Планинарење

Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
h20 ex Макпетрол. Лично го знај Јоцо и он и клубот доста направиле за унапредување на планинарењето. организирање на тури со мали дечиња во природа. ако некој може да го подигне нивото и ке се залага верувам дека би биле тие.

Бистра ако сакале да настават со стопанисување можеле да се пријават. тоа е така во сите клубови.
наместо тоа тие се вадат со евтини трикови демек ке бидне угостителски објект.


@Almeida јас би бил задоволен нашите домови да се и 1/3 од тоа што се во словенија/италија/швајцарија/австрија/...
барем тие што сум ги посетил се поим како треба да изгледа дом.

ако чај бидне дупло поскап (пример). радо би го платил ако знам дека тие пари се вложуваат во домот и ако се овозможи домот да е отворен седум дена во неделата. и е пристојно чист

нема цена на грч ладно на мусала на метеоролошка станица(на врвот) да ти дадат вруќо чајче, или на апли на 3200 топол оброк и чај, или на кавказ на 4500 топло чајче....

.. а тие кои не го знаат тоа слободно нека го сметаат како туристички објект.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
А што е планинарски дома, ако не е угостителски објект?
Како мисли човек да преноќи во некој објект, да легне во некоја постела, да испрља некоја чаша, тањир, некој да го услужи, да ги испере, испегла истите, да се ебава и да носи залихи до горе (па макар и со возило) и тоа без пари да биде? Нигде го нема тоа. Тие што хејтаат, според мене немаат памет.
Еве ќе го спомнам приватниот дом Вила Љуботен, веднаш до стариот дом - ред, хигиена, храна....е сега, нека се нафати некој по оној растурен пат да носи нагоре намирници, материјал да го изгради истиот, да го одржува и нека части луѓе да седат у него без пари!? Не бива таа работа.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
Taka si e.
Nekade ima pat. Nekade nema.
Olimp so konji nosat. Na alpi so mini zicari i helihopter. Epa ke platis 6evra za krigla pivo i evtino e.

Samo kaj nas se ocekuva za se gaga.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.201
H20 се макпетрол, може и да се најспремно од друштвата кај нас. Не знам зашто се крена толку галама, кога домот на водно е во ужасна состојба.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Караџица сеуште функционира и најдобро со најава,барем секој викенд има луѓе што поминуваат или еднодневно или со спиење една ноќ во домот,а преку работни денови обавезно се најавува иначе нема никој.
Добра базна станица пример стигаш еден ден спиеш па одиш Бегово,Солунска,Салакови (бираш кај сакаш) или на враќање па спиеш таму па си бегаш дома,а за кратки тури има мал милион интересни места што можат да се посетат во рок на 1 ден таму.
 
Член од
17 август 2018
Мислења
33
Поени од реакции
5
Здраво. Сакам да прашам за совет за чизмиве. Дали вредат да се купат од аспект на вредност за таа цена? Знам дека во скаут има профи чизми од 9000+ ама тој е буџетот во моментот. Исто така имам слушнато дека треба да се зема пола или еден број поголеми? Не сум најупатен ако може совет и за тоа. Фала однапред.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
H20 се макпетрол, може и да се најспремно од друштвата кај нас. Не знам зашто се крена толку галама, кога домот на водно е во ужасна состојба.
Не би рекол. Мислам дека многу малку или воопшто нема врска со Макпетрол. 10тина години ги следам и сум бил на акции организирани од нив - не се тие луѓе. Може формално-правно да е наследник, ама немам впечаток дека е истиот клуб.
Автоматски споено мислење:

Здраво. Сакам да прашам за совет за чизмиве. Дали вредат да се купат од аспект на вредност за таа цена? Знам дека во скаут има профи чизми од 9000+ ама тој е буџетот во моментот. Исто така имам слушнато дека треба да се зема пола или еден број поголеми? Не сум најупатен ако може совет и за тоа. Фала однапред.
Ова не се чизми, туку високи патики.
Не станува збор за „вредност“. Сигурно и овие вредат за намената која им е, ама прашањето е дали им е намената тоа што планираш да правиш. Не случајно тие во Скаут се поскапи, мада, Скаут мислам дека претеруваат со цените во последно време поради побарувачката. Би те советувал да ги стаиш на нога и едните и другите и ќе сфатиш што е разликата. И секако, има поевтини варијанти од Скаут. Провери во Проспорт, во Оутдор (сега се кај Лира во Карпош)...па може и некоја друга продавница да има (не ми текнува во моментов).
Во однос на бројот, треба да ги пробаш со добро загреана нога и според мене, малку подебели чорапи и тогаш да ти е удобно на стапалото.
Конкретниве без да ги пробам, според обликот, би рекол дека се добри за лесен трекинг во потопли денови од мај до октомври и тоа не за терен каде што треба по-техничко качување....ова е мое субјективно гледање, а совет е оди и на лице место пробај се' од понуда.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Не би рекол. Мислам дека многу малку или воопшто нема врска со Макпетрол. 10тина години ги следам и сум бил на акции организирани од нив - не се тие луѓе. Може формално-правно да е наследник, ама немам впечаток дека е истиот клуб.
Автоматски споено мислење:


Ова не се чизми, туку високи патики.
Не станува збор за „вредност“. Сигурно и овие вредат за намената која им е, ама прашањето е дали им е намената тоа што планираш да правиш. Не случајно тие во Скаут се поскапи, мада, Скаут мислам дека претеруваат со цените во последно време поради побарувачката. Би те советувал да ги стаиш на нога и едните и другите и ќе сфатиш што е разликата. И секако, има поевтини варијанти од Скаут. Провери во Проспорт, во Оутдор (сега се кај Лира во Карпош)...па може и некоја друга продавница да има (не ми текнува во моментов).
Во однос на бројот, треба да ги пробаш со добро загреана нога и според мене, малку подебели чорапи и тогаш да ти е удобно на стапалото.
Конкретниве без да ги пробам, според обликот, би рекол дека се добри за лесен трекинг во потопли денови од мај до октомври и тоа не за терен каде што треба по-техничко качување....ова е мое субјективно гледање, а совет е оди и на лице место пробај се' од понуда.
^

Ова болдираново. Јас од пред некое време си ветив дека веќе никогаш нема да влезам во Scout кај нас иако имам и попуст. Прескапи се, ништо од работите не вреди колку што им ја имаат лупнато цената, а од друга страна се неуслужливи.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
^

Ова болдираново. Јас од пред некое време си ветив дека веќе никогаш нема да влезам во Scout кај нас иако имам и попуст. Прескапи се, ништо од работите не вреди колку што им ја имаат лупнато цената, а од друга страна се неуслужливи.
Да, има парчиња облека што чинеа помалку од 100 евра, а сега се скоро 300 евра. Никаков попуст не спасува.

Има побарувачка очигледно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не знам како се вика продавницана во Соравија на приземје, збутана е, во ходникот на крај кај Бицијани, нормални се цените.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не знам како се вика продавницана во Соравија на приземје, збутана е, во ходникот на крај кај Бицијани, нормални се цените.
Проспорт, многу често менуваа локации во ГТЦ, а и во Соравија порано беа во друг дуќан. Држат некои чешки брендови, Alpine pro, многу солидни. За цени не знам како се во последно време.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Проспорт, многу често менуваа локации во ГТЦ, а и во Соравија порано беа во друг дуќан. Држат некои чешки брендови, Alpine pro, многу солидни. За цени не знам како се во последно време.
Јас имам ранец и наочари од таму, солидни се цените а и квалитетот. Нема потреба да се преплаќаат некои работи :D
 
Член од
17 август 2018
Мислења
33
Поени од реакции
5
Не знам за кој проспорт зборите ама тој ја што го знам се продаваат опрема за скијање и велосипедизам. Планинарење опрема или чизми нешто немаат.

Иначе за чизми последно нешто што глеам и ми изгледаше доста добро Salomon Quest GTX во Интерспорт. Некој коментар за Саломон како бренд од аспект на чизми за планинарење?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Конкретниов модел Salomon, не знам. Они се фокусирани на трејл трчање, истураат огромни пари во маркетинг, меѓутоа мислам дека се едни од најфалсификуваните и со квалитет се сомнителни, барем овие кај нас. Имам купено од Sport M овде од Скопје, не беа многу скапи конкретните, ама многу чудно се испокинаа....се распаднаа практично, а имаа некоја просечна километража, ништо посебно немав поминато, ниту пак нешто екстремно. Имам Salewa, La Sportiva, друга димензија се во однос на Salomon во однос на споеви, квалитет на гумата....отприлика се' е подобро. А не ич евтин Salomon. Облеката им е ок, она што имам полари, маички, ама и тоа е overpriced.

Што се однесува до проспорт, порано у Скопје функционираше Словенијашпорт, во ГТЦ сутерен, до Ирскиот паб, поточно, пабот не ни постоеше кога функционираше таа продавница. Словенечките фирми здружено продаваа алпска опрема и беше единствено место каде што можеш да купиш Планика, Алпина, Елан, Топер, Рог (точаците)...искуствено можам да кажам дека тоа беа производи со врвен квалитет. Купуваш и користиш до крај на живот. Кога се расканта Југославија, некој ја наследи таа продавница, ама и тамошните брендови, не знам како се трансформираа, кој преживеа. Елан продолжи да го увезува, на истото место беше Мироспорт мислам, а Планика и Алпина отидоа во Пеко. И не само што отидоа во Пеко, туку и почнаа да се изработуваат во Романија и паднаа сериозно во квалитет. Овој Проспорт се појави у некое време, барем јас така мислам, 2000's, кога немаше други продавници за планинарска опрема. Они продаваа рибарска и ловџиска опрема и оружје, најгоре во ГТЦ во оние парцелисани дуќанчиња. Неколку пати се селеа и последна локација, мене позната, им е во Соравија. Едно време, само таму можеше да се купува планинарска опрема и никаде на друго место во Скопје. Знам дека има еден со точаци, може и да е истата фирма, ама модава со точациве почна покасно. Покасно ги отворија Scout и Outdoor.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom