Планинарење

Член од
17 август 2018
Мислења
33
Поени од реакции
5
За зима било која кондура од 150 евра па нагоре што има Sympatex мембрана држи двојно повеќе саати на пробивање длабок снег од онаа што има Goretex мембрана.Што и да купиш од Salewa,Millet,La Sprotiva во тој ценовен ранг нема разлика бидејки користат Goretex.Од она што се продава кај нас само италијански Lomer користи Simpatex и ги продава Артурс во ГТЦ приземје од лева страна.Пред 2 недели бев на Титов врв со еден пријател и со уште 10 тина луѓе.Натаму по зимска патека а назад по вакувска каде веднаш после заобиколката на Бакардан пробивавме снег од 30 до 50цм.цели 8км.Јас имав Alpina Arpenaz војнички што ги користи словенечка војска и полиција но со вградена Sympatex мембрана и моите беа суви.Пријателов имаше Salewa со Goretex и кондурите внатре му беа утоп а пак друг дечко имаше Lomer од најскапите и исто му беа суви и во разговор со него кажа дека е презадоволен од кондурите.Моментално на попуст се 10430.Еве за кои кондури се работи:
Фала за советот. Првпат слушам за симпатекс, мислев дека гортекс е архето ама ете имало и подобро. Иначе и немам слушнато ни за Ломер како бренд за чизми, ама оваа што ја пушти е коска, се гледа, плус е и техничка.

Јас земав Salomon Quest Winter GTX. Вака топ е. Ќе видиме колку ќе издржи.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Во врска со чизмите исто фактор е како се одржувани,некои трпат повеќе злоупотреба некои се по осетливи.

Барем јас во сезона кога ги користам ги импрегнирам 2 пати и јакни и чизми.
Имам Gore-Tex јакни и знам дека екстремно добро трпат вода.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кондурава што ја збори @Audiofil напред и назад има жлебови за полуавтоматски дерези што само по себе е податок за која намена се. Веќе поновиве модели мислам дека нема такви импровизации да се продава зимска кондура без соодветна изолација од вода, освен ако човек купува фејк производ. Овие стварно изгледаат солидно, иако не ги знам како бренд. Нормално, може да се носат и во период касна есен или рана пролет, повеќе заради температурата. Меѓутоа, ѓонот е многу крут и си бара искусна планинарска нога.
Е сега, луѓево кај нас често прават грешка и очекуваат некоја скапа кондура, со самиот податок за цената, да прави чуда, меѓутоа не е така. Претпоставувам дека тој е случајот со Salewa, кои што ги има кај нас во Скаут и се прилично скапи. Имаат трисезонски модели со goretex во одредени делови, не целата кондура, а и самиот ѓон им е флексибилен, свитлив и нема жлебови за дерези. Некогаш и продавачите не знаат најдобро да те упатат или гледаат само да ти увалат било што. Зимска кондура меѓу другото треба да има и добар термички слој и тоа дополнително ја укрутува.
И секако одржувањето, импрегнирање и ако ги носиш зимно време низ град кога има снег, солта многу ги разјадува споевите и самиот материјал - краток период е, ама сепак има луѓе што зимно време не излегуваат од планинарски кондури и низ град, затоа што се удобни и топлат.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
И секако одржувањето, импрегнирање и ако ги носиш зимно време низ град кога има снег, солта многу ги разјадува споевите и самиот материјал - краток период е, ама сепак има луѓе што зимно време не излегуваат од планинарски кондури и низ град, затоа што се удобни и топлат.
Јас сум дел од тие луѓе.:lolzz:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Кондурава што ја збори @Audiofil напред и назад има жлебови за полуавтоматски дерези што само по себе е податок за која намена се. Веќе поновиве модели мислам дека нема такви импровизации да се продава зимска кондура без соодветна изолација од вода, освен ако човек купува фејк производ. Овие стварно изгледаат солидно, иако не ги знам како бренд. Нормално, може да се носат и во период касна есен или рана пролет, повеќе заради температурата. Меѓутоа, ѓонот е многу крут и си бара искусна планинарска нога.
Е сега, луѓево кај нас често прават грешка и очекуваат некоја скапа кондура, со самиот податок за цената, да прави чуда, меѓутоа не е така. Претпоставувам дека тој е случајот со Salewa, кои што ги има кај нас во Скаут и се прилично скапи. Имаат трисезонски модели со goretex во одредени делови, не целата кондура, а и самиот ѓон им е флексибилен, свитлив и нема жлебови за дерези. Некогаш и продавачите не знаат најдобро да те упатат или гледаат само да ти увалат било што. Зимска кондура меѓу другото треба да има и добар термички слој и тоа дополнително ја укрутува.
И секако одржувањето, импрегнирање и ако ги носиш зимно време низ град кога има снег, солта многу ги разјадува споевите и самиот материјал - краток период е, ама сепак има луѓе што зимно време не излегуваат од планинарски кондури и низ град, затоа што се удобни и топлат.
Ломер има и поевтини со Sympatex мембрана така што не мора да се купат најскапите што имаат жлебови за полуавтоматски дерези.Ги кажав само како пример.Иначе со Sympatex мембрана се произведуваат и познатите кумановски кондури на Тушевски наменети за извоз на германскиот пазар и можат да се купат по цена од околу 3000 до 4000 денари во продавницата Emporio Tusevski во центарот на Куманово спроти плоштадот или за прилично повисока цена во Скопје во продавниците на PAMS.Има една народна поговорка која гласи НА СТАРА СЛАВА НЕ СЕ ЖИВЕЕ бидејки во капитализмот ако постојано не се надградуваш другите ќе те поминат и со тоа ќе заостануваш.Goretex мембраната е измислена 1969 година во Америка и до ден денес американците мислат дека не е надмината од конкурентите како што мислеа дека нивниот фамозен V8 мотор измислен во тој период никој нема да го надмине што им се покажа како погрешна теза бидејки Mercedes и Toyota го имаат.Според мое мислење таа падна веќе на 3 то или 4 место бидејки во меѓувреме Sympatex ја создадоа германците која е околу 2 пати поотпорна на вода,Event има за околу 50% подобра водонепропустливост и подобра дишливост која е употребувана на Hardshell јакните а јапонците со нивната Gelanots успеаја да направат водонепропустливост со околу 20000 а дишливост со дури 50000 и со тоа да направат мембрана што најлесно го испушта воздухот одвнатре.Еве како се тестира дишливост на една јакнa како и водонепропустливост:
 
Последно уредено:

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Znam deka kondura si e kondura, samo ja sakam da si zemam lesni patiki za prolet,leto.Sovet za Terreh Adidas dali bi mi brkale rabota?

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
T

Torchyrus

Гостин
Искачувањето на врвот Орле на планината Вишешница над Тиквешко езеро со еден другар го планираме уште поодамна, а вчерашниот 02.01.2021, сончев и прекрасен ден беше како измислен за тоа.
Тргнавме изутрина околу 6 и 30, а не сме многу далеку од таму околу 30/35км. Возевме до селото Шешково, тоа е над Тиквешко одприлика со километри на половина од езерото и врвот. Околу 8/9 км не многу добар пат, да не речам лош, кој се вози со постара/повисока кола или џип.
Стасавме во селото, на селската чешма има маркација за накај врв, а не испратија две вакви верверици
IMG-20210103-114218
Ова во секој случај не можеше да биде лош знак.
Продолживме нагоре десно од селото и по 10/15 минути уште на старт веќе следуваше заебанција.
Лоша маракција која укажува по на десно, а таму се приметува некое патче, не ни подзастанавме да видиме лево, десно..
Само продолживме...
IMG-20210103-120403
IMG-20210103-114027
Всушност маркацијата требаше да биде наваму...
IMG-20210103-113401
Ова го направивме на враќање...
Продолживме на десно по стрелката, а натаму едно добри 20 минути одење по океј патче, ама сфаќаме дека нема маркации, а со тоа сфативме и дека многу веројатно имаме утнато...
Почнавме да сечиме на лево, затоа што знаевме одприлика во која насока треба да движиме и каде се наоѓа врвот иако не го гледавме пред нас...
Се што гледавме беше густа шума, грмушки и понекаде карпи и камења...а да и го*на, се зафркаваше другарот вика ова е нашите маркации денеска. :ROFLMAO:
Ме праша он, сакаш да се вратиме или продолжуваме вака, ја бев категоричен да продолжиме, он е многу поспремен од мене трча ултра trails и има возено точак и до 350 км во еден ден по секакви услови.
Така да на мене беше дали ќе продолжиме по екстремно кон врвот. Во секој случај е многу ризично и by the book требаше назад и од почеток...
Околу саат и пол hardcore искачување, на некои места и со лазење бидејќи немаше како да се помине, буквално ние отваравме пат ама знаевме дека сме во права насока и дека ќе успееме...
IMG-20210103-121717
И кога ете ти го дрвцево...
Кога го видовме прекрасно чувство не облеа и веќе искачувањето до врвот ни беше само чиста рутина.
После него следува добро и не стрмна патека која ја одевме со големо задоволство и буквално заслуживме да ја поуживаме.
Натаму делот од турата што фактички треба да биде потешкиот дел го поминавме лаганица и многу брзо.
IMG-20210103-114317
Овој дел до врв е фин исто фин предизвик, со камења нешто налик на Солунска глава, ама доста лизгави, затоа треба многу внимателно исто и при спуштање надолу.
IMG-20210103-114052
IMG-20210103-114109
И со сите тие заебамции се искачивме релативно за океј време околу 3 и пол часа
На врв погледот е феноменален (360°), но иако сончево дуваше силен ветер, има и кантичка со боја за да си оставите некој потпис/траг/печат.
IMG-20210103-114336
IMG-20210103-122610
За назад и надоле беше боза, се враќавме по регуларниот маркиран пат по кој ако одевме и немаше ова толку да го памтам...
Од првиот дел, завршив со подискината капа, подскршени наочари, подскинати чизми, скинати тренерки, а назад на трња ја закачив и јакната...
И покрај се предобра авантура и одличен ден што ќе го паметам...
Здравје и едвај чекам да се вратам таму во пролет, целото тоа во зелена боја би било....:cuc:
Ако некој го интересира нешто плус слободно пишете...
 
Последно уредено од модератор:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Супер изгледа.
Очекував слики од езерото.

Дали Полошкиот манастир е некаде во близина? Си бил натаму некогаш?
 
T

Torchyrus

Гостин
Не сум бил, само имам слушнато, ако не се лажам треба и со чамец до него, исто како и до некои викеници/куќи што го имаат направено на Тиквешкото езеро...
Иако ми е да речам блиску тој дел не сум го шетал многу.
Еве една слика од езерото, не го сликав повеќе, а жално ми е и да го гледам колку е празно...
IMG-20210103-125725
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Елем треба кривично да одговара за ова што го праи, жими се. Сите езера се вака.
 
T

Torchyrus

Гостин
Баш дискутираме за тоа...
Нели е можно пример да се намали протокот на водата од реката за да се полни езерото? Валјда тоа не им од улога со тоа што ќе се намали производството?
Не се разбирам многу баш ама дефинитивно поврзаност...
Мислам дека фактор плус е и тоа што е сушна година...
Автоматски споено мислење:

Иначе иста е ситуацијата и со Подлешко езеро, за разлика од Тиквешко ова е многу многу помало, но кога е полно и во пролет е навистина прекрасно.
Намената на ова езеро е за наводнување на полето, но има и летниковци за седење и рекреација. За секој летниковец има и скара, но за жал решетките се украден, некој месец по поставувањето...
FB-IMG-1609679435902
FB-IMG-1609679624949
Над езерото се наоѓа селото Подлес.
Од оваа фотографија лево е планината Клепа со истоимен врв Клепа 1140м.
Исто така супер со 360 степени поглед.
Се гледа цела централна Македонија.
IMG-20210103-141910
IMG-20210103-140325
Средината/крајот на февруари три години уназад има организирано искачување, но јас не сум љубител на тоа, повеќе сакам со мали групи.
Ако сте заинтересирани за искачување на не многу тежок, а добар врв Клепа е вистински избор.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom