Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.252
Поени од реакции
9.835
Нека вадат сега коњопои пред влада “газдите” кога ќе им ги затворат керпичите. И тоа кафич/диско Интермецо шема мора да прекине или да биде регулирано да личи на нешто. Власта има отворени раце по ова прашање што се однесува до јавноста. Сите си ги знаеме шупите во своите градови, останат ли функционални до крајот на месецов, тури пепел и на оваа власт.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
331
Поени од реакции
1.414
Во Скопје ниту едно диско нема со 2 излези. Може има ама сега вака, не ми текнува кое. Едино од летниве ако има некое.

Станица и 1212 ако ги рачунаме како по „екслузивни“ места (прошле покрај ова, сега се тешка бљувотина) се дно дна. Дупки... едното под земја, другото на спрат.
Единствено што ги дели малце е што не се од таков материјал... бар ѕид имаат и нормален кров.

Не знам дали сте биле во Пулс, али кровот им е цел од стиропор/памуци... за звучна изолција. Е сеа додади тука фактор македонската работа, каде место професионалци во поле на пиротехника, се мења со „имам пријател“ и место 50 евра за екипа на инсталација „уживај ние ќе ги ставиме“ доаѓаме до ова.

Не сакам да судам, нема човек што може да го посакал ова да се случи али реално да збориме, ниту едно диско не исполнува услови за ноќен клуб.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.726
Поени од реакции
7.444
Зар не ја знаете "скопската" шема на кафичи и дискотеки? Еве и за некое чудо да ги затворат утре. За 1 месец интермецо и сите останати локали ќе се вратат во постоење, само со ново име, како и многу пати до сега.
Не гледам излез за нас од овој циркус, 30 години мама ебаа сите, многу е доцна. Се дур затвор е научна фантастика за многу, ќе си тераме по старо.
Интермецо, колку пати е затварано и затварано, нема да работи еден месец после пак иста песна. Колку пати е пријавувано за гласна музика навечер од жителите, се е џабе.
Минатиот месец и во терминал имаше пожар, дознав од колешканкоја салаше да оди таму. Таму е еден излез и еден влез.
 
Член од
16 јануари 2025
Мислења
54
Поени од реакции
184
Мецо има фора што ја користи , имаат регистрирани 2-3 фирми у лер. Доаѓа инспекција ги затвара се префрлаат на нова фирма и за помалце од 2-3 саати се оперативни пак.

Името останува исто фирмата позади е различна.. самите инспектори беа зачудени
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
212
Поени од реакции
196
А тек кога ќе стигнат до финансискиот дел :pos:
Памти некој да му дале фискална во диско?
Или ако платиш во кеш, многу пати не носат фискална (или добрата шема фискална ти носи од друг временски период :icon_lol:)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.718
Поени од реакции
31.628
Ne se samo nokni klubovi, Univerzalna se peplosa a trebase so drzavni pari da bide so visoki standardi.
Cista sreka sho bese i taa napustena dolgo vreme.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.331
Поени од реакции
17.516
Се јави говнарот, не била битна лиценца, МВР е виновна, настан со 1500 гости, пиротехника...
Па прашање е Дали е Побарана од МВР дозвола за пиротехника ??!!
Дали е најавено 1500 гости или 250 !!
Каква пожарна кога НЕМА приод за пожарна, а нема ни хидранти...
Па Изгоре Глобал во Струмица, без жртви за среќа, нестандардни хидранти ставил инвеститорот, ама Никој не одговараше, Државата ( сите ние ) Покри се...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.378
Поени од реакции
8.590
Слабо одам по дискотеки не знам како стојат некој работи.
Ме интересира самиот газда одлучил дали ќе има пиротехника оние прскалки оган вечерта или е тоа одлука на изведувачите бендот?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.524
Поени од реакции
8.321
Многу лошо...Со солзи во очи читам и пишувам.
Деца, златни деца. Им се радуваш, не спиеш, ги гледаш, чуваш, храниш, школуваш... и на крај ова...
Сочувство до родителите.

Клучните 2 збора - системска корупција.
Во Македонија нема дејност, нема бизнис кој е под конец и според правила и прописи.
Утре да се направи независен експертски надзор и контрола, 99.9% од бизнисите во Македонија ќе бидат затворени. Ама сите, буквално за сите бранши зборувам.
Дали заради фалц документи, дали ради затајување и заташкување пари, долгови, дали преку местени тендери, дали преку непријавена роба, сметководствени малверзации, непријавување работници, непријавување промет, немање безбедносни/санитарни и секаков вид на сертификати, техничка неисправност и тн и тн.Сеопшто безредие и катастрофа во секоја пора од општеството.

А најлошо од се е што сите се прават светци и човечишта дали пред други/во јавност, а уствари се и самите шлајм. Како бе може до толку клинички, со табиет социопати и психопати да имаме по глава на жител, стварно не знам.

Колку ли фирми и бизниси во Македонија функционираат со фалц документи, замрзнати сметки и си шибаат, секако потплаќаат локална дебилана од инспектори, немаат фискални и тн и тн. Кој знае колку бурекчилници, железари, продавници функционираат на овој начин ?

Пази, прашање е дали сите потребни инспекции (од МВР, мин. за економија, локална власт, противпожарни служби и... ) воопшто биле на некаков увид да видат што е уствари диското... Значи овде не зборуваме за потплаќање на еден човек од една институција, тука говориме за мито кон на неколку институции/инспекциски екипи и неколку ешалони на власт (централна и локална секако). Веројатно се иде директно на source-от односно изворот, се плаќа, и се добива наредба - "не чепкај, ова се наши луѓе овде", и никој ни чепнал ни видел, веројатно е тоа работава.
Секако, после тоа, како што гледавме низ годиниве, се иде на нов ешалон потплаќање во судство/обвинителство и се тоа се заташкува.

Генот ни е корумпиран и злобен, луѓе.
Едноставно општествово е до толку сјебано и корумпирано што веќе како да им е всадено на луѓево што никнуваат на овие простори. Како default на секој што се раѓа овде. Секоја пора е корумпирана и тоа не може да го смени еден човек, едноставно е начин на функционирање на луѓево, на кој се навикнавме.
Сеа можам да почнувам тука таксативно да ги наведувам сите сегменти од типот на образование, здравство, инфраструктура, администрација и тн, ама џабе е, коруптивни сме одгледани, коруптивно сме растени. Немаштијата очигледно ни ја еба мамата. Сакаме да сме европјани, ама сме сиромаси и во џеб, во ум, душа и срце. Сиромави и, следствено на тоа злобни.
Океј, револтот и протестите се одраз на тоа до каде ни е свеста... Ама што после тоа ? Ќе искочиме, ќе протестираме, и ? Пак за 10 години ќе има некој локален бандит, пошто е близок со "луѓе", да си прави што сака? Да стека пари бесконечно ?
Протести имало за милион работи, се смени ли нешто ? - Не.

Еве, цел ден читање социјални медиуми, видеа, телевизии, агенции за новости... Јас не прочитав, нема ни да прочитам логична, практична и апликабилна идеја или пост во кој што ќе се дебатира и анализира, КАКО и кои чекори треба да се преземат за да вакви работи не ни се случуваат ? Уште помалце кој и како ќе ги преземе тие чекори ?

Абе мува не ги лази, утре пак по старо... и инспектори и џандари и функционери и локални моќници. Пошто немаат свест за други, едноставно такви манипулативни глодари немаат осет дека нивниот потпис значи ОДГОВОРНОСТ кон други луѓе. Само својот џеб и својот интерес. Анималистичко его, полно со трауми и немаштија - е тоа ни е колективната свест.

Не знам искрено, родител сум на мало дете, ова ме погоди во срж. Како бе утре тоа дете да го пуштам да ужива во својата младост на улица надвор ?
Како да го пуштам у школо каде што неговите учители ќе бидат полуписмени ботови ? Како да го пуштам у школо со невоспитани и истрауматизирани дечишта?
Како да го израснам овде во оваа вукојебштина и хорда? Морал и етика овде НЕМА... Емпатија 0.

На моменти си викам, добро бе, ја ли сум таков мизантроп интровертен или што е работа ? Кога сфатиш дека вистински добри луѓе се стварно ретки во државава, више се во тотално изумирање и оставени на маргина. Луѓе без суета, без его, без дамка во својата кариера/живот, во Македонија, за жал, нема.
Односно веројатно ги има во микро цифри, ама тие се во тотална маргина оставени од хиени/орки и такви "Види ме јас колку сум добро човече", а позади грб ти остри нож, односно меч.

Жално за родителите... Никој не ја заслужува таа болка.
Деца златни, нека почиваат во мир.
За овие што се по болници во мкд и низ светот, посакувам да се живи и здрави, и да се изборат со оваа траума и тага.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.422
Поени од реакции
3.715
Слабо одам по дискотеки не знам како стојат некој работи.
Ме интересира самиот газда одлучил дали ќе има пиротехника оние прскалки оган вечерта или е тоа одлука на изведувачите бендот ?
На сите настани на кој настапувале составен дел им била пиротехниката така се пишува по порталиве,лично не сум бил присутем на нивни настан незнам како е.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
331
Поени од реакции
1.414
Слабо одам по дискотеки не знам како стојат некој работи.
Ме интересира самиот газда одлучил дали ќе има пиротехника оние прскалки оган вечерта или е тоа одлука на изведувачите бендот ?
Желба за прскалки може да биде и на 16 годишен копиљ кој сака да изглеа јако на инстаграм стори. Небитно е тоа...

Само 1 може да биде одговорен, евентуално 2ца. Сопственикот на локалот и главниот менаџер на диското. Толку. Бендот може да побара и авион да слета на бина, ако нема услови за тоа нема да се реализира.

Ова е чиста несреќа. Од глупост, од обична забава, од желба за добар настап 60 души загинаа.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.323
Поени од реакции
3.715
Слабо одам по дискотеки не знам како стојат некој работи.
Ме интересира самиот газда одлучил дали ќе има пиротехника оние прскалки оган вечерта или е тоа одлука на изведувачите бендот?
Изгледа биле дел од сценски настап по она што даваат вести дека било одганизирано како турнеја на ДНК со видеа од некој нестап пред некој ден скоро сличен... само што овде над сцена изгледа имало нешто многу запаливо :(
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.388
Поени од реакции
9.298
Првата грешка што е направена од страна на организаторот па и сопственикот откако настанал пожарот е што веднаш не ја исклучил комплетно целата електрична инсталација во објектот бидејки таа доколку е уклучена пожарот експресно се шири насекаде слично како што бидна со модуларната болница во Тетово.
Не, најголемата грешка е што пробале прво во полна неевакуирана сала да го "гасат" безумно пожарот со апарат кој содржи CO2! Јаглеродниот диоксид е потежок од воздухот и не е погоден за затворени простории.

Тој е апарат од класа Б и служи за гасење на запаливи течност или електроника пошто не е проводник и не го лади местото кое гори.

Лошото е што на тие деца тој црепот со апаратот им го земал и така малиот процент на кислород и ги "успал" жртвите во јаглерод диоксид наркоза.

Тој таван би можел со воден или пенест противопожарен апарат да се гаси ама во никој случај со CO2 апарат!

Каде се стандардите?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.548
Поени од реакции
7.037
Се јави говнарот, не била битна лиценца, МВР е виновна, настан со 1500 гости, пиротехника...
Па прашање е Дали е Побарана од МВР дозвола за пиротехника ??!!
Дали е најавено 1500 гости или 250 !!
Каква пожарна кога НЕМА приод за пожарна, а нема ни хидранти...
Па Изгоре Глобал во Струмица, без жртви за среќа, нестандардни хидранти ставил инвеститорот, ама Никој не одговараше, Државата ( сите ние ) Покри се...
Битна е лиценцата и кој ја издавал, како што идат информации, таква лиценца се давала годишно од 2014, значи овие што политизираат и ботуваат не разбираат дека овде има колективна и системска одговорност, 30 години криминали не доведува до ваква трагедија, оваа лиценца како што кажаа ем што е со поминат рок 2 дена пред трагичниот настан туку е и фалсификат кој е потпишан, треба да се извадат и претходните лиценци да видиме какви се луценците и кој ги потпишувал и сите да завршат по затвори, оти вака веќе неможе.
Автоматски споено мислење:

Слабо одам по дискотеки не знам како стојат некој работи.
Ме интересира самиот газда одлучил дали ќе има пиротехника оние прскалки оган вечерта или е тоа одлука на изведувачите бендот?
Сеуште нема информации кој сакал пиротехники дали некој дозволил, плус има и закон за пиротехника, но како што разбирам за вакви прскалки не бил регулиран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom