Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Српски се. Е сеа дали рамките готови ги добиваат од Кина или ги заваруваат во Србија не знам.
Во Европа ретко кој произведува рамки освен италијаните што прават за нивни скапи роудаши,германскиот Focus и полската фирма Romet чиј увозник е outdoor додека останатите претежно зимаат по нарачка од Кина и после само склопуваат слично како што прават фирмите со компјутерските делови.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Дали 28ца рам е иста димензија и за машки и за женски велосипед или како?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Дали 28ца рам е иста димензија и за машки и за женски велосипед или како?
Големината на тркалото е една величина како на пример 16,20,24,26,28 и важи и за машки и за женски велосипед додека за секој тип постојат димензии од S па до XL во зависност од висината на човекот.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
сакам да купам велосипед, онака рекреативно да го возам 2-3 пати во неделата. немам поима ни од велосипеди ни од ништо со нив поврзано, последен пат возев пред 20 години. да ми каже некој на што да обратам внимание при купување? значи онака општо, не ми требаат професионални совети. да е лесен ми е битно итн... што знам, кочница со диск сум слушнал дека има сега и е подобра, големина на рам М да биле (немам поима што знали тоа) такви работи.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305

Важно е да знаеш кај сакаш да возиш т.е. за каде ти треба. Врз основа на тоа ќе видиш што квалитет ти треба. Пример јас возам точак 2 пати секој работен ден 30 години. Порано на училиште, сега на работа. Истиот точак 30 години, обичен градски со обични кочници без дискови. 18 брзини. Така што има и дискови и 100 тракатанци изуми, ама не се замарај и не плаќај тоа што не ти треба.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.229
Здраво дечки, прв пат доаѓам тука. Сакам да си земам точак, желбата ја имам, парите ги имам, али го немам знаењето па ми е потребна ваша помош. Направив некој research и после некаква консултација со другари и познаници дојдов до овие 4-5 точаци, па ми треба и ваше мислење за конечно да донесам одлука.
Точакот планирам да го користам освен како превозно средство до работа и за возење на тури (отприлика по 40-50 километри на почеток).
Не мора да е на ново точакот и не мора да бидат стрикно овие точаци, буџетот ми е од 450-500 евра, така да ако мислите дека може да се најде подобар за таа цена ве молам предложете.

Цена - 28.990 денари
Изглед:
2014600_2017_A_2_MARLIN_5.jpg

Опрема:
Untitled123.png

Цена - 27.900 денари

Изглед:
hex-7.jpg

Опрема:
Untitled321.png

Цена - 28.710 денари

Изглед:
problackblue-1200x1200.jpg

Опрема:
Untitled231.png

Цена - 31.000 денари

Изглед:
LEVEL-3.0.jpg

Опрема:
312.png

А постои и оваа опција, со тоа што за петиов точак ќе треба да почекам малце бидејќи сеуште го немаат во продавница.

Цена - 31.000 денари

Изглед:
2020-ROCKHOPPER-29.jpg

Опрема:
Untitled34354.png
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
@ob1 со парите кој ги имаш провери си циклоберза кај србите и види што се нуди. Се што стави погоре е со ентри левел опрема а како втора рака т.е. користен можеш да најдеш поголем квалитет.
Совет да појдеш (кога ќе отворат граници ако не ти се брза) да го видиш точакот да провериш оштетувања и функционалност итн итн.
Преку граница можеш да пренесеш роба во вредност од 350 евра без царина за повеќе само да се договориш со продавачот максимумот да ти биде тој и да тераш.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
145
Поени од реакции
147
@ob1 Се согласувам со советов од Hellsing,но ако неможеш да земеш од србите, мој совет е да не ги земаш Trekot и Specializedot
зошто се со механички кочници, за тие пари барај барем хидраулика
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.098
@ob1 со парите кој ги имаш провери си циклоберза кај србите и види што се нуди. Се што стави погоре е со ентри левел опрема а како втора рака т.е. користен можеш да најдеш поголем квалитет.
Совет да појдеш (кога ќе отворат граници ако не ти се брза) да го видиш точакот да провериш оштетувања и функционалност итн итн.
Преку граница можеш да пренесеш роба во вредност од 350 евра без царина за повеќе само да се договориш со продавачот максимумот да ти биде тој и да тераш.
Како можам да докажам дека е купен за 350 евра? Сакам да купам точак од поблиски места и да одам со автобус до таму, а потоа преку граница да го пренесам (не ми се пренесува преку Табановце, мрчат многу цариниците се им ебам).
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
За овие пари има да земе гром половен точак. Нека види кај Васко ако уште продава велосипеди.

Чисто за споредба да види што јас сум зел половен за 30 000, пред 3год. Велосипедот немаше гребатинка, како нов, дали воопшто се имал некој качено на него.

TECHNOLOGIES
Rock Shox PopLoc hardtail aluminum (wheels 29" drive 3x10
VERSIONS
two colors
WEIGHT
12.6 kg
FRAME Canyon Grand Canyon AL
FORK RockShox 30 Gold TK 29 100mm
DRIVE
FRONT DERAILLEUR Shimano SLX
REAR DERAILLEUR Shimano Deore XT
CRANK MECHANISM Shimano octalink 40 | 30 22 teeth
SADDLE Shimano Deore
CASSETTE Shimano Deore, 10 gears
CHAIN KMC X10-93
PEDALS VP Components Flatpedal plus
WHEELS
HOOPS Alex MD21
TIRES Continental X-King SL 2.2
CONTROL
SHIFTERS Shimano SLX
FRONT BRAKE Shimano BR-M396 hydraulic 180mm
REAR BRAKE Shimano BR-M396 hydraulic 160mm
STEERING WHEEL Iridium \ 3 - 0 \ Flatbar
GRIPS Canyon Bracelets
BRIDGE Iridium \ 3 - 0 \
HEADSET FSA
SADDLE Iridium \ 3 - 0 \
SADDLE BRACKET Iridium \ 3 - 0 \

received_1791458620933163.png
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Како можам да докажам дека е купен за 350 евра? Сакам да купам точак од поблиски места и да одам со автобус до таму, а потоа преку граница да го пренесам (не ми се пренесува преку Табановце, мрчат многу цариниците се им ебам).
Со возење ќе си го донесеш.Многу пати сум бил во Врање со точак и имам правено муабет со Бојан дилерот за Capriolo за тој град и ми кажа дека доста луѓе купувале точаци кај него бидејки им давал документ за поврат на ДДВ на граница и на наредно враќање си ги зимале парите од кај него во дуќан.А што се однесува до роба над 350 евра се договараш со неколку луѓе кои ќе прават тура до таму.Најпрво се договараш со трговецот дека ќе одиш да пазариш и вадиш карта во еден правец.Со останатите се наоѓате на автобуската и до кај него имаш пешки максимум 15 минути.Го зимаш точакот и ќе си тргнеш возејки со останатите до Скопје.Малку ќе го извалкаш да има барем делумна прашина на него и кај србите ќе го пријавиш.Нашите не правеле никаков проблем кога ќе видат бајкерска група на граница, прашуваат до каде возеле,ги легитимираат со лични карти и готово.Само сега со пандемијава тоа е невозможно поради тестовите за корона вирус што ги бараат не постари од 72 часа и 14 дневен карантин.
 
