Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
30 декември 2007
Мислења
799
Поени од реакции
349
На ноќен клуб Јагода во Битола инспекторатот не му одобрува лиценца 6 месеци, ради шо е поранешен хангар и на кровот има греди, иако имат обезбедено влез/излез.
Расчекор 30тина години работи а мислам само една обична врата има за влез излез, плус внатре пола е со некои ептен ниски тавани.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
302
Поени од реакции
274
Ставот ти е дефетистички. Мора да одговараат сите, мора да се спроведе ред еднаш засекогаш, неможе сите да се иселат, какво ти е тоа размислување. Македонија е наша татковина.
Не разбирам како ќе одговараат кога немаме правосудтство?
Кој ќе ги суди на луѓево багра ко во среден век?

Секој втор, укради во државата и бегај во Унгарија и Косово. 3 декади е истата песна.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.267
Поени од реакции
6.350
Првата грешка што е направена од страна на организаторот па и сопственикот откако настанал пожарот е што веднаш не ја исклучил комплетно целата електрична инсталација во објектот бидејки таа доколку е уклучена пожарот експресно се шири насекаде слично како што бидна со модуларната болница во Тетово.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
624
Поени од реакции
1.418
Ne pravam spinovi, go dodadov toj del kako primer.
Vo zemji vo Azija i Afrika imash upravuvanje od vojska / generalshtab. Dali toa ti e vizija za podobra idnina vo Makedonija?
Zoshto mislish deka drzhavno vraboteni vo ARM se imuni na kriminal i korupcija, posebno vo period koga statusot (a valjda i budzetot) na armijata se konstantno degradirani? Pa edvaj ima eden mesec kako se pishuvashe za tatko mu na Vaso i slichni vo druga tema.
Мојата визија за подобра Македонија буквално се косит од ова денес како колектив, од страна на поединец сум давал и ќе давам макс. Ако немат партија на власт онда АРМ управуват со земјата и то е факт а не мислење.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.675
Поени од реакции
10.065
Страшно, за миг и ја снема пола младина во Кочани. Нека почиваат во мир.

Прво ќе го тргнам газдата од ова, психо ненаситен, само пари и пари и пари, видовме, знаеме, јасно ни е.

Нешто што еве и да ме нападнете е како, како родител некој спие мирно додека детето од 14 години во 2 по полноќ не е дома а не па во кревет. И останатите малолетници. Јас до 21 година имав излез до 12.

Друго, бог нека ги прости тие што починаа од днк ама....
Добро побогу не гледаш кај настапуваш? Не гледаш дека си во штала што празна ќе падне а не со 1500 луѓе внатре? И плус пиротехника???

Џабе е сега се, објектите немаат едни стрелки за насока во случај на евакуација не па врати, апарати и заштити. Ни имале ни ќе имаат. Седум дена и се ќе продолжи по исто. Не сме ние држава него една целина со дебили што ќе стават слики со свеќи и гулаби за секоја несреќа што ќе се случи за која треба борба, сплотеност, правда, луѓе, немири и за три дена се ќе заборават.
 

TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
201
Поени од реакции
161
Епицентар и Минус гарант затвараат за век веков.
И шупана станица. Плус ако ги чешлаат овие во парк 100% ги затвараат.
Интермецо има нон стоп проблеми, можеби ова му е крајот.
Евент центар (колосеум) исто има само еден влез/излез.

Вака ако разгледаш добро од утре треба сите дискотеки/кабареа/ноќни клубови/хибриди да ги затворат.

Јас верувам дека ќе има инспекции, ама ќе има и многу вртења телефони и мито од утре.

Исто многу би сакал да ги расчешлаат магацините и кујните на сите угостителски објекти :D
Ако веќе го искоренуваме системот, еве им идеа на инспекциите утре (y)

Објект нема да остане, ако се иде по процедури
 

corban83

Corban
Член од
22 јули 2024
Мислења
76
Поени од реакции
56
Не сме ние држава него една целина со дебили што ќе стават слики со свеќи и гулаби за секоја несреќа што ќе се случи за која треба борба, сплотеност, правда, луѓе, немири и за три дена се ќе заборават.
Повистина од ова не може
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.807
Поени од реакции
8.652
Фалц била лиценцата, за тоа се на тапет потписниците, а за сега што немале лиценца еден ден веројатно требал менаџерот на музичарите да бара лиценца, посебно што користеле пиротехника ??...како и да е , газдата на прчварницата секако одговара, и за фалц и за немање лиценца... Не знам дали кај нас Општината има служба која поединачно дава одобрениа за секој концерт?? На пример , во Хрватска, некој градчиња поништување договори за настап на српски уметници ( од политички причини) , ...
Како што напишав и претходно, иако се преклопуваат надлежностите, општините имаат инспекциска служба која треба да прави проверки на терен, зошто сеуште ги имаат надлежностите од Југославија каде општините биле одговорни за се на терен. Еве ти опис на работно место овластен градежен инспектор, угостителски објекти се од категорија три.

1742157681159.png

На ниво на град скопје ги имаш и како :

- Одделението за инспекциски надзор од другите надлежности на Град Скопје, врз основа на закон, врши инспекциски надзор во следниве области од надлежност на Град Скопје:

  • угостителство–контрола над вршители на угостителска дејност од мал обем;
  • туристичка дејност–контрола над вршители на туристичка дејност од мал обем;
  • работите од областа на средното образование-средни училишта и ученички домови основани од Град Скопје;
  • работите од областа на спортот–спортски објекти во сопственост на Град Скопје, спортски клубови основани од Град Скопје и локални спортски натпревари.
Општина Кочани има двајца вработени градежни инспектори, ги скрив сите лични информации во случај да не почне да ја споделуваат луѓе и да почнат своја правда да си тераат. Али на страната на општината ова се јавни податоци :

1742157975918.png

Па треба да се види како овие двајца како и сите други во последните 14 години кои ја држеле оваа позиција, така им промакнало дека има дискотека која не е според прописи, а и сите градоначалници како ја утнале истата. Нека им дадат на градоначалниците и на инспекторите по 20 години, па да видите како многу брзо ќе почне да се следат правила.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
33.127
Поени од реакции
68.258
Првата грешка што е направена од страна на организаторот па и сопственикот откако настанал пожарот е што веднаш не ја исклучил комплетно целата електрична инсталација во објектот бидејки таа доколку е уклучена пожарот експресно се шири насекаде слично како што бидна со модуларната болница во Тетово.
Братко, тоа покривот една обична искра успеа да го запали и се рашири оган во пречник од 50цм во рок од 20-30 секунди. Никаква разлика не би направило дали била или не била исклучена инсталацијата, види со каква брзина се шири огнот. Гори тоа покривот како со бензин да е полеан, сеуште не ми се верува дека ан некој генијалец му текнало таков материјал да користи во објект со ваква намена.

Друго, бог нека ги прости тие што починаа од днк ама....
Добро побогу не гледаш кај настапуваш? Не гледаш дека си во штала што празна ќе падне а не со 1500 луѓе внатре? И плус пиротехника???
Другар ми е од бенд кој често свиреше во тој објект. Таа сликата од позади кога ја виде, и тој се чудеше дека е такво скоро распаднато, зашто кога си на свирка влагаш низ главниот влез, и не гледаш од надвор каков е објектот. Често свирките почнуваат касно навечер, па во ноќ влегуваш во објектот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom