- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.114
- Поени од реакции
- 12.695
Јас го употребив изразот шок терапија, а не капитализам.Како тоа биле оставени да банкротираат, иако имале се? Да не беа случајно раководени од неспособни луѓе поставени од државата? Да не имале премногу вработени, да не имале акумулирани загуби итн итн.
Новокомпонираните држави, имаа ли пари за да продолжат фабриките да работат... за способност знаеме дека не биле способни, па и да имале пари, до кога ќе ги пуштале во дупка без дно?
Очигледно не сакаш или не правиш разлика, дека секој социјалистички систем преминува во олигархија, а не капитализам.
Има бројни примери за успешна транзиција од социјализам кон капитализам или барем кон делумен капитализам, како на пример Чешка и Словенија, каде што или не беа приватизирани сите државни компании, или беа контролирано и постепено приватизирани, а не фрлени на буништето на олигарсите.
Кога сме кај олигархијата, истата е производ на политичарите кои дојдоа на власт после распаѓањето на социјалистичките режими во источна Европа, а западот само им потпомогна - што не значи дека е главен виновник - во создавањето на олигарсите. Сепак не смее да се заборави дека ЦИА активно ја помагаше кампањата за реизбор на Борис Јелцин во Русија во 1996 година.
Да си жив и здрав, тоа и ми беше поентата, само што повеќе се фокусирав на западњачкото лицемерие. Сепак станува збор за држави кои се крстат во капитализмот како да е нивна економско-политичка религија, додека во пракса практикуваат олигархиски квазисоцијализам.Сам си правиш тврдења и заклучоци кои не одговараат на реалноста. Реакцијата на владата на САД во 2008, е доказ дека ни таму веќе нема капитализам, идат кон пропаст, но бидејќи се империја, последни ќе го јадат стапот, но дефинитвно ќе го јадат и веќе е се поочигледно.
Е па извини, ама декларативно западните држави своите економски уредувања ги нарекуваат слободна пазарна економија, или капитализам.Еве да речеме на запад има капитализам и не чини, што ги спречило источните држави да се развијат т.е. да создадат поубави услови за живот? Ако одговорот ти е западот, тогаш успат објасни како западот успеал да е помоќен од истокот, кога нит ресурси има, ниту нивните системи, ниту владетели не биле на некое високо интелектуално ниво.
Повторно сам си тврдиш нешто што не постои, односно западните држави одамна не практикуваат капитализам, а ти (и многу други) овој систем го сметате за капитализам.
Ти си по историјата, земи прочитај економска историја, па ќе ти е појасно како западните држави успеале да се развијат, зашто источните од 1900та се во тиња, како Русија е дупка, а Кина е на пат да го превземе престолот на светска империја.
Социјализмот / комунизмот да бил познат дека гарантира прогрес, УК први ќе го применеле, а не да пуштат пропаганда кај остатокот од светот дека е супер, а они си тераат сосема спротивно.
Покојниот Роналд Реган ја има воведено дефиницијата за современото економско уредување:
Ако се движи - оданочувај го, ако продолжи да се движи - регулирај го, ако престане да се движи - субвенционирај го.
Источните држави имаат со што да се пофалат, подеднакво исто како и западните држави.
Американците го имаа Џорџ Вашингтон Карвер за да ги научи како треба да се одржуваат полињата за да се спречи истрошување на почвата, Советите ги имаа Иван Мичурин и Николај Иванович Вавилов за да ги научат како да се одгледуваат побогати сорти на земјоделски култури кои ќе ги преживеат суровите руски зими.
Советите ги лансираа првиот вештачки сателит и првиот човек во вселената, американците први стапија на Месечината.
Американците ја направија првата функционална атомска бомба, Советите ја направија најмоќната тестирана нуклеарна бомба.
И ги имаш бројни други примери, а за тоа зошто социјалистичките држави не успеале да ги надминат и совладаат капиталистичките, одговорот ти е едноставен: државно задушување и угнетување на луѓето со поинакви идеи.
Не е никаква тајна дека и во поранешна Југославија имаше луѓе со идеи за подобра организација на производството во фабриките, но во држава фокусирана на квантитет, а не на квалитет, немаше место за такви луѓе. Затоа од Застава не излегоа други модели освен Фиќо, 128-ца, 101 и Југо.
Тоа што им требаше на социјалистичките општества беа луѓе како Жанг Руимин, човекот кој го трансформираше кинескиот производител на фрижидери Хаиер од компанија загубар во 1984 година, во компанија со остварена заработувачка веќе две години подоцна во 1986 година. Кога бил назначен за генерален директор на Хаиер, Жанг Руимин ги натерал вработените да ги извадат во дворот на фабриката сите неисправни фрижидери кои биле вратени, а ги имало многу, токму лошиот квалитет на производите бил главниот фактор за загубите кои компанијата ги претрпувала во тој период. Како и да е, новиот генерален директор на компанијата им дал секири на вработените за да ги пеплосаат неисправните фрижидери, за потоа да им стави до знаење дека доколку не почнат да произведуваат квалитетни производи, нивната компанија работодавач ќе заврши исто како и пеплосаните неисправни фрижидери.
Во меѓувреме типот ја трансформираше и ја прошири компанијата и во други индустрии, до тој степен што е еден од најголемите кинески индустриски гиганти на денешницата. Колку за потсетување, Македонија ги набави компјутерите за основните и средните училишта од тој поранешен загубар Хаиер како дел од проектот Компјутер за секое дете.
Така да, ниту западот, ниту истокот немаат измислено топла вода, туку имаат измислено различни методи за создавање на топла вода.