Микроспајкс или слични варијации за лесно монтирање на било какви чевли. Кај нас ги викаат градски дерези, иако немаат врска со дерези. Одлични за лесни порамни или урбани терени, ама не се за планина.
Инаку и дерезите се делат на три типа.
Ц1-Универзални дерези со корпи назад и напред, се монтираат на било какви обувки.
Ц2-Полуавтоматски дерези, напред корпа позади жапка, посебни Б2 и Б3 обувки, мора да имаат жлеб позади.
Ц3-Автоматски дерези, напред жичка, позади жапка, воглавном на Б3 обувки мора да имаат жлеб назад и напред.
Покрај овие постојат и технички дерези, воглавном од Ц3 типот, ама се препознаваат по тоа што предниот/те клин/ови (може да имаат еден или два клина) се вертикални и предвидени се за качување по замрзнати водопади и слично.
По материјал се прават од јаглероден челик (вообичаено), нерѓосувачки челик и алуминиум. Сите материјали си имаат свои предности и мани и се зависи за што најмногу планирате да ги користите.
Што се однесува до БРС (кинеските) дерези, можат да ве служат цел живот без проблем, ама може и да се оштетат на првото носење. Јас ги имав БРС-С3 алуминиумските дерези, после две години носење ми се скрши еден од клиновите на задната плочка. Препорака на тие што ќе ги купат е да се исече средната потпора за чизма на задната плочка, инаку при движење се подига чизмата и нагазува на потпората и постои можност да ја оштети чизмата.