Од видеава што се вртат, изгледа сите внатре апсолутно не ја сфатиле сериозно ситуацијата.
Се запалила заштитната завеса (wtf is this?), па некои со ПП апарати пробувале да изгасат, додека ДНК уште пејат. Панчо им вика излегувајте, ќе се вратиме да се среди. Веројатно отишле по вециња дел, некои на цигара.
Има едно споделено стори каде што кафичот е веќе скоро целосно празен, а неколку луѓе го гасат пожарот со ПП апарати, додека членовиве на ДНК бавно си се собираат. Штом се испразнил цел тој дел, значи сигурно едно 10-тина минути лабаво си гаселе оган, место да излезат надвор. Веројатно тука паѓа таванот и ѓаволот ја однел шегата. Настанува стампедо на влезот, се шири чад кој ги онесвестува и то је то.
Колку и да е шупа дискотеката, да се воделе по протоколи можело се' ова да се избегне.
Уште не можам да си дојдам на себеси, каква трагедија...