Позајмување пари на идиоти

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Речиси да нема познаник што ќе го сретнам и да почнеме муабет и истиот да не се сврте кон тоа како позајмил пари на некого и таа личност не му ги враќа според договореното.

Претпоставувам и овде има личности што имале искуство со вакви стоки. Што кога ќе им дадеш пари убаво им е, но кога треба да враќаат тогаш доаѓа до лигавење и секако правење мутави.

Она што е смешното кај нив е тоа што лажат дека немаат пари да ти вратат.
На пр. дознаваш дека фатиле голема сума на коцка и наместо да ти ги врати тој/таа отишол ги потрошил на друго место или опет ги искоцкал/ишмркал или кој знае уште што.
Сфаќаш дека овој цело време те лаже и дека е беден у душа. Но важно некој може и последни пари му дал за да му помогне.
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Ако некој позајмил пари на идиот тогаш тој е поголем идиот.
Ако идиотот го покажува правото лице отпосле тогаш како тој што позајмил е поголем идиот?
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
400
Поени од реакции
4.398
Врие паразити од овој калибар, во секое село, во секоја населба, во секој град во државата.
За овие задолжувања, двете главни причини како што пиша во воведното мислење се коцката и дрогата.
Третата од поглавните е проституцијата.
Четвртата алкохолот.
Кога ги имаш сите "задоволства" на оптег, кога ти се на дофат во секое време, полесно од било кога... кога се огледуваш на погрешни луѓе и кога си опкружен со луѓе кои најголем успех им е каква кола возат и каква курва работеле, се ставаш во тој ранг и влегуваш во нивниот циркуз.
Сите овие циркузантски задоволства се влезени во сржта на народот, а проблемот е што поголемиот дел од популацијата не се ни свесни за тоа.
Ги спомнуваш познаниците, не ги познавам, ама според тоа како ти го вратат муабетот, на некој начин и тие се дел од циркузот.
Едноставно се ист калибар како тие за кои зборуваат.
ВЛТ, бело, курви, виски, "јаки" коли и мизерна музика е животот во Македонија, сето тоа кошта, а се помалку и помалку луѓе кои се волни да се испотат за заработената пара.
Тука почнуваат овие јазови кои не опкружуваат. Моментално се во експанзија.
Разврските на сето ова...Живи били па видели.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ако идиотот го покажува правото лице отпосле тогаш како тој што позајмил е поголем идиот?
За жал многу често желбата да помогнеш на некого се покажува како лоша идеја... И јас го имам истиот проблем. Ама ме теши што од тројца барем на еден си му помогнал вистински.
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Ако позајмуваш на луѓе кои слабо ги познаваш, не знам што да кажам.
Никогаш не можеш да познаваш некого целосно. Освен тоа луѓето се менуваат, нови навики нов карактер. И роднина може да ти забие нож во грб.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539
Ако идиотот го покажува правото лице отпосле тогаш како тој што позајмил е поголем идиот?
Пари (особено поголема сума) позајмувам само на блиски луѓе. Еднаш ми се случи слично како во твојот пример и напишав директна порака. Најверојатно дечкото се осети непријатно па успеа да се среди и да ми ги врати.
еднаш еден другар директно ме праша дали може да му дадам пари за коцка па му реков не. Од тогаш слабо се слушаме :)
Точно е дека роднина моѓе да ти забие нож во грб, затоа паѓливо си ги бирам пријателите, дека роднините не можам.
не знам колку е културно ама ако не ми кажат за што им е позајмицата, си подпрашѕвам, иако најчесто си кажуваат. Ако не кажат и одлучам да не прашам, 99% сум одлучила дека парите нема да ги барам назад.
 
J

joli1

Гостин
Постојат разни луѓе.

Што кажа @Reptilian , реткост е да познаваш некого целосно. Може само да се лажеш дека познаваш некого целосно.

Јас лично сум имал ептен негативно искуство со позејмување на пари и избегавам да позејмувам пари освен ако работата е ептен сериозна и сум сигурен дека личноста ќе ги искористи за она за кое што и ме има замолено. Има луѓе кои што би те заебале без разлика колку си близок доколку се работи за поголема сума, а добар дел од познаниците би те заебале и за многу мала сума.

