Разгледав (колку што можев), не најдов за мојот проблем (за конкретниот процесор). Имам dualcore amd athlon 64 x2 2400 процесор на матична Asus M2N-SLI. Ме загрижува температурата на процесорот. Во неактивна состојба е 60-65 степени (толку покажува и во Биосот), а кога работеше convertxtodvd, при конверзија качи накај 90 степени-сигурно ќе идеше накај 100. Ова го мерев со Еверест, претходно со HWmonitor измерив 100-103 степени температура на процесор. Број на вртежи на вентилаторот е 3300 при неактивност, а при оптеретување околку 4500. Температура на матична е 32-35. Не е оверклокувана, ништо не е чепкано, само со правосмукалка е одвреме навреме дувана прашината.
Дали му е време за нов кулер или макар смена на паста? И во кој сервис би можел ова да направам?