местото овде ама ќе се обидам да ти оставам порака
Ме најде на кајгана?
Кајгана е местото кај што одмарам од секојдневие, губам по некој ден на расправии со атеистите... не се поинтересни од тебе
Ако ми пишиш од некој лажен профил, знајш дека те препознавам, знајш дека не можам да не влезам во твојот филм само за да чујам уште еден збор од тебе
Ама тоа ме исцрпува - престани! Сурово е да се преправаш дека си жена ти. Сакаш да ми донесиш грижа на совест? Немам грижа на совест со ништо не и наштетив. И како избриша цел профил сосе мислења леба ти?
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940

Песнава мочана ја немав слушнато од кога прекинавме. Можеби најмногу еднаш или два пати и тоа затоа што ми излегла на youtube.

Сум многу по драмите како човек, ама мислам дека буквално ми застана здивот на момент. Тоа најверојатно од сите тие спомени што почнаа да ми удараат шамари многу наеднаш.
Се памтам од мене и од тебе, малку од нас и ништо од нас потоа. Се памтам и многу чувствувам. Ама никогаш нема да дознаеш. Никогаш. Колку ми значеше, колку ми значиш, колку никогаш нема да те заборавам, колку никогаш нема да престанам да мислам дека јас и ти, да бевме јас и ти во друго време и на друго место, ќе бевме безвременски.

Не познавам двајца луѓе кои се толку компатибилни еден за друг, толку створени еден за друг и совршено да се поклопуваат како прстите на рацете кога се спојуваат. И никогаш нема да запознаам. Ќе си седиш простум во моите мисли, ќе те вадам надвор на површината привремено, да земиш воздух и пак ќе те вратам назад. Ќе живеам можеби смирен, можеби не таков живот, но никогаш нема да дојде ден кога ќе се прашам себеси за твојата важност во мојот живот.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
"Не, морам да те гушнам."

Не, не мораш. Ништо не мораш. Толку сум ти лута и тебе и на себеси. Ми се иде да се прободам, да си извадам срцево и таа совеста ако можам да ја најдам и да ги закопам во некој крај кај шо ни јас не ќе знам каде се.

Зошто не остави цела вечер да помине без ништо кажано? Зошто не остави? Се немаме видено година и пол, можеше да оставиш да се помине без збор. Ама не. Јас сум се правела важна, шо имал тој да ми праи муабет, тој се праи важен, шо па јас има да одам да му почнувам муабет и така. Инатот си го направи своето.

И се ќе беше супер. Ќе си отидев дома со помислата дека си одвратно ѓубре и сосема е во ред шо не напраивме муабет и ќе беше избришен.

И ти мораше на крајот, пред да се разбегаме сите да ја кажиш таа првата реченица тука што ја пишав. На мајка ти пичката.

Сам една работа си докажавме со овоа - на ниту еден не му е сеедно, бидејќи ако му беше било кој ќе го скршеше мразот.
А тоа е онаа од која најмногу се плашев. Во колената ти ја осетив гушката, горев одвнатре. Органите си ги чувствував како ми испаруваат, станав многу свесна за недостатокот на воздух. Само ти можеш тоа да го предизвикаш кај мене. Никој друг нема толкава моќ врз мене. Донеси ми 200 луѓе сега, кажи ми дека треба да држам говор за 3 минути, можеби ќе ми се заврти јазикот, можеби ќе се испотам малку, ама после 5, 10 минути ќе се соберам.

Од тебе, никогаш нема да се соберам. Само се одземам од себеси.
Те мразам и тебе и себеси и проклетата 2011та кога те запознав.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Милион години немав ни помислено на тебе. Скоро и да имав заборавено дека постоиш. Веројатно уште долго немаше да ми прошеташ низ мислите, ако денес по толку години не ми излезеше пред очи. Насмеан, со поглед кој зрачи самодоверба, како и секогаш. И мене, како и секогаш кога ќе те видев, ми затреперија колената и скроз се збунив. И после толку години го имаш тој ефект врз мене, иако веќе одамна не сум тоа наивно дете кое беше лудо по тебе.
Пробав да се сетам како и зошто се разделивме. Не успеав. Веројатно затоа што јас и ти официјално никогаш и не ставивме крај. Едноставно секој од нас постепено избледе од животот на другиот.
Годините не те промениле многу. Веднаш прашање:
- А ова ти е дечкото?
- Не, колега ми е
- А дечкото кај е?
- Не постои.
- Епа, ај барај ме кога ќе си послободна за кафе.
- Важи, обавено ќе се видиме.
- Ама немој да заборавиш, ако те снема тебе јас ќе те барам.
- Никако, никако.
Важи. Обавезно. А и двајцата знаеме дека ниту јас ќе те побарам, ниту пак тебе ќе ти текне дека си ми рекол да те побарам. Битно го испочитувавме протоколот.
Не знам ни зошто го пишувам ова. Онака, убаво ми дојде што те видов. Ме потсети на многу работи. Се потсетив на тоа што бев тогаш, а што сум сега. И нека се гонат у три лепе оние што викаат дека воопшто не сум се сменила низ годиниве. Фала ти што беше дел од моето созревање.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Еј.. Те имав скоро цел мој студентски живот. Четири години од мојот живот беа твои, ама мислам дека е сосем доволно. Нема ништо останато од тоа што бевме ние.
Ја нема нашата клупа, видов вчера, мојата соба е непрепознатлива после две години. Ти си непрепознатлив после две години, а фала Богу и јас сум. Ако останев исто, ти уште ќе можеше да си играш курот со мене. Сега само со мислите понекогаш ми играш курот, ама знам дека ќе дојде ден кога ќе кажам ех, од кога ми нема текнато на него.

Нема нешто што не памтам од нас двајцата. Ама мислам дека до тука било. Нема да те заборавам. Не можам пичка ти мајчина. Само неколку денови сме разлика во родендените, автоматски ми стана асоцијација. Ама тоа уште годинава ќе е. Доста е само од роденден на роденден да се читаме или слушаме. Подобро никогаш повеќе.

Цела среќа на светов ти ја посакувам. Се надевам дека ќе ја најдеш онаа што ја бараше во сите тие стотици жени со кои повели телесни течности и дека ќе те усреќи. Јас те имав на некое време, но никогаш не беше мој. Стани нечиј друг.

Не секој се заборава, ама без секој се може. Ти си моето се може. Збогум.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Ова утро се разбудив мислејќи на тебе. Седам и се критикувам ,,ако ти е, кога не знаеш да се поставиш како мажиште, кога тагуваш со месеци и години за една." А таа една си ти. Имам некое чудно трпение, да ги нејќам и другите и самиот себе, а ти никогаш да не си во таа листа. Се чувствувам како моите витални органи умираат за тебе, ама овој пат горат со послаб пламен, ме цедиш, без милост...

Сакам само да си пуштам некоја песна од Металика или добра балада, да ја доживеам целата болка и да го убрзам заборавот... се надевам дека тоа е можно. Сакам да почувствуваш само 1% од она што јас го имам почувствувано за тебе... пусто да е егото и неговите желби. Во ова писмо нема да демантирам со тебе, нека остане вака... и така на крај ти би била во право, знаејќи се освен да сакаш, имајќи одговор на се освен на ,,те сакам"

 

Kajgana Shop

На врв Bottom