Skopsko Smooth, интересен вкус ништо невообичаено, малку помеко, помалку горчливо и помалку газирано, уствари и ко што си кажува самото име смут. Во секој случај добро е што има раздвижување на пазарот на пиво со нови вкусови (без разлика дали се добро или полоши) бидејќи барем јас обожавам да експирементирам и пробувам нови пива, и да си ја проширувам листата на пробани пива.
Следно е Староградско чери и темно, само уште не можам да ги најдам.
Инаку и во Кам имаат нови 2-3 пива полски, Edelmeister Pilsner го пробав и ако некого го интересира доста лошо е не би го пиел по втор пат.
Имаш по Тинекси...инаку првото не е Чери него црвено, бар oпишано беше така, дека бил со некој посебен тип квасец или хмељ, на шишето имаше таква ознака.Црното и не е лошо, + 6,5% , а *црвеното*... онака...
Krombacher Dark not bad.
Кои други темни пива (освен нашиве) можат да се најдат кај нас и каде?
Skopje Beer Import е увозник/дистрибутер за следниве:
Германски - шоферот (
Schöfferhofer) од Франкфурт, во различни верзии, пченични светли, темни и радлер срањата (во Охрид ги имаме во Аквариус и Даблин, не знам дали сите верзии во првиве, ама покриваа со Кромбахер
)
па германскиот Даб -
DAB Dortmunder Export (Дортмунд), го имаше негде и по Скопје Сити Мол местата, имаа и Дарк верзија
Radeberger (eдно од ретките пива од поранешната Источна Германија, во близина на Дрезден).
Ги имам наведено според моето мислење за нив - од првото посебно Dunkles Hefeweizen и обичното Hefeweizen + идат во паковање од 0,5 литри
Дека спомна конкретно темни пива, ова е едно од моите фаворити од локалниов избор (заедно со Пауланер Салватор).
Истата екипа се носители и за чешкото Конрад (Пивовари Вратиславице) - исто 0,5 стакло во различни верзии, Тамни Лежак и Светли Лежак
Шпанската Estrella Damm ја имаше во Тинекс, ама не работат црно пиво
исто и Oettinger - најпродаваното комерцијално според литража германско пиво, а едно од најефтините а и не е лошо за пиење.Две варијанти продаваа, класична Пилс и пченично матно, околу 40 ден. лименка 0,5.
Кога сме веќе кај нив една поврзана или не вест за нашиов регион (МК не е набројана, не знам зошто)
http://vesti.mk/read/news/7363365/2732315/saraevska-pivara-pochna-so-proizvodstvo-na-oettinger-pivo
Во Тинекс од црните имаа(т) од комерцијалниот Гинис
и повремено т.е. нецелосна палета на Пауланер директно из Муншена, увезено од нивниот претставник за Македонија.
http://www.paulaner.mk/cat.php?id=6
Во црните верзии Hefeweisbier Dunkel и мојот фаворит Paulaner Salvator Doppelbock
Штета не се стабилни во дистрибуција.
И неговата приказна:
Основа на вриењето на ова пиво содржи најпрефинет засладувач од хмељ и темен јачмен. Пауланеровите монаси го служеле Салватор како замена за храна за време на Постот. Меѓу нив најпознатиот пивар Отецот Барнабас, кој бил управител на Пауланер манастирската пивараод почеток на 1773 година. Тој оригинален рецепт е денес скоро ист како и за време на Отец Барнабас. Со обврска да го заштити оригиналниот рецепт, Пауланер имаше трговски жиг „Salvator“ патентиран 1896 година.Содржи-18,3% ферментирани житарици, 7,9% алкохол,68,0 kcal/100ml