Вака . Татко ми купи само ќуќиште од ривесофт , конфигурацијата чини 10000 денари . земав да го проверам и две работи ми паднаа во око .
1. ми излезе авира известување дека не бил апдејтуван повеќе од 7 дена , а јас го користев на самиот ден кога го донесоа значи .
2. најдов фолдер ИГРИ во кој имасе 24 шортката од игри , кои не беа инсталирани .
е сега , одма ми дојде на ум дека подметнат ни е користен компјутер , ради овие 2 огромни знака . мое мислење е дека ги деинсталирале игрите , а заборавиле шорткатовите да ги избришат.
на компјутерот нажалост му беше распипано и излезот кај се оклучува звучникот , па го носевме сега на сервис , и откако го направија , дечкото што го донесе го прашав за овој фолдер ИГРИ и ми сврте (глуп) филм као демек деца купуваат од кај нас , па ги ставаат од кај нас овие што работат , бла-бла . Тропаше глупости , сврте дека имал сериски број компјутерот не знам што , можело да се провери .за минута фати магла , имал работа наводно .
сега ми текна , отидов пропертис на фолдерот Игри и пишува Date Created 25 септември 2010 .
Истата дата ја дава и на Program Files , Documents & Settings и Windows .
Дали всушност ги фатив и некој ќе лета од работа ?