Плински уреди

Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
А дали и Ксара од 2003 со 1.4 бензински мотор спаѓа во истата група проблематични возила?

Xsara 2003 е со сосем различна технологија и бензински софтвер од таа од 1998 година. Има стабилен бензински софтвер, одлично отварање на бензинските инјектори гледано од аспект на нивно следење од страна на плинскиот софтвер и инјектори, дури и монтажата е релативно едноставна. Со еден збор, идеално ,,го прифаќа,, плинскиот погон.
Таа од 1998 има многу ниско време на отварање на бензинските инјектори. Самиот плински софтвер и инјектори тешко ги преработуваат овие брзи промени, така да мора да се внимава и при монтажата и калибрација.
поздрав

--- надополнето ---

Плимонт а да дојдам ја до кај вас најдобро би било нели?Патем која цена би било отприлика ако има некоја компјутерска интервенција за калибрирање доколку не е добро калибрирана?

Последниве години излегоа цел куп плински софтвери со електроники (полски,руски,турски, дури и бугарите имаат свои уреди ,,бардолини,, и ,,фобос,,), кој, за да се состават како целина (плински уред) користат елементи од други производители. Обично редукторот (испарувач) е томасетто, гас инјекторите раил или валтек итн. итн.
Порано беше едноставно, се монтираа две / три марки на автогасна опрема, доколку не сте задоволен, ќе отидевте кај друг сервисер. Сега е проблем, со тие типови уреди сте врзан за сервисерот, бидејќи треба софтвер и интерфејсен кабел за да може да се дијагностицира проблемот. Кај вашето возило, и искуство со плинскиот софтвер.

Сето ова го објаснувам, од причина , што тие уреди не ги работиме и немаме големо искуство од аспект, доколку направиме некоја промена во плинскиот софтвер, како таа ќе се одрази врз возилото. Може да поминете, имаме неколку типови на интерфејсни кабели, доколку во вашето возило е некој од тие софтвери ќе пробаме да ви помогнеме. Кога нешто не ни е примарна дејност не го наплаќаме. Поминете
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Кои марки на автомобили имаат договор со вас (пример купувам ХХ марка кола нова и вие ми ставате плин и фабричката гаранција си останува)?
 
KOKO AR.

i jas tebe
Член од
22 декември 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Ајде уште за 5.4% ни го начукаа денес по барање на макпетрол во уста да им го :drk:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ајде уште за 5.4% ни го начукаа денес по барање на макпетрол во уста да им го :drk:
незнам за што збориш... толку се качува плинот? за 5,4% поскапува плинот... тоа значи дека ке биде 44 или 44,5 на бензинските?
 
T

Tetro

Гостин
Како тргнала работава, ќе дојде денот кога ќе собираме прдежи у тегла и од нив ќе произведуваме погонски горива, мме.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Кои марки на автомобили имаат договор со вас (пример купувам ХХ марка кола нова и вие ми ставате плин и фабричката гаранција си останува)?
Сите производители на возила (OEM) во својата понуда (малку позната информација) имаат возила на плин, односно, по спецификација, LPG vehicles или bi-fuel vehicles. Овие LPG модели на возила како уред го користат, Европските OEM Landi Renzo Omegas, и дел од Азиските OEM – Landi Renzo Omegas, специјално произведен спрема техничките спецификации на конкретното возило.
Овој специјален Landi Renzo Omegas се разликува од универзалниот Omegas што се вградува во Македонија во држачите со кој се прицврстуваат елементите од уредот на возилото.

Доколку се вгради овој специјален уред во конкретно возило во Македонија, тогаш ќе важи меѓународна гаранција на возилото. Меѓутоа, тој е двојно поскап и неисплатлив, доколку се нарача директно од фабрика bi-fuel возило, уредот е трипати поскап отколку да се вгради тука, а ќе се појават проблеми при атестирање на уредот. Доколку се вгради универзалниот Omegas, производителот на возила не го одобрува, така да можно е дилерот на таа марка да дојде во конфликт со производителот, што е малку веројатно, меѓутоа постои можност.

Затоа, дилерите на возила се воздржани во поглед на возила на плински уред. За подетални информации околу условите за вградување на плински уред на конкретното возило би требало да се информирате кај фирмата импортер. Воглавно се работи за интерни договори со кои на клиентите останува да важи гаранцијата на возилото кај овластениот импортер (престанува да важи меѓународна гаранција). Притоа, нарачката и уплатата на плинскиот уред се прави кај импортерот, кој ќе го евидентира возилото на кое ќе се вгради плински уред, а одржувањето е кај нас.

Во продолжение ќе постирам марките на автомобили кај кои може да се издејствува плински уред, и притоа да важи гаранцијата:
- VW
- SKODA
- AUDI
- SEAT
- RENAULT
- DACIA
- KIA
- DAIHATSU
- SUBARU
- PEUGEOT
- LADA
- FОRD
- OPEL
- CHEVROLET
Можно е да сум превидел некои

--- надополнето ---

Ајде уште за 5.4% ни го начукаа денес по барање на макпетрол во уста да им го :drk:
И јас слушнав неофицијално за некое можно покачување на плинот, мада од сеќавање од претходните зимски периоди, би требало по малку да поефтинува и таа тенденција на поефтинување да заврши во март / април негде
 
Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Гестапо,
Ксара (1998 год.) спаѓа во групата на проблематични возила, од аспект на плински погон, и како што констатираше nikola_bb бара големо внимание при монтажа и калибрирање на плинскиот уред.
За да се намалат „коњите“ на возилото, потребно е да се намали плинската карта на вбризгување. Меѓутоа со влегување во сиромашна смеса, бензинскиот компјутер (ECU) го детектира самото осиромашување и како одговор праќа сигнал за зголемување на времето на отварање на бензинските инјектори. И покрај тоа што сигналот не стигнува до бензинските инјектори (возилото во моментот е на плински погон), самиот бензински ECU (кој има “self-learning”) ја детектира потребата од зголемено време на отварање на бензинските инјектори и може да помине во друг “mode” на работа, и како последица да се појават недостатоци во работата на моторот.
Второ, самото осиромашување на смесата (доколку се претера, а тие граници се доста „тенки“) ќе доведе до поголема потрошувачка на гас. Моторот се мачи да ги исполни вашите команди, вие тоа не го осеќате, меѓутоа тој да.
Значи, за да се намалат ,,коњите”, потребна е голема претпазливост.

Општо познато е дека потрошувачката би се јавила од недобра калибрација на плинскиот уред или неисправност на некој елемент од самото возило. За да се утврди тоа, некогаш е поевтино (под услов вашиот сервисер да не може да постигне ништо, или не сте сигурен во неговите тврдења) да се побара второ, евентуално трето мислење од други сервисери на плинска опрема, отколку да се задржи таа потрошувачка.

Меѓутоа, во вашиот случај (редукторот е Tomasetto, за дијагностика е важна електрониката од плинскиот уред која сигурно не е Tomasetto) дали ќе се најде сервисер (освен вашиот) кој има опрема за дијагностика за таа марка на автогасна опрема, за да даде второ мислење во поглед на потрошувачката.

Која марка е плинскиот ECU?

Pozdrav
Ај кажете ми дали има плински уред за Мерцедес ЦЛК 200 компресор 2000 година и колку кошта и кој плински уред е најдобар...веќе иам местено кај вас и сум презадоволен. Благодарам
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Аман бе на мерцедес ќе му ставаш плин?
 
Благодарам за убавите зборови Sipy,
Кога сме кај Mercedes:
Проблематични се мoторите од 1992/93 до негде 1998 , не сите, него повеќето од тие со метална всисна грана. Имаат незгодно време на вбризгување, го манифестира како extra-injection, а не е, плинскиот ECU (компјутер) неможе да го исфилтрира.
И поновите, над 2002 година, со мала кубикажа а големи киловати (AMG tuning моторите). Тоа се моделите кој бараат посебно внимание при монтажа и калибрација.
Сите останати, меѓу кој и твојата мечка се со класична електроника и се лесни за калибрација, без да јават пост-појави. Затоа нема потреба при изборот на плински уред да се типува на скапа варијанта (околу 1000 еур), одлично ќе работи и класичниот секвентен уред. Италијанските плински уреди за мотор со турбина во комбинација со торусен резервоар ќе те фатат околу 670 еур.
Поздрав

Мерцедес не е баш мал потрошувач на гориво, голем број сопственици на оваа марка се одлучуват за вградување на плински уред.

Како тоа би изгледало на твојот модел и тип на мотор, CLK:

Уред Ланди Плус Макс поставен на CLK 2,0

Уред Ланди Плус Макс поставен на 2,0 Компресор

Плинска боца поставена на место на резервно тркало

Позиција на контролно копче

Полначка за плин поставена на долниот дел на заден браник

Полначка за плин поставена под капаче за бензин
 
Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Благодарам за убавите зборови Sipy,
Кога сме кај Mercedes:
Проблематични се мoторите од 1992/93 до негде 1998 , не сите, него повеќето од тие со метална всисна грана. Имаат незгодно време на вбризгување, го манифестира како extra-injection, а не е, плинскиот ECU (компјутер) неможе да го исфилтрира.
И поновите, над 2002 година, со мала кубикажа а големи киловати (AMG tuning моторите). Тоа се моделите кој бараат посебно внимание при монтажа и калибрација.
Сите останати, меѓу кој и твојата мечка се со класична електроника и се лесни за калибрација, без да јават пост-појави. Затоа нема потреба при изборот на плински уред да се типува на скапа варијанта (околу 1000 еур), одлично ќе работи и класичниот секвентен уред. Италијанските плински уреди за мотор со турбина во комбинација со торусен резервоар ќе те фатат околу 670 еур.
Поздрав

Мерцедес не е баш мал потрошувач на гориво, голем број сопственици на оваа марка се одлучуват за вградување на плински уред.

Како тоа би изгледало на твојот модел и тип на мотор, CLK:
Тој од 1000 евра мене ме интересира...тој има директно убризгавање посебно на секој цилиндар или грешам?И дали со тој помалку ќе троши за разлика од тој италијанскиот? Фала на одговорот :)
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Тој од 1000 евра мене ме интересира...тој има директно убризгавање посебно на секој цилиндар или грешам?И дали со тој помалку ќе троши за разлика од тој италијанскиот? Фала на одговорот :)

Sipy, во CLK мерцедес може да се вгради само секвентен плински уред, односно плински уред со инјектори, на секој цилиндар посебно. Значи, и двата уреди и за секој уред за кој ќе разговараме, се со плински инјектори и се од Италијански производител. Поскапиот ,,Landi Renzo Omegas” е поскап за одржување, а нема потреба да се вгради на твојата CLK. И со двата уреда ќе добиеш иста потрошувачка, иста снага...
Omegasot е интересен кај AMG тјунираните мотори со високи киловати а мали кубици, кај што големините во бензинската (а како последица и плинската) во софтверот карта, се многу различни кога моторот е во режим на работа во ,,idle" односно лер гас и ,,open loop” односно полно оптоварување при високи вртежи. За да се оформи правилно плинската карта како што пропишал производителот, за овие возила само-Омегас. Кај твојата CLK нема потреба
[FONT=&quot]Поздрав[/FONT]
 
Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Аман бе на мерцедес ќе му ставаш плин?
Реченицава е демек кој вози на плин е клошар? Зашо сите така мислите...значи и ова е начин на кој што може да иде колата и тоа доста поефтин а и е здрав за моторот,така да не глеам нешто клошарско во ова...а ако мислиш дека е клошарски да се става плин на мерцедес наведи ми барем 2 причини.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Реченицава е демек кој вози на плин е клошар? Зашо сите така мислите...значи и ова е начин на кој што може да иде колата и тоа доста поефтин а и е здрав за моторот,така да не глеам нешто клошарско во ова...а ако мислиш дека е клошарски да се става плин на мерцедес наведи ми барем 2 причини.
Ако има некој пари да купи мерцедес, ќе има и да тури во него гориво да вози, второ со плин моторот се уништува, нема доволно подмачкување, друго е бензин и дизелот. Сега плинот е многу скап незнам дали се исплаќа да се инсталира плин на мерцедес.
позз

--- надополнето ---

зашто па да не, кога му лапа 15 бензин..
Плин ќе има поголема потрошувачка од 15 насто, и сега скап е плинот. Да се инсталира плин на мерцедес не може да чини 200 евра како на југо, сигурно ќе чини над 1000 евра.
 
нај големата глупост што сум ја слушнал до сега (во минативе 10 години) е дека плинот го уништува моторот ВО ГООООЛЕМА ЗБЛУДА СИ!!!

ке појаснам и зашто:

плинот има пониска октанска моќност од бензинот, тоа значи дека има помала експлозија, помала детонација и помало оптаварување во клип одошто бензинот. од тука можеме да заклучиме дека ударот на кариките, клипот, цилиндарот, свекицата, радилицата, брегастата, ке биде помал и послаб, а тоа значи подолг век на траење... јас одговорно тврдам како еден од првите корисници на плин во македонија, дека моторите кои се возени на плин се подолготрајни одколку на бензин... лугето од незнаење вртат бош муабети па донесуваат заклучоци на глобално ниво... единствено нешто што плинот расипува се гумиците во карбураторот на било која кола што користи карбуратор. а ако не си знаел, во светот од пред 25 години не се призведуваат возила со карбуратор, освен се разбира застава и лада... а ни они више... а нај стварно и точно е дека, поради немање бензин во карбураторот, истиот се полни со прашина па се затнуваат дизни, сушат гумици и посл еколата не работи на бензин... и мајсторчињата локални што појма немаат од муабетот и функционирањето на плин, тврдеа и сеуште тврдат дека ПЛИНОТ Е СУВ И ГО ГОРИ МОТОРОТ... свашта... немој со вакви заклучоци што си ги слушнал од орле и дорле... прашај некој што знае.. еве јас знам, не работам со плин, нити пак со плимонт си имаме некакви бизнис релации, само ме нервираат вакви тврдења со цврст став без некаква реална поддршка...

плус, кажи ми каде има плин за 200 евра со документи за југо? идам на југото да му турам одма... чекам на одговор за локација... збориме за нов плин... во плимонт тоа е 360 евра.. за југо и сите коли на карбуратор (101, 128, лада, москвич и така натака) за мечкава ти пиша погоре дека е околу 600 евра а не 1000...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom