Абе, контате дека више не сме афтокефални и дека сме пак под СПЦ?
и дека нема да има македонска у името?
многу лабаво помина ова, дури и за кај нас
Како и да се вика црквата, нејзиниот опстанок зависи од самите верници со чии што пари владиците си ги купуваат џиповите и спортските автомобили, а не од надворешни признавања.
Ако владиците на МПЦ ОА одлучат да прифатат надворешни признавања како не-македонска црква и ако одлучат да дадат легитимитет на СПЦ и останатите надворешни крвопијци кои само чекаат да им се пружи шанса за повторно да си ги пуштат пипците врз македонската земја, тогаш нека си ги пакуваат парталите во потрага по некои подарежливи не-македонски верници во други земји, бидејќи македонските верници немаат потреба од давање на пари и легитимитет на црква која себеси не се нарекува македонска.
И онака мнозинството Македонци себеси се декларираат како православни христијани, додека истовремено воопшто не ја поистоветуваат својата православна христијанска вера со автомобилските спортисти во мантии. Доколку владиците сакаат да го забрзаат процесот на уништување на Македонската Православна Црква, нека повелат, Македонците немаат никаква потреба да се идентификуваат себеси со црква која себеси не се нарекува македонска.
На крајот на краиштата, кога Исус влезе во Ерусалим, не повикуваше на некаков договор со трговците во храмот, туку кратко и едноставно ги отпиша дента кога го исчисти храмот со зборовите:
" Пишано е: мојот дом е дом на молитва, а вие го претворивте во разбојничка пештера " .
Ако на Македонската Православна Црква и` е потребно прочистување со оган, тогаш така нека биде, куќа изградена врз кал не може да стои.