Позајмување пари на идиоти

Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Vo denesno vreme koga ima sekakvi krediti nekoj da ti bara pari vednas znaes deka ne planira ili ne moze da ti gi vrati.
Така е, или е презадолжен не може да земе кредит и гледа да закрпи некој познаник или не толку близок другар :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ireal што ги посочи тие групни средби се најлесен начин некој да не плати ништо, а други да „частат“ иако немале намера, а и келнерите да допишат пијачки, на пример. Ми се случило слично повеќе пати, дури и во странство со група странци.
Еднаш организирав голема средба, во Ања во трговски, и на келнерите при резервирање на масите им кажав да си наплаќаат како што ќе однесат порачка: чиста сметка, долга љубов. Прво се побунија келнерите, демек не можело фискална на секое-некое. Реков, јас планирам да си муабетам со луѓето, ќе менувам маси, и другите ќе го прават истото - порачал од една маса, се префрлил на друга за муабет, некои порано ќе си заминат, значи никој нема никого да следи кој што и колку пиел или мезел и на која маса порачал, дали рекол дека ќе части, па заборавил да остави пари.
Така и бидна, и нема лоши спомени за неплатено или преплатено од таа вечер. :)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Не е ни за 500 ни за 1000 денари, проблемот е што будала те прави а утре задутре нема муабет да ти прави.
суштината на темата е погодена во срш со одговоров, браво за @Zippertrax тоа е тоа.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Не е ни за 500 ни за 1000 денари, проблемот е што будала те прави а утре задутре нема муабет да ти прави.
Не е баш така. Со 500 - 1.000 денари нити ќе го збогатиш него нити ќе се осиромашиш... За таа сума не треба со тој ниту да се скараш ниту да се замеруваш...

Но ако е сума од 500 - 1.000 евра епа тогаш друга е работата...
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Овој викенд во Маврово, прошлиот во Охрид, а дужи огромна сума на пари веќе 2 год. Пред некој ден бевме собрани на пијачка и требаше да дојде и он, ама слушна дека сум ја таму па одма му искача работа.
И како да се извлечеш пари од вакви луѓе? Едино треба да им дадеш процент на лихвари и да му доаѓаат дома секој ден и да му прават проблем, ама знам дека и тогаш нема да ги врати.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Овој викенд во Маврово, прошлиот во Охрид, а дужи огромна сума на пари веќе 2 год. Пред некој ден бевме собрани на пијачка и требаше да дојде и он, ама слушна дека сум ја таму па одма му искача работа.
И како да се извлечеш пари од вакви луѓе? Едино треба да им дадеш процент на лихвари и да му доаѓаат дома секој ден и да му прават проблем, ама знам дека и тогаш нема да ги врати.
Тешко...на убав начин многу тешко.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Ме потсетивте дека пред 5-6 год позајмив 500 денари за такси за да се вратам дома и од тогаш го немам видено типот :( а го мислам секое мое идење во мк, само ептен не се дружиме за да го побарам. А живот ми спаси тогаш, тапа сум :(
Тапа си, сега со камата да му ги вратиш.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Овој викенд во Маврово, прошлиот во Охрид, а дужи огромна сума на пари веќе 2 год. Пред некој ден бевме собрани на пијачка и требаше да дојде и он, ама слушна дека сум ја таму па одма му искача работа.
И како да се извлечеш пари од вакви луѓе? Едино треба да им дадеш процент на лихвари и да му доаѓаат дома секој ден и да му прават проблем, ама знам дека и тогаш нема да ги врати.
Најјаки ми се овие , задолжени до гуша ама слики од шетање стават.
Подобро вака отколку да дојде да се прави на Тошо и накрај да плати сметка и да си отиде :pos:
Јеп ми се има ова случено. Друга случка сумата што ми ја должеше веќе можам да кажам екс другарот беше нешто над 1 500 евра, одам јас во диско си се лупнувам на шанкот и го гледам овој неколку места до мене, братот си части пијачки ме виде и мене ете по келнерот пијачки почнаа да стизат. Не ми смета тоа, но веќе ме влечеше доста време со враќање на парите. Се раздолжи некаде 2 години после прво зимање пари од мене и на крај ми се налути изгледа и престанавме и контактирање, што како незнам ни па ме интересира. Се дружевме 15+ години.

Сум зимал пари на заем и сум тип на човек што нема да може да спие и ќе ме е срам се додека не ги вратам. А исто сум и некој што без проблем на блиски дава пари, но после спомнатиот долг од другарот и случувањата и во тој период каде јас имав 3000 евра по народ и ми требаа пари па морав да се задолжувам од тогаш го скратив кругот на кој би позајмил. Мој совет, на нотар заверено па потоа нека плаче на извршител ако не ги врати на време.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
жирант, работа што кај нас ја измислија и упорно ја држат
Кај ме потсети на ова.
Пред едно 15 години беше хит да си нечиј жирант.
Секој на секого потпишуваше. Појма немаа луѓето во што влагаат.

Јас 2-3 другарства прекинав од што ги одбивав кога ми бараа мене да бидам жирант.
Во едното, другарот зема потрошувачки кредит за да го уплати како учество на автомобилски кредит.
И после лут што не го поддржувам :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.541
сите имаме другари и роднини што постојано бараат заем, епа јас имам таков роднина и мирот си го платив за 2000ден, не ми ги врати ама од тогаш контакт на миниум од негова страна а нит ми побарал две години веќе


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Имаме едно "другарче", "стотче" се вика. Го знаете Стотче? Многу добар дечко е, 30+ години и секогаш има 100 денари у џеб. Дали ќе седнеме у кафана, неважно дали ќе дојде на почеток или долета ко падобранец на крај, дали седиме на клупа или кај некого дома и цепаме пиво и џокла онака младалачки, дали идеме у казино малку да полупаме на апаратите, Стотче секогаш ама баш секогаш е со точно 100 денари у џеб. А сака да се фали како само што дошол од кафана и се напраил лом, или како вчера фатил/поебал на Book of Ra. Некад ќе го "наместиме" да купи пиво за друштво, кога седиме клупи, и ќе дојде со една пластика за него, втора пластика за другите. Значи пластика, дека со 20 денари ќе направи огромна разлика во сопствениот економски живот. Има Роми кои не се понашаат како Стотче.

Стотче е пеерче, ама па темата е за позајмица на пари, а не кој како се понаша во кафана.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom