Многу лошо...Со солзи во очи читам и пишувам.
Деца, златни деца. Им се радуваш, не спиеш, ги гледаш, чуваш, храниш, школуваш... и на крај ова...
Сочувство до родителите.
Клучните 2 збора - системска корупција.
Во Македонија нема дејност, нема бизнис кој е под конец и според правила и прописи.
Утре да се направи независен експертски надзор и контрола, 99.9% од бизнисите во Македонија ќе бидат затворени. Ама сите, буквално за сите бранши зборувам.
Дали заради фалц документи, дали ради затајување и заташкување пари, долгови, дали преку местени тендери, дали преку непријавена роба, сметководствени малверзации, непријавување работници, непријавување промет, немање безбедносни/санитарни и секаков вид на сертификати, техничка неисправност и тн и тн.Сеопшто безредие и катастрофа во секоја пора од општеството.
А најлошо од се е што сите се прават светци и човечишта дали пред други/во јавност, а уствари се и самите шлајм. Како бе може до толку клинички, со табиет социопати и психопати да имаме по глава на жител, стварно не знам.
Колку ли фирми и бизниси во Македонија функционираат со фалц документи, замрзнати сметки и си шибаат, секако потплаќаат локална дебилана од инспектори, немаат фискални и тн и тн. Кој знае колку бурекчилници, железари, продавници функционираат на овој начин ?
Пази, прашање е дали сите потребни инспекции (од МВР, мин. за економија, локална власт, противпожарни служби и... ) воопшто биле на некаков увид да видат што е уствари диското... Значи овде не зборуваме за потплаќање на еден човек од една институција, тука говориме за мито кон на неколку институции/инспекциски екипи и неколку ешалони на власт (централна и локална секако). Веројатно се иде директно на source-от односно изворот, се плаќа, и се добива наредба - "не чепкај, ова се наши луѓе овде", и никој ни чепнал ни видел, веројатно е тоа работава.
Секако, после тоа, како што гледавме низ годиниве, се иде на нов ешалон потплаќање во судство/обвинителство и се тоа се заташкува.
Генот ни е корумпиран и злобен, луѓе.
Едноставно општествово е до толку сјебано и корумпирано што веќе како да им е всадено на луѓево што никнуваат на овие простори. Како default на секој што се раѓа овде. Секоја пора е корумпирана и тоа не може да го смени еден човек, едноставно е начин на функционирање на луѓево, на кој се навикнавме.
Сеа можам да почнувам тука таксативно да ги наведувам сите сегменти од типот на образование, здравство, инфраструктура, администрација и тн, ама џабе е, коруптивни сме одгледани, коруптивно сме растени. Немаштијата очигледно ни ја еба мамата. Сакаме да сме европјани, ама сме сиромаси и во џеб, во ум, душа и срце. Сиромави и, следствено на тоа злобни.
Океј, револтот и протестите се одраз на тоа до каде ни е свеста... Ама што после тоа ? Ќе искочиме, ќе протестираме, и ? Пак за 10 години ќе има некој локален бандит, пошто е близок со "луѓе", да си прави што сака? Да стека пари бесконечно ?
Протести имало за милион работи, се смени ли нешто ? - Не.
Еве, цел ден читање социјални медиуми, видеа, телевизии, агенции за новости... Јас не прочитав, нема ни да прочитам логична, практична и апликабилна идеја или пост во кој што ќе се дебатира и анализира, КАКО и кои чекори треба да се преземат за да вакви работи не ни се случуваат ? Уште помалце кој и како ќе ги преземе тие чекори ?
Абе мува не ги лази, утре пак по старо... и инспектори и џандари и функционери и локални моќници. Пошто немаат свест за други, едноставно такви манипулативни глодари немаат осет дека нивниот потпис значи ОДГОВОРНОСТ кон други луѓе. Само својот џеб и својот интерес. Анималистичко его, полно со трауми и немаштија - е тоа ни е колективната свест.
Не знам искрено, родител сум на мало дете, ова ме погоди во срж. Како бе утре тоа дете да го пуштам да ужива во својата младост на улица надвор ?
Како да го пуштам у школо каде што неговите учители ќе бидат полуписмени ботови ? Како да го пуштам у школо со невоспитани и истрауматизирани дечишта?
Како да го израснам овде во оваа вукојебштина и хорда? Морал и етика овде НЕМА... Емпатија 0.
На моменти си викам, добро бе, ја ли сум таков мизантроп интровертен или што е работа ? Кога сфатиш дека вистински добри луѓе се стварно ретки во државава, више се во тотално изумирање и оставени на маргина. Луѓе без суета, без его, без дамка во својата кариера/живот, во Македонија, за жал, нема.
Односно веројатно ги има во микро цифри, ама тие се во тотална маргина оставени од хиени/орки и такви "Види ме јас колку сум добро човече", а позади грб ти остри нож, односно меч.
Жално за родителите... Никој не ја заслужува таа болка.
Деца златни, нека почиваат во мир.
За овие што се по болници во мкд и низ светот, посакувам да се живи и здрави, и да се изборат со оваа траума и тага.