Гестапо,
Ксара (1998 год.) спаѓа во групата на проблематични возила, од аспект на плински погон, и како што констатираше nikola_bb бара големо внимание при монтажа и калибрирање на плинскиот уред.
За да се намалат „коњите“ на возилото, потребно е да се намали плинската карта на вбризгување. Меѓутоа со влегување во сиромашна смеса, бензинскиот компјутер (ECU) го детектира самото осиромашување и како одговор праќа сигнал за зголемување на времето на отварање на бензинските инјектори. И покрај тоа што сигналот не стигнува до бензинските инјектори (возилото во моментот е на плински погон), самиот бензински ECU (кој има “self-learning”) ја детектира потребата од зголемено време на отварање на бензинските инјектори и може да помине во друг “mode” на работа, и како последица да се појават недостатоци во работата на моторот.
Второ, самото осиромашување на смесата (доколку се претера, а тие граници се доста „тенки“) ќе доведе до поголема потрошувачка на гас. Моторот се мачи да ги исполни вашите команди, вие тоа не го осеќате, меѓутоа тој да.
Значи, за да се намалат ,,коњите”, потребна е голема претпазливост.
Општо познато е дека потрошувачката би се јавила од недобра калибрација на плинскиот уред или неисправност на некој елемент од самото возило. За да се утврди тоа, некогаш е поевтино (под услов вашиот сервисер да не може да постигне ништо, или не сте сигурен во неговите тврдења) да се побара второ, евентуално трето мислење од други сервисери на плинска опрема, отколку да се задржи таа потрошувачка.
Меѓутоа, во вашиот случај (редукторот е Tomasetto, за дијагностика е важна електрониката од плинскиот уред која сигурно не е Tomasetto) дали ќе се најде сервисер (освен вашиот) кој има опрема за дијагностика за таа марка на автогасна опрема, за да даде второ мислење во поглед на потрошувачката.
Која марка е плинскиот ECU?
Pozdrav