Гледам дека имаш знаење во одредени сфери, т.е. не си просечен корисник кој го користи компјутерот само за фејсбук и сурфање, ама од друга страна...
Не ми е јасно т.е. ме чуди како човек со релативно добро познавање како тебе досега не дознал дека користењето на 2 антивируси не помага во заштитата, него одмага, двата ејнџина надгледуваат исти процеси/данлоуди/заразени страни/скрипити и слично, тука доаѓа до конфликт и наместо да бидеш подобро заштитен, ти си повеќе изложен на евентуална зараза.
--- надополнето ---
Ако го сакаш тоа, тогаш освем Нортон, Касперски и Комодо друго решение нема, овие 3 се најкомплетните антивирусни решенија на пазарот, поготово Internet Security верзиите.
Бате... Затоа постои olly dbg.... Како што веќе реков... со малку повеќе интелегенција се се средува...
1) Од авирата ги користам сите функции освен Guard-от зошто знам дека највеќе внимание програмерите посветија на firewall-от, Web-Guard-от и Mail-Guard-от. ~ се останато ми е заштитено од касперскиот
2) Со малку повеќе сурфање, ќе ги откриеш слабите точки и ќе можеш, слободно без никаков проблем да ја наместиш границата на двата антивируса (со помош на olly dbg како што веќе наведов)
3) Никогаш не слушај другите што ти зборат... Седни, посурфај, размисли... И да знаеш дека се е можно кога имаш силна желба тоа да го направиш...
П.С. Со моите 17 години сите овие работи сум ги поминал и испробал... Не зошто сум морал, не зошто другите ми го "тупеле" ("Немој да го инсталираш ќе ти кочи", "Немој вака, прај така"), итн... Туку, едноставно... Ме интересира и имам желба сите мои знаења да ги пренесам на другите....
Кога ќе видиш, поискусен “компјутерџија“ доволен му е било каков анти вирус, колку да штити од нешто, а од другите штетници самиот корисник ќе си знае како да се заштити т.е. како да не дојде до непотребни вируси/црви/зарази/адвери/спајвери....
Пример, јас ВО ЖИВОТОВ на мојот РС не сум имал нити вирус нити адвер/спајвер нити нешто ОСВЕН кога намерно не сум се изложувал на такви работи, за да видам како можам сам да ги средам, без антивируси и чуда.
На времето кога имав ептен тапа РС, немав никаков антивирус или нешто слично, зашто ми се кочеше у пм... Не е се до антивирусните заштити.
Зошто да ризикувам?
Си слушнал за вирусот
Зевс? (~ тројански коњ)
Си слушнал за новата верзија од страриот опасен вирус
Jerusalem?
Не е потребно многу мака овие вируси да навлезат и во твојот компјутер...
Многу е глупо кога сите едно исто размислуваат "Вируси ќе имаш, ако сурфаш на несигурни страни, ако отвараш порно страни, ако симнуваш несигурни фајлови..."
Не е точно... Вие со самото конектирање на интернет сте изложени на милион опасности....
Се надевам дека ме разбирате...
Значи имав АВАСТ, го скенирам PC-то и покажува дека најде вирус и те прашува: Virus is found!!! Do You want to delete?? Стискаш Yes и после ти вика дека успешно е избришан вирусот, за нецели 3 секунди истото се случува (што е најтрагично иста е и локацијата на вирусот)....Ова како ке ми го објасниш?
Тоа ти е карактеристика на појаките вируси...
Едноставно решение: Стартувај го пц-то во safe mode и рачно избриши го фајлот кој е што е заразен... (немој да се плашиш... На вирусот му е потребен фајл за да може да се залепи на него - се проширува вирусот ако тој фајл (заразениот) се активира, а додека на црвот му е потребно само 1 - 100kb од твојата меморија...)
--- надополнето ---
Ако твојот пц е заразен со вирус - многу лесно ќе можеш да го тргнеш, но ако ти е заразен со црв може милион проблеми да ти направи... Најлош проблем што може да те снајде е црвот да има способност да прави илузии (Се наоѓа на некој дел од твојата меморија, креира свои лажни вируси кои ќе се залепат на некои потребни фајлови од windows-от и кои ќе бидат привидно откриени од страна на твојот антивирус и избришани - што нормално ќе ти направи голем проблем)
Да потенцирам:
Вирус (кај човекот): Потребен е некој орган за да може тој вирус да навлезе во организмот.
Вирус (во компјутер): Потребен е фајл за да може вирусот да се активира/инсталира.
Црв (кај човекот ~ паразит): Потребно е само еден мал простор/дел од твојот организам за да може да опстојува.
Црв (во компјутер): потребно е одредена меморија од твојот HDD....
Поздрав