Ако се нафатил да ја работи таа работа не треба да прифаќа ало од тие два телефони, и сега ке одговара за тоа што не бил кадарен да ја работи таа работа а му бил сладок државниот леб. Ако од некаде му рекле некаде да не влегува, требало да не ги послуша и да влезе и да си ја заврши работата, ама на него му бил сладок државниот леб и тоа што ке му дадат под рака.. е сега треба да одговара, и тој и тие што му се јавувале и тие што му наредувале. Нека не фрлаат пепел дека сите сме одговорни, дека системот е трул.... таквата пепел значи избегнување на одговорноста, глупости како ,,да се запрашаме сите кога некаде сме влегле преку ред,, нека си кажуваат по дома, овде одговорноста има точни имиња со презимиња, има точно кој државен орган што требало да прави и има лица во тие органи кои се знае што точно требало да прават, а не правеле или правеле погрешно за пари или партија или биле некадарни.