Таканаречената шок терапија беше економската политика на 1990-те години во Македонија, кога стотици индустриски гиганти беа оставени да банкротираат поради нивните долгови бидејќи тоа бил чист капитализам, иако не боледуваа од недостаток на работна сила, суровини или било кои други средства за производство. Па дури и после нивното банкротирање нивните имоти и средства за производство можеа да бидат искористени за формирање на нови индустриски гиганти врз темелите на банкротираните, но тоа не беше економската политика на 1990-те години, всушност ниту до денешен ден не е економска политика на сила.
Како тоа биле оставени да банкротираат, иако имале се? Да не беа случајно раководени од неспособни луѓе поставени од државата? Да не имале премногу вработени, да не имале акумулирани загуби итн итн.
Новокомпонираните држави, имаа ли пари за да продолжат фабриките да работат... за способност знаеме дека не биле способни, па и да имале пари, до кога ќе ги пуштале во дупка без дно?
Очигледно не сакаш или не правиш разлика, дека секој социјалистички систем преминува во олигархија, а не капитализам.
После октомври 2008 западот свиреше една тотално поинаква музика, чија што мелодија ги остави поранешните социјалистички држави од поранешниот источен блок со подзинати усти - како тоа едни економски правила да важат за поранешните социјалистички држави од поранешниот источен блок, а за индустриските и банкарските гиганти на капиталистичкиот запад да важат тотално други економски правила кога ќе се соочат со банкрот ?
Сам си правиш тврдења и заклучоци кои не одговараат на реалноста. Реакцијата на владата на САД во 2008, е доказ дека ни таму веќе нема капитализам, идат кон пропаст, но бидејќи се империја, последни ќе го јадат стапот, но дефинитвно ќе го јадат и веќе е се поочигледно.
Денес може да се каже дека најдобриот аргумент против капитализмот е човек само да фрли поглед врз економските политики на наводно најголемиот храм на капитализмот во светот сместен помеѓу Атлантскиот Океан на исток и Тихиот Океан на запад.
Еве да речеме на запад има капитализам и не чини, што ги спречило источните држави да се развијат т.е. да создадат поубави услови за живот? Ако одговорот ти е западот, тогаш успат објасни како западот успеал да е помоќен од истокот, кога нит ресурси има, ниту нивните системи, ниту владетели не биле на некое високо интелектуално ниво.
Повторно сам си тврдиш нешто што не постои, односно западните држави одамна не практикуваат капитализам, а ти (и многу други) овој систем го сметате за капитализам.
Ти си по историјата, земи прочитај економска историја, па ќе ти е појасно како западните држави успеале да се развијат, зашто источните од 1900та се во тиња, како Русија е дупка, а Кина е на пат да го превземе престолот на светска империја.
Социјализмот / комунизмот да бил познат дека гарантира прогрес, УК први ќе го применеле, а не да пуштат пропаганда кај остатокот од светот дека е супер, а они си тераат сосема спротивно.