Науката е ограничен процес кој се дефинира со нешто што се мери и повторува, неможе да се занимава со работи како што се фунадменталното, потеклото, смислата или моралноста.
Всушност постојат и работи кои се видливи за науката а таа пак не е во состојба да ги разоткрие..едноставен пример..Земјата е накривена за 23 степени(и децата го знаат тоа) и без тоа накривување годишните времиња се невозможни..мислите дека се работи за случајност...
Проблемот е во тоа што Божјите патишта се повисоки од човековите..
Еве уште еден пример...луѓето имаат желба за постоење и вечно живеење..таа потреба ја чуствуваме и разбираме но никогаш нема да ја имаме без Господ...природната привлечност спрема вечноста ни е врградена..но од некој друг, ако зависеше од нас оддамна ќе ја измамивме смртта...
Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.Зар ги познаваш ти небесните закони, па да им доделиш ним сила на земјата
Стравот од Господ е оправдување за неверувањето во себе и своите способности.Религијата прави лугето да се осекаат ограничени.Става граница до кај можат да одат со нивните размислувања,до каде можат да ги развиваат своите идеи...
Тој страв е наметнат,бидејки ако секој човек се почувствува слободен,да може да ја развива својата креативност до крај,ке излезе од патернот на секојдневното живеење,и ке добие друга перцепција на животот и неговиот тек,која во никој случај не би им одговарала на "големите",бидејки,реално,нив им требаат машини за работа,без никакви идеи,без никакви размислувања...Роботи кои се поклонуваат и се убедени дека не се способни да направат нешто поразлично,да сменат нешто,туку многу им е пофино само да си го одживеат нивниот монотон живот со мотото:Од многу мислење,боли глава.
А и ако некој се обиде нешто повеке,тука настапува Бог,религијата и нејзините догми и граници,застрашување дека ке одиш во Пеколот ако направиш нешто што би ги поминало тие граници.Совршен начин за контрола на масите,мораш да признаеш.
А всушност,граници нема.Не постојат.Се е возможно.Универзумот е безграничен,исто и можностите на човечкиот мозок...потврдено со факти милион пати.Науката ги побива догмите на религијата на секое можно поле.Сега останува само на свеста на лугето.А кога и свеста ке еволуира,тогаш ке почне нов свет.Kingdom of love.