- Член од
- 17 август 2018
- Мислења
- 33
- Поени од реакции
- 5
Добра генеза на планинарска ритејл опрема )Конкретниов модел Salomon, не знам. Они се фокусирани на трејл трчање, истураат огромни пари во маркетинг, меѓутоа мислам дека се едни од најфалсификуваните и со квалитет се сомнителни, барем овие кај нас. Имам купено од Sport M овде од Скопје, не беа многу скапи конкретните, ама многу чудно се испокинаа....се распаднаа практично, а имаа некоја просечна километража, ништо посебно немав поминато, ниту пак нешто екстремно. Имам Salewa, La Sportiva, друга димензија се во однос на Salomon во однос на споеви, квалитет на гумата....отприлика се' е подобро. А не ич евтин Salomon. Облеката им е ок, она што имам полари, маички, ама и тоа е overpriced.
Што се однесува до проспорт, порано у Скопје функционираше Словенијашпорт, во ГТЦ сутерен, до Ирскиот паб, поточно, пабот не ни постоеше кога функционираше таа продавница. Словенечките фирми здружено продаваа алпска опрема и беше единствено место каде што можеш да купиш Планика, Алпина, Елан, Топер, Рог (точаците)...искуствено можам да кажам дека тоа беа производи со врвен квалитет. Купуваш и користиш до крај на живот. Кога се расканта Југославија, некој ја наследи таа продавница, ама и тамошните брендови, не знам како се трансформираа, кој преживеа. Елан продолжи да го увезува, на истото место беше Мироспорт мислам, а Планика и Алпина отидоа во Пеко. И не само што отидоа во Пеко, туку и почнаа да се изработуваат во Романија и паднаа сериозно во квалитет. Овој Проспорт се појави у некое време, барем јас така мислам, 2000's, кога немаше други продавници за планинарска опрема. Они продаваа рибарска и ловџиска опрема и оружје, најгоре во ГТЦ во оние парцелисани дуќанчиња. Неколку пати се селеа и последна локација, мене позната, им е во Соравија. Едно време, само таму можеше да се купува планинарска опрема и никаде на друго место во Скопје. Знам дека има еден со точаци, може и да е истата фирма, ама модава со точациве почна покасно. Покасно ги отворија Scout и Outdoor.
Иначе уште едно прашање, гледам имаш респект за добра чизма. На фејсбук по овие групиве за планинарска опрема и генерално планинарење има профили што продаваат најверојатно оргинал опрема ама стара, заборавена, пред 4-5 сезони и некако увезена кај нас. Претпоставувам се физички лица со конекции во странство кој откупуваат топтан опрема на големо за ич пари. Меѓу другото има и чизми со доста по скромни и до негде реални цени за нашето подневје од аспект на куповната моќ што ја имаме. Значи цени од по 70-80€ за чизми што некогаш коштале 150-200€. Вака од слики изгледаат доста зачувани, можеби и никогаш не носени ама фактот е дека е модел што бил актуелен пред повеќе од 5-6 сезони. Е сега колкава е шансата самите материјали да не се тоа што некогаш биле т.е. кожата, гумата, лепакот итн. попуштени, згужвани, здрвени и сл. од стоење и неадекватно чување и колку тоа може да влијае на векот и издржливоста на самата чизма понатаму? Да сумирам, муабетот ми е дали се исплати да се дадат 4000-5000 за такво нешто или да се дуплира-триплира сумата и да се земе нешто ново што ќе потрае без многу мислење? Фала, поздрав