Мислев да постирам во темата прашања, проблеми...но, ова ми се чини како малку покомплициран проблем..
Имено, почна од завчера (или вчера мислам дека беше) да ми прави вака...Ја играв NFS Carbon и после некое време почна УЖАСНО да сецка што дури едвај излегов...
Кога излегов, оставив лаптопот малце да се одмори на idle (али не го преклопив) и гледам све се врати во нормала...
Денес, на жештинава што се случи:
1) Почнаа HD (720p, недајбоже 1080) видеата на јутуб да сецкаат со било кој browser, ужасно да сецкаат едвај пауза да стиснеш. Истото го прави со Full HD видеата кои ќе се симнат на компјутер. Порано ова не го правеше. Исчистив кеш, колачиња и се' останато со CCleaner, рестартирав и пак истата песна...
2) Одеднаш не сакаше да се поврзе на ниту една WiFi мрежа, рестарт го спаси.
3) Некако побрзо прелистува низ фолдерите сега, али кога ќе пуштам некоја апликација почнува поспоро да ја работи (пример FL Studio покасно прави Playback одкога ќе стиснам space, или на фотошоп маусот многу ќе засецка на моменти). Повторувам - ова не го правеше порано.
Дали мислите дека со форматирање ќе се реши проблемот, или ова е нешто друго (температура, хардверски проблем..)?