T

Torchyrus

Гостин
Ќе ве молам за предлог велосипед од околу 15 000 денари, ако може да се најде некој добар за тие пари.
Планирам да го возам на отворен пат.
Веројатно треба да биде со најголем рам, бидејќи сум прилично крупен човек, скоро 190цм и 90 и некое кило, а моментално можда и накај 100 :ROFLMAO:
Така да право време е за бајкинг :D
Пред 3 лета почнав да возам со првиот брзинец во мојот живот, ни Б од брзини немаше, и требаше да вртиш педали со прдење, крш точак стар скоро 15 години.
Почнав со 5 км на едно возење, за кратко достигнав и до 50км.
Така да сега сакам повторно да правам и поголеми зафати, ама прво ми треба да одберам некој за тие финансии, помошта е добредојдена.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.098
Ќе ве молам за предлог велосипед од околу 15 000 денари, ако може да се најде некој добар за тие пари.
Планирам да го возам на отворен пат.
Веројатно треба да биде со најголем рам, бидејќи сум прилично крупен човек, скоро 190цм и 90 и некое кило, а моментално можда и накај 100 :ROFLMAO:
Така да право време е за бајкинг :D
Пред 3 лета почнав да возам со првиот брзинец во мојот живот, ни Б од менување брзини немаше, и требаше да вртиш педали со прдење, крш точак стар скоро 15 години.
Почнав со 5 км на едно возење, за кратко достигнав и до 50км.
Така да сега сакам повторно да правам и поголеми зафати, ама прво ми треба да одберам некој за тие финансии, помошта е добредојдена.
Види што ке ти понудат дечкиве тука, а пробај прашај и на оваа страница на фб. Барај рам XL и големина на гуми 29. И би ти предложил исто така МТБ да бараш. Ако планираш подалеку од град да го возиш.

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Здраво дечки, прв пат доаѓам тука. Сакам да си земам точак, желбата ја имам, парите ги имам, али го немам знаењето па ми е потребна ваша помош. Направив некој research и после некаква консултација со другари и познаници дојдов до овие 4-5 точаци, па ми треба и ваше мислење за конечно да донесам одлука.
Точакот планирам да го користам освен како превозно средство до работа и за возење на тури (отприлика по 40-50 километри на почеток).
Не мора да е на ново точакот и не мора да бидат стрикно овие точаци, буџетот ми е од 450-500 евра, така да ако мислите дека може да се најде подобар за таа цена ве молам предложете.

А постои и оваа опција, со тоа што за петиов точак ќе треба да почекам малце бидејќи сеуште го немаат во продавница.

Од овие 5 бирај еден од двата модела на KROSS.Ми се чини дека поевтиниот има за нијанса подобра опрема од поскапиот али за секој случај во продавница ќе прашаш зошто е така.
Автоматски споено мислење:

Ќе ве молам за предлог велосипед од околу 15 000 денари, ако може да се најде некој добар за тие пари.
Планирам да го возам на отворен пат.
Веројатно треба да биде со најголем рам, бидејќи сум прилично крупен човек, скоро 190цм и 90 и некое кило, а моментално можда и накај 100 :ROFLMAO:
Така да право време е за бајкинг :D
Пред 3 лета почнав да возам со првиот брзинец во мојот живот, ни Б од брзини немаше, и требаше да вртиш педали со прдење, крш точак стар скоро 15 години.
Почнав со 5 км на едно возење, за кратко достигнав и до 50км.
Така да сега сакам повторно да правам и поголеми зафати, ама прво ми треба да одберам некој за тие финансии, помошта е добредојдена.
За поголеми тури 15000 денари нов велосипед е сума народски кажано со која си ни на небо ни на земја бидејки безмалку со таква опрема имаш за 150 евра нов а квалитетен со добар амортизер од 300 евра па нагоре.Не е толку проблемот во ефтината опрема колку што е проблемот во ограниченоста за качување на угорници над 7% поради предниот погон кој во таа класа најчесто има најмалиот запчаник 28 запци и позади на касетата 28 што за 29 тркало е ограничување додека за 26 тркало поминува.Мислам дека си требал порано да купиш за да го фатиш рокот за субвенциите што ги даваат општините од 3000 денари.Вака можностите ти се многу помали.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom