-Каков е тој жив бог?Имаш контакт со него?Какви работи си достигнал со негова помош?Дали се со негова помош,или ти си ги постигнал лично,со својата интелигенција и свест?
-Јас не сум христијанин,и пак не се плашам од смрт.Верувам во реинкарнација,зар не ослободува верувањето во тоа дека,после овој живот имаш нов,нова шанса...Ова е само фрагмент од непрекинатиот циклус на кружење на енергијата.
-Искрено,кога веке зборуваме за тоа,колку луге заслужиле да одат во Рајот?Колку луге навистина ги почитуваат начелата на Библијата?
Реално никој.Зошто?Поради тоа што тие начела одат против природата на човекот.Кажи ми еден човек кој нема зли мисли?Некој кој што не направил нешто себично?Некој што не прекршил ниедно од десетте правила?Нема таков,нели?Сите се грешници,тоа е факт.Според тоа,никој нема да оди во Рајот.Стравот од тоа,во никој случај неможе да ослободи креативност,туку само повеке желба да се искористат материјалните добра на овој свет,додека се тука,да се гледа само за себе,да се акумулираат што повеке извори на задоволство,без разлика дали со тоа се повредува некој.
-И да,од кого е тоа ветување?Си размислил некогаш дека,можеби и не е така?Дека можеби има нешто повеке.Немој да бидеш толку ортодоксен,премногу си интелигентен за тоа.
-Во секој случај,ако тоа те ослободува и ти дава мир,тогаш,остани така. Поздрав:smir: