Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
11.113
Поени од реакции
12.691
Како тоа биле оставени да банкротираат, иако имале се? Да не беа случајно раководени од неспособни луѓе поставени од државата? Да не имале премногу вработени, да не имале акумулирани загуби итн итн.
Новокомпонираните држави, имаа ли пари за да продолжат фабриките да работат... за способност знаеме дека не биле способни, па и да имале пари, до кога ќе ги пуштале во дупка без дно?
Очигледно не сакаш или не правиш разлика, дека секој социјалистички систем преминува во олигархија, а не капитализам.
Јас го употребив изразот шок терапија, а не капитализам.

Има бројни примери за успешна транзиција од социјализам кон капитализам или барем кон делумен капитализам, како на пример Чешка и Словенија, каде што или не беа приватизирани сите државни компании, или беа контролирано и постепено приватизирани, а не фрлени на буништето на олигарсите.

Кога сме кај олигархијата, истата е производ на политичарите кои дојдоа на власт после распаѓањето на социјалистичките режими во источна Европа, а западот само им потпомогна - што не значи дека е главен виновник - во создавањето на олигарсите. Сепак не смее да се заборави дека ЦИА активно ја помагаше кампањата за реизбор на Борис Јелцин во Русија во 1996 година.

Сам си правиш тврдења и заклучоци кои не одговараат на реалноста. Реакцијата на владата на САД во 2008, е доказ дека ни таму веќе нема капитализам, идат кон пропаст, но бидејќи се империја, последни ќе го јадат стапот, но дефинитвно ќе го јадат и веќе е се поочигледно.
Да си жив и здрав, тоа и ми беше поентата, само што повеќе се фокусирав на западњачкото лицемерие. Сепак станува збор за држави кои се крстат во капитализмот како да е нивна економско-политичка религија, додека во пракса практикуваат олигархиски квазисоцијализам.

Еве да речеме на запад има капитализам и не чини, што ги спречило источните држави да се развијат т.е. да создадат поубави услови за живот? Ако одговорот ти е западот, тогаш успат објасни како западот успеал да е помоќен од истокот, кога нит ресурси има, ниту нивните системи, ниту владетели не биле на некое високо интелектуално ниво.

Повторно сам си тврдиш нешто што не постои, односно западните држави одамна не практикуваат капитализам, а ти (и многу други) овој систем го сметате за капитализам.
Ти си по историјата, земи прочитај економска историја, па ќе ти е појасно како западните држави успеале да се развијат, зашто источните од 1900та се во тиња, како Русија е дупка, а Кина е на пат да го превземе престолот на светска империја.

Социјализмот / комунизмот да бил познат дека гарантира прогрес, УК први ќе го применеле, а не да пуштат пропаганда кај остатокот од светот дека е супер, а они си тераат сосема спротивно.
Е па извини, ама декларативно западните држави своите економски уредувања ги нарекуваат слободна пазарна економија, или капитализам.

Покојниот Роналд Реган ја има воведено дефиницијата за современото економско уредување:

Ако се движи - оданочувај го, ако продолжи да се движи - регулирај го, ако престане да се движи - субвенционирај го.

Источните држави имаат со што да се пофалат, подеднакво исто како и западните држави.

Американците го имаа Џорџ Вашингтон Карвер за да ги научи како треба да се одржуваат полињата за да се спречи истрошување на почвата, Советите ги имаа Иван Мичурин и Николај Иванович Вавилов за да ги научат како да се одгледуваат побогати сорти на земјоделски култури кои ќе ги преживеат суровите руски зими.

Советите ги лансираа првиот вештачки сателит и првиот човек во вселената, американците први стапија на Месечината.

Американците ја направија првата функционална атомска бомба, Советите ја направија најмоќната тестирана нуклеарна бомба.

И ги имаш бројни други примери, а за тоа зошто социјалистичките држави не успеале да ги надминат и совладаат капиталистичките, одговорот ти е едноставен: државно задушување и угнетување на луѓето со поинакви идеи.

Не е никаква тајна дека и во поранешна Југославија имаше луѓе со идеи за подобра организација на производството во фабриките, но во држава фокусирана на квантитет, а не на квалитет, немаше место за такви луѓе. Затоа од Застава не излегоа други модели освен Фиќо, 128-ца, 101 и Југо.

Тоа што им требаше на социјалистичките општества беа луѓе како Жанг Руимин, човекот кој го трансформираше кинескиот производител на фрижидери Хаиер од компанија загубар во 1984 година, во компанија со остварена заработувачка веќе две години подоцна во 1986 година. Кога бил назначен за генерален директор на Хаиер, Жанг Руимин ги натерал вработените да ги извадат во дворот на фабриката сите неисправни фрижидери кои биле вратени, а ги имало многу, токму лошиот квалитет на производите бил главниот фактор за загубите кои компанијата ги претрпувала во тој период. Како и да е, новиот генерален директор на компанијата им дал секири на вработените за да ги пеплосаат неисправните фрижидери, за потоа да им стави до знаење дека доколку не почнат да произведуваат квалитетни производи, нивната компанија работодавач ќе заврши исто како и пеплосаните неисправни фрижидери.

Во меѓувреме типот ја трансформираше и ја прошири компанијата и во други индустрии, до тој степен што е еден од најголемите кинески индустриски гиганти на денешницата. Колку за потсетување, Македонија ги набави компјутерите за основните и средните училишта од тој поранешен загубар Хаиер како дел од проектот Компјутер за секое дете.

Така да, ниту западот, ниту истокот немаат измислено топла вода, туку имаат измислено различни методи за создавање на топла вода.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
@Bafra пенис што ФЕД ќе ја запри американската економија, со покачување на каматните стапки. Потрошувачите веќе немаат ниту страв од рецесија. Трошат ко луди.

Чудни времиња. Чудни.

Мислам дека преминуваме во нов тип на економија, чим старите методи не функционираат.

US Consumer Confidence Bounced Back in December

The Conference Board Consumer Confidence Index® increased in December following back-to-back monthly declines. The Index now stands at 108.3 (1985=100), up sharply from 101.4 in November. The Present Situation Index—based on consumers’ assessment of current business and labor market conditions—increased to 147.2 from 138.3 last month. The Expectations Index—based on consumers’ short-term outlook for income, business, and labor market conditions—improved to 82.4 from 76.7. However, Expectations are still lingering around 80—a level associated with recession.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.113
Поени од реакции
12.691
@Bafra пенис што ФЕД ќе ја запри американската економија со покачување на каматните стапки. Потрошувачите веќе немаат ниту страв од рецесија. Трошат ко луди.

Чудни времиња. Чудни.

Мислам дека преминуваме во нов тип на економија, чим старите методи не функционираат.

US Consumer Confidence Bounced Back in December

Велиш се случува повторување на рикачките 1920-ти години, 100 години подоцна ?

Судејќи според тоа како заврши таа деценија, гледај да уживаш во журката додека трае, бидејќи кога ќе заврши музиката...



 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.443
Поени од реакции
7.816
Има бројни примери за успешна транзиција од социјализам кон капитализам или барем кон делумен капитализам, како на пример Чешка и Словенија, каде што или не беа приватизирани сите државни компании, или беа контролирано и постепено приватизирани, а не фрлени на буништето на олигарсите.
За Словенија од лично искуство можам да ти кажам не е баш така, а тоа што фирмите им се поголеми и попознати има голема улога католицизмот и соседите нивни. Имаше една фирма (претходно била државна) со 800 камиони. Газдата на таа фирма, беше учесник и во скандалот со оклопните возила од Финска мислам беа, кога претседателот го судеа. Газдата не само што не го судеа, туку и фирмата му дозволија во стечај да ја однесе, а претходно да собере милионите.

Врска политичарите ги прават олигарсите, секако дека е точно. Но ние ги бираме политичарите, а и ние сме им дале таква моќ да можат што сакаат да прават со нашите пари и останат капитал, да ни поставуваат какви услови ќе си посакаат, колкава ќе е цената, а ќе можат дозволи да добијат само оние што политичаритее одлучат да добијат (за соодветен надомест.
Во капитализам, државата не може да има големо влијание во приватниот сектор, бидејќи се конкуренција.

Тоа што запад си се рекламира и декларира, не мора да значи дека е така. Кај пишува дека не смеат да лажат.... Гледај го системот и што се случува. Имало на Запад капитализам и така повторно се издигнале многу држави, но со тек на време почнаа социјализам да применуваат и еве го резултатот, распад ко СФРЈ.

пенис што ФЕД ќе ја запри американската економија, со покачување на каматните стапки. Потрошувачите веќе немаат ниту страв од рецесија. Трошат ко луди.

Чудни времиња. Чудни.

Мислам дека преминуваме во нов тип на економија, чим старите методи не функционираат.
Море текнувало, старите методи НИКОГАШ не функционирале во реалност, затоа и се повеќе задолжени државите, распад систем.

Економија базирана на вистински раст, а не шпекулативен, не можеш да спречиш со каматни стапки. Исто и инфлација која е поттикната од недостаток на производи, а не вишок пари во оптек.
Ниту една империја немала висока инфлација, така и САД ќе немаат, додека сите ние други, хипер инфлација ќе си имаме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
Како Берни Сандерс да му го хакнал твитерот на GOP :D

Заминаа Републиканците лево кон работничките права.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.113
Поени од реакции
12.691
Како Берни Сандерс да му го хакнал твитерот на GOP :D

Заминаа Републиканците лево кон работничките права.

Тоа значи дека од сега па понатаму ќе ги поддржуваш Републиканците ? :D
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.454
Поени од реакции
23.366
Ако порано за падот на доларот пишуваа думери и теоретичари на заговор, денес мејнстрим медиуми како Блумберг отворено зборуваат за тоа. Нешто што до пред една година беше фантазија, денес е реалност, се поради нерационалната употреба на доларот како оружје од страна на Биден и пријатели.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.113
Поени од реакции
12.691
Ако порано за падот на доларот пишуваа думери и теоретичари на заговор, денес мејнстрим медиуми како Блумберг отворено зборуваат за тоа. Нешто што до пред една година беше фантазија, денес е реалност, се поради нерационалната употреба на доларот како оружје од страна на Биден и пријатели.

Рака на срце, не се виновни само другарот Јосиф и пријателите негови, ваквиот систем е на сила од крајот на Втората Светска Војна па наваму.

Од друга страна, ваквите дискусии за падот на американскиот долар можеби се само предигра за воведување на национална дигитална валута, и онака активно се работи на тоа.

Не вртете, давајте веќе еднаш тоа чипот

Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово

Краток излет во „зајачката дупка“
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.113
Поени од реакции
12.691
Нека им е најНЕсреќна новата 2023 година на украинските слободоборци и на европските и американските либерали и левичари доколку продолжат со нивното молчење за вистинските проблеми на денешницата.

https://off.net.mk/net-roulette/onaka/ne-bi-da-rasipuvame-atmosfera-ama

Не би да расипуваме атмосфера, ама....

31 декември 2022 - 08:29

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.601
Поени од реакции
35.421
Не знам, слабо го следам тој аспект на настаниве. Dumbledore ако не знае, не знам кој би знаел. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не ни знам што прашува. Знам дека Мекарти не ги доби потребните гласови, што и се очекуваше, и повтроно ќе се гласа за спикер во Претставничкиот дом, но ова е лоша порака која се праќа до гласачкото тело. Пелоси имаше сличен проблем, во претходниот мандат, со прогресивното крило, го седна, направи отстапки и падна договор.

Тоа ми излезе како нотификација, друго не следам, овој период од годината преферирам да се дружам со книгата. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom