Планинарење

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.469
Поени од реакции
5.101
Барам ниска патика-кондура за лесен hiking (од типот на Адидас Терекс ниските) за пролет-лето сезона, до кај 1500-1800 денари.
Би ги носел 1-2 пати неделно, ништо повеќе од тоа. Значи не ми треба ништо посебно, едноставно не сакам да си арчам running shoes за на планина.
Не мора да биде бренд, битно е да бидат што е можно поквалитетни за таа цена.

Видов во Ваикики околу 1200 ден. а и на ФБ постојано ми излегуваат некои онлајн продавници, што продаваат фејк Адидас, Саломон и Норт Фејс, цените се движат од 1200 до 1800. Дали има некој искуство со овие?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.925
Поени од реакции
17.098
Quechua од Decathlon во тој ценовен ранг веројатно има нешто што е прифатливо. Инаку за тие пари само беља ќе си напраиш со стапала, нозе, кичма.
Running shoes ако ти се за асфалт, со две носења на планина, мислам на хајк од 10, 15, 20km, ги кинеш целосно. Гумата не им е за таа намена, шиењето е полесно, материјалот е мрежест. Друга работа шо ќе си ги искршиш прстите по камења и скочниот зглоб ти е скроз остаен сам на себе.
За хајк јас на оригинален адидас не верувам, не па на фејк. Подобро уштеди уште некој денар, па купи си поасални, ќе ги тераш 5-6 години минимум.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.396
Поени од реакции
588

За тие пари ќе си купиш само чкарт опрема. За користена гледај тука https://www.facebook.com/groups/150346221684584.

Мој совет е да додадеш уште некој денар па да си купиш саглам патика.
 
0C0FFEEBABE

Bsc. Sc.
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.090
Поени од реакции
1.743
Quechua од Decathlon во тој ценовен ранг веројатно има нешто што е прифатливо. Инаку за тие пари само беља ќе си напраиш со стапала, нозе, кичма.
Running shoes ако ти се за асфалт, со две носења на планина, мислам на хајк од 10, 15, 20km, ги кинеш целосно. Гумата не им е за таа намена, шиењето е полесно, материјалот е мрежест. Друга работа шо ќе си ги искршиш прстите по камења и скочниот зглоб ти е скроз остаен сам на себе.
За хајк јас на оригинален адидас не верувам, не па на фејк. Подобро уштеди уште некој денар, па купи си поасални, ќе ги тераш 5-6 години минимум.
Ова болдираното, според мое искуство, не е точно. Асикс патики, иницијално купени за трчање, ги убив од носење на планина претходните 3 години, не мрднаа. Ги носам генерално на летни и есенски тури и тоа на секаков терен, земја, камења, кал. Сум се капел по езерата на Шар Планина па сум ги носел на враќање и мокри. Десетина пати и на Водно со нив се качив. Уште се здрави и уште ги носам.

Се согласувам дека постои ризик од повреда со патики за трчање на се носат на несоодветен терен, ама сум прилично физички подготвен и до сега сполај му на бога сум немал никаква мака.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.925
Поени од реакции
17.098
Ова болдираното, според мое искуство, не е точно. Асикс патики, иницијално купени за трчање, ги убив од носење на планина претходните 3 години, не мрднаа. Ги носам генерално на летни и есенски тури и тоа на секаков терен, земја, камења, кал. Сум се капел по езерата на Шар Планина па сум ги носел на враќање и мокри. Десетина пати и на Водно со нив се качив. Уште се здрави и уште ги носам.

Се согласувам дека постои ризик од повреда со патики за трчање на се носат на несоодветен терен, ама сум прилично физички подготвен и до сега сполај му на бога сум немал никаква мака.
Не им е тоа намената. Асикс е многу квалитетен и прилично скап бренд. Имаат модели и за планинско трчање.
Личен избор е на секого. Луѓе и боси одат. Контактот на обична патика со подлогата е ок ако е земја, евентуално ниска сува трева. На големи треви или остри камења треба многу внимателно да се движиш, посебно надоле. Фората е искуството на човек да му е пријатно. Секој си знае за себе.
 
0C0FFEEBABE

Bsc. Sc.
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.090
Поени од реакции
1.743
Не им е тоа намената. Асикс е многу квалитетен и прилично скап бренд. Имаат модели и за планинско трчање.
Личен избор е на секого. Луѓе и боси одат. Контактот на обична патика со подлогата е ок ако е земја, евентуално ниска сува трева. На големи треви или остри камења треба многу внимателно да се движиш, посебно надоле. Фората е искуството на човек да му е пријатно. Секој си знае за себе.
Затоа го болдирав тоа со кое не се согласувам, дека после 2 носења на планина ќе се искинат, не е точно. Со другото, дека за планинарење најубаво е планинарска кондура/чизма, се согласувам апсолутно.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
345
Поени од реакции
459
Најтешко нешто што ми беше е да најдам е летна чизма која убаво дише и стабилна односно да не се витка на глуждот.
Мое лично мислење е доколку сме во можност да се има 2-3 пара чизми,јас си сакам зимски односно што не пуштаат вода и имаат изолација за зима и во глобала било која gore-tex чизма грее до одреден степен без излојација тие ги користам 3 сезони и еден пар апла летни чизми за суво и убаво време.

Ништо не руши морал како мокри нозе дали се од испотени или од дожд/снег исто ти се фаќа.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.925
Поени од реакции
17.098
Ги делат на трисезонски и зимски. Строго летни се веројатно оние со еластичен ѓон, малку повисоки за да го опфатат зглобот. Најчесто се од мрежест материјал и во малку навлажнета трева ти се упропастува денот со нив.
Летно време зависно од должината на турата и големината на ранецот, може да стаиш додатен пар патики, полесни. Па ако кампираш да ги облечеш додека се подисушат кондурите. Нема универзално решение. Резервна облека друга секако треба.
Гамашните може да завршат работа некогаш, ама се' помалку луѓе ги носат некако.

И не само морал, туку се ладиш многу брзо, стапалото ти лизга во кондурата...ужасно чувство е.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
345
Поени од реакции
459
Другар Марински чизми Bellevile 590 мека,удобна и имаат Е модел кој е поширок и како да се скроени за моја нога ваљда до моделот е ама не би ги сменил за ништо друго,а слично нешто имав со Salomon чизми кои ми се погодија ама овие се непобедливи,додатно на тоа што и ако се натопат ненормално брзо се сушат.
Ги носам 4 години ама ги убив од носење од Мај некаде до средина Октомври во зависност кога почнува да врне.

Имам носено од Планика,Алпина,Саломон,Хаикс,Даннер,Меиндел и уште нешто ваљда што не ми текнува.

За строго зимска Meindl Woodwalker Pro користам,а за обично врнежливо време Haix кратки моделот не ми текнува со Gore-Tex.

Обувките се доста лична опрема и неможам да солам памет кој што да купи мое мислење е додека не пробаш барем 2-3 модела со различни карактеристики неможеш да знаеш точно што ти одговара, на некого му одговара потешки се ако се побезбедни некој сака полесни, некој мрзи Gore-Tex некој сака итн,итн.

Како и за камашни со еден пријател се зајадовме јас имам Berghaus Yeti 2 кои се местат на ѓонот на чизмата он ги сака тие со сајла што се местат и се си зависи до што одговара.

Искрено ме занима колку луѓе кај нас имаат "Snowshoes" ? не ми текнува на нашки како уопште се викаат јас купив еден пар ги користам за подлабок снег но немам видено никој друг
 
На врв Bottom