Се сеќавам добро кога еден лик мене ми ги врати 10к денари, додека истиот лик на мој другар не му ги враќа парите иако се работи за повеќекратко помала сума.

Истотака сум бил сведок каде што луѓе губеле образ и одбивале да вратат 500 денари :pos:.

Она што ми го кажа еден торбеш некад давно, ако сакаш луѓе да бегаат и да се кријат од тебе - позејми им пари.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539
Ме потсетивте дека пред 5-6 год позајмив 500 денари за такси за да се вратам дома и од тогаш го немам видено типот :( а го мислам секое мое идење во мк, само ептен не се дружиме за да го побарам. А живот ми спаси тогаш, тапа сум :(
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
За жал многу често желбата да помогнеш на некого се покажува како лоша идеја... И јас го имам истиот проблем. Ама ме теши што од тројца барем на еден си му помогнал вистински.
Точно, барем еден ќе се покаже поштен. За жал малку ги има такви. Но веќе дури и на тие не можам да позајмам поради што секогаш постои шанса и тој да стане безобразен.
Затоа најубаво скратив и решив уште од поодамна дека нема ни денар веќе на никого да дадам. Нека се лутат колку сакаат, око не ми трепнува. Нека си одат по банки, тиго миго нека си зимаат кредити.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Ме потсетивте дека пред 5-6 год позајмив 500 денари за такси за да се вратам дома и од тогаш го немам видено типот :( а го мислам секое мое идење во мк, само ептен не се дружиме за да го побарам. А живот ми спаси тогаш, тапа сум :(
Па кај си бе чоече, пиши кога ќе идеш навака, да пиеме некое, за парите мање-више, сум ги заборавил нека не ти е тапа (y)
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Врие паразити од овој калибар, во секое село, во секоја населба, во секој град во државата.
За овие задолжувања, двете главни причини како што пиша во воведното мислење се коцката и дрогата.
Третата од поглавните е проституцијата.
Четвртата алкохолот.
Кога ги имаш сите "задоволства" на оптег, кога ти се на дофат во секое време, полесно од било кога... кога се огледуваш на погрешни луѓе и кога си опкружен со луѓе кои најголем успех им е каква кола возат и каква курва работеле, се ставаш во тој ранг и влегуваш во нивниот циркуз.
Сите овие циркузантски задоволства се влезени во сржта на народот, а проблемот е што поголемиот дел од популацијата не се ни свесни за тоа.
Ги спомнуваш познаниците, не ги познавам, ама според тоа како ти го вратат муабетот, на некој начин и тие се дел од циркузот.
Едноставно се ист калибар како тие за кои зборуваат.
ВЛТ, бело, курви, виски, "јаки" коли и мизерна музика е животот во Македонија, сето тоа кошта, а се помалку и помалку луѓе кои се волни да се испотат за заработената пара.
Тука почнуваат овие јазови кои не опкружуваат. Моментално се во експанзија.
Разврските на сето ова...Живи били па видели.
За да биде работата уште посмешна. Се распрашуваш наоколу и дознаваш дека во меѓувреме истиот позајмувал и од други. Задужен и кај други токму поради сите тие задоволства, правење јаки со туѓи пари. Од една лага влегуваат во друга. Одеднаш преку ноќ пропаѓаат и нигде ги нема. Го бараш не ти крева. Кога едвај ќе го добиеш почнува со муабети од типот ,,,не сум у Скопје" ,,на работа сум, ќе те барам штом завршам". После работа ни трага ни глас од него како вонземјани да го киднапирале.
 
Чим позајмувал и од други луѓе тогаш огромна е веројатноста дека нема да ти ги врати.

Ако живи со неговите, лепо фино оди им на врата и објасни им дека тој ти дужи пари. Во случај да е женет, лепо фино кај жена му па нека се расправаат.

Зависи за колку пари се работи искрено, постојат и други начини да си ги вратиш парите, но пак ќе кажам, за мала сума на пари реално не вреди да правиш проблеми, едноставно одјеби го типот и биди среќен што ти го покажал вистинското лице за таа сума на пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom