Планинарење

Член од
17 август 2018
Мислења
33
Поени од реакции
5
Конкретниов модел Salomon, не знам. Они се фокусирани на трејл трчање, истураат огромни пари во маркетинг, меѓутоа мислам дека се едни од најфалсификуваните и со квалитет се сомнителни, барем овие кај нас. Имам купено од Sport M овде од Скопје, не беа многу скапи конкретните, ама многу чудно се испокинаа....се распаднаа практично, а имаа некоја просечна километража, ништо посебно немав поминато, ниту пак нешто екстремно. Имам Salewa, La Sportiva, друга димензија се во однос на Salomon во однос на споеви, квалитет на гумата....отприлика се' е подобро. А не ич евтин Salomon. Облеката им е ок, она што имам полари, маички, ама и тоа е overpriced.

Што се однесува до проспорт, порано у Скопје функционираше Словенијашпорт, во ГТЦ сутерен, до Ирскиот паб, поточно, пабот не ни постоеше кога функционираше таа продавница. Словенечките фирми здружено продаваа алпска опрема и беше единствено место каде што можеш да купиш Планика, Алпина, Елан, Топер, Рог (точаците)...искуствено можам да кажам дека тоа беа производи со врвен квалитет. Купуваш и користиш до крај на живот. Кога се расканта Југославија, некој ја наследи таа продавница, ама и тамошните брендови, не знам како се трансформираа, кој преживеа. Елан продолжи да го увезува, на истото место беше Мироспорт мислам, а Планика и Алпина отидоа во Пеко. И не само што отидоа во Пеко, туку и почнаа да се изработуваат во Романија и паднаа сериозно во квалитет. Овој Проспорт се појави у некое време, барем јас така мислам, 2000's, кога немаше други продавници за планинарска опрема. Они продаваа рибарска и ловџиска опрема и оружје, најгоре во ГТЦ во оние парцелисани дуќанчиња. Неколку пати се селеа и последна локација, мене позната, им е во Соравија. Едно време, само таму можеше да се купува планинарска опрема и никаде на друго место во Скопје. Знам дека има еден со точаци, може и да е истата фирма, ама модава со точациве почна покасно. Покасно ги отворија Scout и Outdoor.
Добра генеза на планинарска ритејл опрема :))

Иначе уште едно прашање, гледам имаш респект за добра чизма. На фејсбук по овие групиве за планинарска опрема и генерално планинарење има профили што продаваат најверојатно оргинал опрема ама стара, заборавена, пред 4-5 сезони и некако увезена кај нас. Претпоставувам се физички лица со конекции во странство кој откупуваат топтан опрема на големо за ич пари. Меѓу другото има и чизми со доста по скромни и до негде реални цени за нашето подневје од аспект на куповната моќ што ја имаме. Значи цени од по 70-80€ за чизми што некогаш коштале 150-200€. Вака од слики изгледаат доста зачувани, можеби и никогаш не носени ама фактот е дека е модел што бил актуелен пред повеќе од 5-6 сезони. Е сега колкава е шансата самите материјали да не се тоа што некогаш биле т.е. кожата, гумата, лепакот итн. попуштени, згужвани, здрвени и сл. од стоење и неадекватно чување и колку тоа може да влијае на векот и издржливоста на самата чизма понатаму? Да сумирам, муабетот ми е дали се исплати да се дадат 4000-5000 за такво нешто или да се дуплира-триплира сумата и да се земе нешто ново што ќе потрае без многу мислење? Фала, поздрав
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Околу чизмиве, купив планика оние џандариве што ги носат од Пеко ги начекав на попуст околу 7.000 денари беа некаде, можаам да кажам само пофални зборови ги утепав од носење и на снег и на кал и на карпи немаат гајле... ми имаат кажувану демек не се за сув терен ама мене ми одговараат, на снег никогаш ми немаат пропуштено вода, така да кој се бави со планинарење онаака ради разбибрига и не е толку амбициозен овие јас што ги имам се пун погодак.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Околу чизмиве, купив планика оние џандариве што ги носат од Пеко ги начекав на попуст околу 7.000 денари беа некаде, можаам да кажам само пофални зборови ги утепав од носење и на снег и на кал и на карпи немаат гајле... ми имаат кажувану демек не се за сув терен ама мене ми одговараат, на снег никогаш ми немаат пропуштено вода, така да кој се бави со планинарење онаака ради разбибрига и не е толку амбициозен овие јас што ги имам се пун погодак.
Само да знаеш дека Планика во Словенија даваат 10 години гаранција на ѓонот :D Не дека е малце де ама уште имаш ликови што мислат дека такви чизми треба да ги траат 50 години.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Само да знаеш дека Планика во Словенија даваат 10 години гаранција на ѓонот :D Не дека е малце де ама уште имаш ликови што мислат дека такви чизми треба да ги траат 50 години.
Појма не сум имал дека и даваат некоја гаранција, само знам дека на мене ми се одлични, се насслушав доста маубети од оние „профи“ планинари те тешки биле, те топли биле за летно време, гломазни биле, па не биле за остар терен па незнам ти што... истите тие за исто време јас колку ги имам ги скинаа нивните норт фејс, така да утре да се скинат јас сум презадоволен.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Добра генеза на планинарска ритејл опрема :))

Иначе уште едно прашање, гледам имаш респект за добра чизма. На фејсбук по овие групиве за планинарска опрема и генерално планинарење има профили што продаваат најверојатно оргинал опрема ама стара, заборавена, пред 4-5 сезони и некако увезена кај нас. Претпоставувам се физички лица со конекции во странство кој откупуваат топтан опрема на големо за ич пари. Меѓу другото има и чизми со доста по скромни и до негде реални цени за нашето подневје од аспект на куповната моќ што ја имаме. Значи цени од по 70-80€ за чизми што некогаш коштале 150-200€. Вака од слики изгледаат доста зачувани, можеби и никогаш не носени ама фактот е дека е модел што бил актуелен пред повеќе од 5-6 сезони. Е сега колкава е шансата самите материјали да не се тоа што некогаш биле т.е. кожата, гумата, лепакот итн. попуштени, згужвани, здрвени и сл. од стоење и неадекватно чување и колку тоа може да влијае на векот и издржливоста на самата чизма понатаму? Да сумирам, муабетот ми е дали се исплати да се дадат 4000-5000 за такво нешто или да се дуплира-триплира сумата и да се земе нешто ново што ќе потрае без многу мислење? Фала, поздрав
Мислам дека наназад во темава имаме коментирано. Многу лесно е да те советувам да купиш поскапо, меѓутоа парите тешко се заработуваат. Мојата логика е следна - да прашуваш луѓе што купиле, па колку може објективно да зборат и реално да ти пренесат, пошо на непријатен начин се дознава сам ако пробаш. Ако немаш таков податок, за мене не се малку 5000 денари за кондури, иако сум купил и од 9000 и 12000, ама имаат уште години километража у нив. Зависи како си го гледаш ова хоби и колку долго би бил активен. Ако е нешто што (ај да кажам) со сила го праиш или си у некое друштво што уште "лута", тогаш може и да е ок. Ќе истераш две три години и ќе забораиш. Ако се доживуваш како таков човек, што живее во тој дух, тогаш праи си колекција постепено, со кеиф, квалитетна.
Не само кондури, туку не сум штедел на ранци, облека, аксесоари, вреќи за спиење, ножеви, садови за храна....све ми е функционално, со години. Кондурите, да, се трошат, се кинат, газиш низ камења, гранки и им доаѓа време за пензионирање, зависно од тоа колку ќе бидеш активен.
Не знам каков е принципот на купување, ама ако е online, па "опис на калапот", не знам "тесен, широк, дрн-дрн..." бегај од тоа, без пробување. Ако одиш 10 саати у нејзе, викенд или на трансферзали по цела недела, треба да имаш топла, сува нога, да не тежи премногу, да има контакт со подлогата, да ти е фиксиран зглобот.
Немам искуство со конкретните продавачи, ама препорачувам внимателно да разгледаш.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
јас сум купил такви чизми.
прва чизма ми е планика (како што спомна членов погоре одлична чизма само некако зависно терен не легаше добро на нога).
втора е karrimor rock... (од sportdirect.uk), предобра 3 сезонска чизма.
la sportiva Како зимска

Ии начекав на фејсбук, човек од хрватска(мислам дека беше), продава користени, претежно millet опрема, по консултација робата е рентана неколку сезони(2-3) и се продаваат скоро како нови на изглед, отидов во скопје го пробав истиот модел дали ке лега и бројче(оваа ти е многу битно дали ке ти лега на нога). и ги земав скоро пола од цената, мислам дека беше 90тина евра, и 10евра на шофер да ги донесе.

ги носам скоро 2 сезони немаат гајле.
 
T

Torchyrus

Гостин
Врвот Орле, над Тиквешко езеро, дали можеби некој од тука го искачувал?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Врвот Орле, над Тиквешко езеро, дали можеби некој од тука го искачувал?
Имам читано репортажа кај некој од клубовиве. Мислам дека Трансферзалец имаа една годишна иницијатива на качување помалку познати врвови низ државава и тој беше еден од нив.
Да не истрескам сега, ама некаде од Прилепско е пристапот мислам.

Еве две репортажи.
Мислам дека овие врвови многу убаво се гледаат кога возиш накај Плетвар, од лева страна. И мене ме заинтригира, пошо убаво изгледа стварно.
Инаку, во тој дел (условно) сега кога пишав, од Плетвар десно има еден фантастичен врв, Козјак, околу 1600 метри е висок, ама е многу стрмен. Наликува теренот повеќе на варовникот на Солунска, а не како оние вулкански карпи што се карактеристични за делот околу Прилеп.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Врвот Орле, над Тиквешко езеро, дали можеби некој од тука го искачувал?
Јас го имам искачено 2018. Убав врв, лесен е за летно време и патот е многу добар. Плус 90% од искачувањето имаш поглед кон цело Тиквешко езеро што вреди буквално милион долари. Зимно време не знам како е...
 
T

Torchyrus

Гостин
Дали патеката е маркирана?
Ќе одиме двајца со другар, а не сме биле преходно.
Ми кажаа дека со кола се оди до село Шешково кое е после Тиквешко езеро.
Тоа е некаде околу 600 н.в. а Орле е околу 1480.
Ми паѓа цело време во око врвот, изгледа многу јако.
Денеска не беше со снег, додека на Кожув има снег.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.126
Поени од реакции
10.144

Најдобро јави се и информирај се во планинарските друштва, има на нет контакт тел.
Одев јас порано со Макпетрол друштвото, со Трансферзалец и 18 август.
Можеби го имаат во програма за оваа година.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Дали патеката е маркирана?
Ќе одиме двајца со другар, а не сме биле преходно.
Ми кажаа дека со кола се оди до село Шешково кое е после Тиквешко езеро.
Тоа е некаде околу 600 н.в. а Орле е околу 1480.
Ми паѓа цело време во око врвот, изгледа многу јако.
Денеска не беше со снег, додека на Кожув има снег.
Побарај на сајтот на федерацијата да не има gps запис. Ако има, ќе симнеш апликација gpx viewer - нема промашај. Се надевам имаш smartphone.
Друго, ако биле Трансверзалец, сигурно има маркација, ама побарај да ти потврди некој. Ја би ги барал на фејсбук, иако не сум мераклија прв пат да одам некаде во мала група во која никој не бил претходно на патеката. Мислам, сум бил многу пати и знае ептен авантуристички да биде.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Колку што се сеќавам има еден дел што се поминуваш низ грмушки каде што немаше апсолутно никаква маркација (грмушки високи ~2 метри). Ми остана во сеќавање оти баш таму застанав да мокрам и дури да ги стигнам другите баш си помислив дека е многу лесно да залуташ во тој дел. Ако има снег не би одел искрено на своја рака зашто на повеќето врвови кај нас обично има летна, ама ретко има зимска маркација.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.968
Поени од реакции
5.831
Добра генеза на планинарска ритејл опрема :))

Иначе уште едно прашање, гледам имаш респект за добра чизма. На фејсбук по овие групиве за планинарска опрема и генерално планинарење има профили што продаваат најверојатно оргинал опрема ама стара, заборавена, пред 4-5 сезони и некако увезена кај нас. Претпоставувам се физички лица со конекции во странство кој откупуваат топтан опрема на големо за ич пари. Меѓу другото има и чизми со доста по скромни и до негде реални цени за нашето подневје од аспект на куповната моќ што ја имаме. Значи цени од по 70-80€ за чизми што некогаш коштале 150-200€. Вака од слики изгледаат доста зачувани, можеби и никогаш не носени ама фактот е дека е модел што бил актуелен пред повеќе од 5-6 сезони. Е сега колкава е шансата самите материјали да не се тоа што некогаш биле т.е. кожата, гумата, лепакот итн. попуштени, згужвани, здрвени и сл. од стоење и неадекватно чување и колку тоа може да влијае на векот и издржливоста на самата чизма понатаму? Да сумирам, муабетот ми е дали се исплати да се дадат 4000-5000 за такво нешто или да се дуплира-триплира сумата и да се земе нешто ново што ќе потрае без многу мислење? Фала, поздрав
За зима било која кондура од 150 евра па нагоре што има Sympatex мембрана држи двојно повеќе саати на пробивање длабок снег од онаа што има Goretex мембрана.Што и да купиш од Salewa,Millet,La Sprotiva во тој ценовен ранг нема разлика бидејки користат Goretex.Од она што се продава кај нас само италијански Lomer користи Simpatex и ги продава Артурс во ГТЦ приземје од лева страна.Пред 2 недели бев на Титов врв со еден пријател и со уште 10 тина луѓе.Натаму по зимска патека а назад по вакувска каде веднаш после заобиколката на Бакардан пробивавме снег од 30 до 50цм.цели 8км.Јас имав Alpina Arpenaz војнички што ги користи словенечка војска и полиција но со вградена Sympatex мембрана и моите беа суви.Пријателов имаше Salewa со Goretex и кондурите внатре му беа утоп а пак друг дечко имаше Lomer од најскапите и исто му беа суви и во разговор со него кажа дека е презадоволен од кондурите.Моментално на попуст се 10430.Еве за кои кондури се работи:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom