Тоа е што е луѓе, кога 30 години сееш "Не можам да се замарам", на крај ќе ги жнееш последиците. Вакви нагазни мини има на сите страни, и со тек на време неминовно е дека на некоја некој ќе згази. На ниво на локална власт се има собрано таков џган и неписменост што веќе одалеку ја одминаа и централната власт во поглед на тоа колку штетата прават. И уште полошо е што поради тоа што штетата која ја прават е баш ваква на мало, едно документче тука, едно печатче таму, едно катче екстра ваму, едно неодржување на згради и на крај така сите овие мали грешки се собираат заедно во една катастрофа.
И сега следниве неколку недели сите ќе дробат за следење на стандарди итн... а под тоа мислат дека сите други треба да ги следат стандардите освен они. Ако им кажеш дека они треба да направат и најмала жртва, очите ќе ти ги ископаат.