Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.141
Поени од реакции
2.578
Ok, so tvoe dopuštenie ke im go prepratam tvojov odgovor. A šo e problemot so cenata na jajcata? I za toa se žalat. Ko da e moranje da se jadat jajca
Тоа со јајцата е хаварија. 2022-2024та USDA уништи некаде 108 милиони кокошки заради птичји грип, дел од нив "превентивно". Колку е ова точно не знам, едните викаат точно другите викаат не. Затоа јајцата отидоа усвет со цена.

Bacon, Egg and cheese е омилен Американски појадок, затоа во јајцата се запнаа.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.824
Поени од реакции
8.293
Ќе им предложел на Кина и Русија сите заедно да ги намалат за 50% воените буџети :icon_lol:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.824
Поени од реакции
8.293
Идејата не е лоша,нешто слично беше постигнато 1991

Ништо нема таму. Нит се придржувал некој нит ќе се придржува. На сите им е јасно сега дека само сила победува. Тек допрва ќе растат буџети за одбрана.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.194
Поени од реакции
12.092
Ништо нема таму. Нит се придржувал некој нит ќе се придржува. На сите им е јасно сега дека само сила победува. Тек допрва ќе растат буџети за одбрана.
Не само што се придржувале туку секој месец имале взаемни инспекции, руски авиони редовно надлетуваат над САД и обратно
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.824
Поени од реакции
8.293
Не само што се придржувале туку секој месец имале взаемни инспекции, руски авиони редовно надлетуваат над САД и обратно
Ќе ти покаже тоа што сака да ти покаже, и едниот и другиот. Затоа ниедна проценка за залихите на оружје не искочи точна со војната во Украина. Колку има над земја, дупло има под. Нема доверба веќе ни во едните ни во другите. Едино Европа остана ко теле да блее.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.358
Поени од реакции
21.774
Мицко одбра страна и за прв пат во историјата наша некој го направи тоа, и добро е. Времето ќе покаже дали ја одбра правата страна. Времето исто ќе покаже дали големите сили ќе го уважат тоа со некакви си одлуки во наша корист. Еве
официјално Македонија преку Мицко е регионален фронтранер во поддршка на Трамповата идеологија. Да видиме дали и како ќе се материјализира тоа, или кога ќе дојде првиот бугар или грк на баци рака кај Трамп, пак ќе не замочаат.
И да не материјализира, барем во секоја можна прилика им плеска во фаца за лицемерието, понижувањата и морков-стап политиката кон нас 30 години уназад, и на Европскиот самит во Салцбург, и во Минхен, и во Вашингтон, и во Брисел, во секоја можна прилика. Она истото кое ние овде со децении го потенцираме и си го кажуваме меѓусебе.

Добро е да се види дека можело и поинаку да се тера надворешна политика, а не како копилето од Муртино кое не пропушташе шанса да каже дека Северна нема црвени линии, дека црвените линии биле кочници за изнаоѓање решение, и слични глупости со кои нè резилеше по светов и ни ги поткопуваше позициите.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.479
Не му требаше тоа со Кина, можеше по-политички да го каже тој дел без да се замерува непотребно.
Исто како што на Мицако‘ не му требаше и она кон рускиот амбасадор во „нашата земјата„, ама вака уште полесно се препознава чиј слуга сака да биде...Мицако‘, нели.
Автоматски споено мислење:

Мицкоски: Македонија ќе им помогне на САД за американскиот гас да стане конкурентен на рускиот во Европа пред гасоводот „Јужен тек“

Повлекувам што реков дека Путин немало да не бомбардира.
Јак е Мицако‘, паша Зоќе.

Пред пар години, Мајк Помпео убо‘ ни кажа пар нешта:
- нема кинески кредити,
- нема руско влијание,
- има гас, само не руски, туку купен преку грчки терминал.

Мицако‘ се заборајл троа...
Автоматски споено мислење:

Не само што се придржувале туку секој месец имале взаемни инспекции, руски авиони редовно надлетуваат над САД и обратно
Со взаемниот договор за намалување на конвеционалното оружје, САД и РФ беа должни тешкото оружје и авионите да ги лоцираат на точно одредени места, на отворен простор, за да бидат лесно „воочливи„ и изброиви, при прелет со нивните сателити.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom