Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Според мое субјективно мислење, не треба да се буниме ако не признаат како Охридска Архиепископија или пак како Јустинијана Прима, но генерално треба да ни го признаат континуитетот и да ни ги врати вселенската патријаршија териториите. Не разбирам што ни признаваат?

Треба да се буниме, најмалку барем ние кои сме дел од Црквата, затоа што било кој „наслов„ од македонската помесна Црква, во кој не е содржано и името од народот-носител на предметната црковност, е исто што тековното историско-политичко обезличување на државата Македонија и нејзниот мнозински народ, како носител на државноста.

П.С.
Просто кажано, Вартоломеј признава историски поим, име од негогашна Црква, но ништо суштински и современо...
 
I jas ne razbiram duri sum I zbunet, eve spored Micko na primer imeto ne bilo problem I Ruskata ne bila ruska tuku Moskovska, duri i dodava
Со оваа одлука се потврдува вековниот идентитет на македонскиот народ различен од останатите балкански народи.

Sega dali ne ebat v mozok ili nie ne se razbirame ne znam, ama mi se cini ne ebat.
Руската е Московска Патријаршија. МПЦ стана Црква Охрид. Така да, прилично различно.
 
Шу Курац сеа и религиата и црквата да се меша у политика ,ако сака и Вранишкоски нека си го Постават ,приказни теократија душаново царство
 
Треба да се буниме, најмалку барем ние кои сме дел од Црквата, затоа што било кој „наслов„ од македонската помесна Црква, во кој не е содржано и името од народот-носител на предметната црковност, е исто што тековното историско-политичко обезличување на државата Македонија и нејзниот мнозински народ, како носител на државноста.

П.С.
Просто кажано, Вартоломеј признава историски поим, име од негогашна Црква, но ништо суштински и современо...
Поодамна пишав, овие политичко црковни ГОМНАРИИ може да се решат само со Пресечување на Јазелот со сабја.... Едноставно Референдум, Народе што ви е Поважно, Идентитет или Признавање од Православната Мафија ???
Јас мислам да се побара од Ватикан, ќе ја признае Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, така како што е !!!
Впрочем вештачки се поделбите на Рисјанските Цркви !!!!

Патем, па и Црногорската православна црква не е канонски признаена, зошто нашите црковни власти ЗАЕДНО со ЦПЦ не дејствуваат, ете и преку Ватикан ако треба !!
 
Сега ако добро разбрав, Вселенската патријаршија/Цариград/Грците ја признаа МПЦ-ОА за канонска, и треба да добијат автокефалност од нив. На оваа одлука се противат од СПЦ и од РПЦ и не ја признаваат, бидејќи РПЦ и Цариград се во "војна" и на различни страни така?

Само не ми е јасно, вчера искочи вест дека МПЦ преговарале со СПЦ, и одма после ова искочи веста дека е призната цркавата. За што преговарале со СПЦ?
 
Не баш. ВП не ја призна МПЦ-ОА како автокефална туку прогласија за канонска некоја си црква во Охрид под раководство на Архепископ Стефан која има јурисдикција на територијата на РСМ.

За автокефалност од ВП рекоа Стефан да бара од СПЦ. РПЦ и ВП се во "војна", да.
 
МПЦ-ОА во текот од месецов треба да разговара со СПЦ. А за што?...Немам поим. Спорот со СПЦ е децениски и се влече уште од 1967-та ако не и порано. Наводно, не и сигурно, после пренесувањето на црковната власт од СПЦ на МПЦ, на/преку тогашните македонски владици, некој од вискодостојните од СПЦ се предомислил па го повлекол тоа овластување, а од МПЦ пак некој се сетил да не се согласил со повлекувањето од тоа веќе дадено овластување и ете ти проблем...

МПЦ-ОА себе си се гледа како наследник на Охридската Архиепископија, укината со султански документ (1776 или така некако...) па за возобновување на Охридската во ликот од МПЦ било потребно повторно ракополагање на свештеници/владици од МПЦ, а тоа ракополагање било изведено од страна на СПЦ.

СПЦ полага право на територијална јурисдикција на денешната македонска земја, по инерција од времето која Македонија била т.н. јужна бановина, во склоп од кралска Србија, односно кралска Југославија, кога тогашната СПЦ навистина имала свое свештенство, поставено на наша/македонска земја.
 
еве што пишува на веб сајтот на ЦПЦ..

...Crnogorska mitropolija bila je izvan kanonskog i organizacionog ustrojstva i domašaja Carigradske patrijaršije. Crnogorska pravoslavna crkva odlikovala se eksteritorijalnošću u odnosu na Carigradsku patrijaršiju, koja je bila ekspozitura interesa Turske Carevine. "Carigradska patrijaršija nije pretendovala nad Crnogorskom crkvom, držeći se kanoničkog pravila da crkvene granice jedne nezavisne države nemaju ulaziti u granice druge nezavisne države".[3]...

Нема што да се дискутира и да се молиме на СПЦ а и на грците !!!!!!!!!!!!!!!!

кај е СПЦ да ГУКНЕ дека Грција по бркање на турците од Егејска Македонија, Дузини славјански православни цркви ги напраила грчки православни цркви со ПРЕБОЈУВАЊЕ на фреските !!!!!!!
а џамиите во Грција ги срушија ( само една стара остаана и сега се гради едно нова во Атина, ама не личи на џамија, коцкаста е), а се бунат зошто Турција Аја Софија ја напрааи џамија !!!!
 
Не баш. ВП не ја призна МПЦ-ОА како автокефална туку прогласија за канонска некоја си црква во Охрид под раководство на Архепископ Стефан која има јурисдикција на територијата на РСМ.

За автокефалност од ВП рекоа Стефан да бара од СПЦ. РПЦ и ВП се во "војна", да.
Добро ама таа црква во Охрид е Охридска архиепископија?

МПЦ-ОА во текот од месецов треба да разговара со СПЦ. А за што?...Немам поим. Спорот со СПЦ е децениски и се влече уште од 1967-та ако не и порано. Наводно, не и сигурно, после пренесувањето на црковната власт од СПЦ на МПЦ, на/преку тогашните македонски владици, некој од вискодостојните од СПЦ се предомислил па го повлекол тоа овластување, а од МПЦ пак некој се сетил да не се согласил со повлекувањето од тоа веќе дадено овластување и ете ти проблем...

МПЦ-ОА себе си се гледа како наследник на Охридската Архиепископија, укината со султански документ (1776 или така некако...) па за возобновување на Охридската во ликот од МПЦ било потребно повторно ракополагање на свештеници/владици од МПЦ, а тоа ракополагање било изведено од страна на СПЦ.

СПЦ полага право на територијална јурисдикција на денешната македонска земја, по инерција од времето која Македонија била т.н. јужна бановина, во склоп од кралска Србија, односно кралска Југославија, кога тогашната СПЦ навистина имала свое свештенство, поставено на наша/македонска земја.
Ако дале овластување од СПЦ за возобновување на ОА, а со тоа и создавање на МПЦ како наследник на ОА, тогаш зашто да имаат јурисдикција од СПЦ тука, кога веќе има црква направено за која они дале согласност?

Извинете можда ги мешам брзиниве, ама не ја разбирам лошата страна за тоа да сме наследници на ОА.
 
Добро ама таа црква во Охрид е Охридска архиепископија?
Не, нигде не се спомнува архиепископија, ниту наследување на архиепископијата. Се споменува само Црква Охрид. Толку.
 
Сега ако добро разбрав, Вселенската патријаршија/Цариград/Грците ја признаа МПЦ-ОА за канонска, и треба да добијат автокефалност од нив.
Не треба да добијат автокефалност од нив. ВП кажа дека тоа треба да го добиеме од СПЦ, така да ставот околу автокефалноста е ист кај РПЦ и ВП.
 
и се може на ВП, грчки дубари... а на Украинската црква не и бараа преговори со Руската..
Нашата посрана државна и црковна власт не може ништо да постигне !!!
1942 за времето на НДХ и Павелиќ, ХПЦ доби од ВП Томос за Афтокефалност !!!
И не само тоа, во Хрватска има македонска црква, јас мислаам побргу ќе добијат македонците во Хрватскаа афтокефалност од Ватикан како Рисјанска црква отколку тука нашиве Морони и Лигуши
 
Nedefinirana drzava so nedefinirano ime i nedefinirana nacionalnost dobiva nedefinirana crkva. Ne znam sto ne vi e jasno. Se otvori pandorinata kutija i sega do kraj se isteruva. Sekade kompromisni resenija so fusnoti. Se zatvaraat nekoi prasanja ama na nasa smetka.
 
Не, нигде не се спомнува архиепископија, ниту наследување на архиепископијата. Се споменува само Црква Охрид. Толку.

Во тоа е целата дубара околу „признавањето„. Лукави се тоа Византијците...признаваат „нешто„ а не нешто „конкретно„.
Автоматски споено мислење:

Nedefinirana drzava so nedefinirano ime i nedefinirana nacionalnost dobiva nedefinirana crkva. Ne znam sto ne vi e jasno. Se otvori pandorinata kutija i sega do kraj se isteruva. Sekade kompromisni resenija so fusnoti. Se zatvaraat nekoi prasanja ama na nasa smetka.

Морам да се согласам со твојот став...за жал, така е.
Автоматски споено мислење:

Ако дале овластување од СПЦ за возобновување на ОА, а со тоа и создавање на МПЦ како наследник на ОА, тогаш зашто да имаат јурисдикција од СПЦ тука, кога веќе има црква направено за која они дале согласност?

Извинете можда ги мешам брзиниве, ама не ја разбирам лошата страна за тоа да сме наследници на ОА.

Кога вардарскиот дел од поделена Македонија станува дел од кралска Србија/Југославија, српската држава инсталира свои институции на тогашна македонска земја, вкучувајќи ја и својата/српската Црква. Со почетокот на германскиот напад на кралска Југославија, во април 1941-та и нејзиниот распад, сето српско свештенство е повлечено од тогашна Макеоднија, но истото не заборави дека некогаш било надлежно и за Македонија па оттаму доаѓа и нивното/српското неприфаќање на постотење македонска афтокефална Црква.

Митрополитот Теодосиј Гологанов уште во ‘40-те години од минатиот век ја има поставени идејата за возобновување на ОА па таа можност се остварува дури по стекнувањето на македонската државност, преку основањето на МПЦ, на која СПЦ требало да и‘ пренесе право на служење и на делување на територијата од новата македонска држава.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom