Една фамилија имаше, татко мајка и две ќерки. Ќерката некој ќе ја киднапира. Ќе испадне дека тој што ја киднапирал бил некое време градинар во куќата па затоа имал кључ и така влегол. Уствари тој киднаперот беше некоја си секта ли којзнае што, стар таков забраден и запуштен ко просјак мсилиш, со жена му и со едно дете мислам, и заедно со киднапираново девојче шетаа низ државата. Знам еднаш ќе се начука тој стариот во црква, ќе го фатат, али ќе се извади некако. Па после цел град од фамилијата ќе ја бара ќеркава, и на крај еден полицаец ќе ја забележи, али нема да може да направи ништо освен ако оваа не си каже лично дека е киднапирана, пошто она најнормално си шета со нив, не ја држат затворена или нешто. Па на ќеркава страв ќе и биде али ќе се согласи, ќе избега некако и ќе ја спасат.