Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.988
Колку само гнев имаше во реакцијата на Сдссм кон Дпмне, а самите не само што ја започнаа кампањата пред време, не само што ветија позитивна кампања, уште и шират класичен Груевизам, но сега имплементиран од Заев т.е. Заевизам. Мислам на реакцијата за "грозни, некрофили..." и црната кампања кон Дпмне дека ги нарекле докторите убијци! Дно!
Опозицијата мора и треба да критикува, а во овие моменти мора да бара политичка одговорност и да покрене интерпелација по Филипче. Тоа ќе бидат чисти политички поени, без разлика на тоа дали Филипче ќе поднесе оставка (и каква) и дали Владата истата ќе ја прифата.
Несериозноста мора да се плати со оставка.
Па дури сега се покренуваат прашања околу безбедноста на останатите модуларни болници. Ако има протокол (па дури и законска обврска) каде ние мора да имаме исправни Х ПП апарати во тој Х простор, тогаш најмалку што треба се или ПП апарати или прскалки во секоја модуларна болница. Треба и Циго да го повикаат на одговорност.
Филипче е еден од најнепопуларните политичари во овој момент, а по овој настан, потона уште подлабоко. Најдобро е да си поднесе оставка и да излезе со какво-такво достоинство.
Да, здравството и образованието се најтешките ресори и тука мора да има компетентни луѓе. Филипче е компетентен, доаѓа од докторската фела, има политичко педигре, но неговиот политички интегритет е одамна завршен. Ги знае многу добро проблемите во здравството, и реши само мал, минијатурен дел од нив. Барем привремено каде им ги покачи платите. Други ништо.
Самото дно го проби со справувањето со Ковид кризата и контрадикторните изјави. Дел базирани на свои перцепции, можеби форсирани од надвор, а не на научни.
Мораше, самоиницијативно, сам да си поднесе оставка уште кога започна политизирањето со Ковид кризата и Ковид мерките. Поставен е на чело на ресорот за да го има крајниот збор, а не последен да биде зборот на нивниот најголем коалиционен партнер. Тука мораше да се повлече и никој немаше да му замери затоа што би го напуштил бродот кој тоне на среде пандемија. Направија огромна штета со политизирањето. Тука ја доби првата интерпелација која никогаш не ја виде светлината на денот.
Вакцините беа посебна приказна, ама и тука се политизираше, притоа прогонија 3 руски дипломати за неполна година! Руската вакцина, понудена на 18ти август 2020 беше ладнокрвно одбиена. Тоа не може да се заборави.
Сега е веќе касно за тоа, но не е касно, од морални причини, да си поднесе оставка и да отиде во политичкиот заборав.