- Член од
- 30 јули 2010
- Мислења
- 172
- Поени од реакции
- 47
А дали и Ксара од 2003 со 1.4 бензински мотор спаѓа во истата група проблематични возила?
Xsara 2003 е со сосем различна технологија и бензински софтвер од таа од 1998 година. Има стабилен бензински софтвер, одлично отварање на бензинските инјектори гледано од аспект на нивно следење од страна на плинскиот софтвер и инјектори, дури и монтажата е релативно едноставна. Со еден збор, идеално ,,го прифаќа,, плинскиот погон.
Таа од 1998 има многу ниско време на отварање на бензинските инјектори. Самиот плински софтвер и инјектори тешко ги преработуваат овие брзи промени, така да мора да се внимава и при монтажата и калибрација.
поздрав
--- надополнето ---
Плимонт а да дојдам ја до кај вас најдобро би било нели?Патем која цена би било отприлика ако има некоја компјутерска интервенција за калибрирање доколку не е добро калибрирана?
Последниве години излегоа цел куп плински софтвери со електроники (полски,руски,турски, дури и бугарите имаат свои уреди ,,бардолини,, и ,,фобос,,), кој, за да се состават како целина (плински уред) користат елементи од други производители. Обично редукторот (испарувач) е томасетто, гас инјекторите раил или валтек итн. итн.
Порано беше едноставно, се монтираа две / три марки на автогасна опрема, доколку не сте задоволен, ќе отидевте кај друг сервисер. Сега е проблем, со тие типови уреди сте врзан за сервисерот, бидејќи треба софтвер и интерфејсен кабел за да може да се дијагностицира проблемот. Кај вашето возило, и искуство со плинскиот софтвер.
Сето ова го објаснувам, од причина , што тие уреди не ги работиме и немаме големо искуство од аспект, доколку направиме некоја промена во плинскиот софтвер, како таа ќе се одрази врз возилото. Може да поминете, имаме неколку типови на интерфејсни кабели, доколку во вашето возило е некој од тие софтвери ќе пробаме да ви помогнеме. Кога нешто не ни е примарна дејност не го наплаќаме. Поминете