Ќе ве молам за предлог велосипед од околу 15 000 денари, ако може да се најде некој добар за тие пари.
Планирам да го возам на отворен пат.
Веројатно треба да биде со најголем рам, бидејќи сум прилично крупен човек, скоро 190цм и 90 и некое кило, а моментално можда и накај 100
Така да право време е за бајкинг
Пред 3 лета почнав да возам со првиот брзинец во мојот живот, ни Б од менување брзини немаше, и требаше да вртиш педали со прдење, крш точак стар скоро 15 години.
Почнав со 5 км на едно возење, за кратко достигнав и до 50км.
Така да сега сакам повторно да правам и поголеми зафати, ама прво ми треба да одберам некој за тие финансии, помошта е добредојдена.