Пиволенд на Скопско Кале: 18-21.09.2008

Статус
Затворена за нови мислења.

Oi!

Член од
26 август 2008
Мислења
313
Поени од реакции
6
Бев вечерва и беше топ...пробав Efes-50ден..Stella-70ден..Guiness-100ден..ми останаа уште доста ама у недела ке ги пробам и Weifer,XX...и уште некои белгиски пива...како и да е за оние што не биле...идете ОБАВЕЗНО!!!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
и јас сакам беееееееее :nesum:
Напомена: За охриѓани пивото е поефтино за 10 денари (да видите шо народ сме ние скопјанишча:))
Бев денес на кратко, на Џакси Накси јоу јоу:)
Се видов со Тончи, при Тончи мислам дека се упознав со Бушавка и итар пејо а.к.а. Ајзаклија Стомаклија...исправете ме ако грешам:)
Фино беше, пивото е ауууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууу топоини:) мераци за очи, гледаш само пиво пиво пиво пиво пиво пиво пиво скара скара пиво пиво скара скара МАКРОБИОТСКА ХРАНА бе.
Ајде утре од 6 саат на ФИСТ:)
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Многу беше добро вечерва, Драм енд бејсот беше закон, штета што неам уште две нозе резерва:vozbud:
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
леле сега се вратив не можам да дишам пиво скара чуда.

Абе редици еден куп кај тоа скарите како да не јадел народов. Само ме чудеше зашто никој не отиде да проба МИКРОБИОТСКА ХРАНА???????????











Каде бе на пиво и скара забегале тие со микробиотска храна:tapp:
 

Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230
Не беше лошо.Добра музика од една страна трубачи од друга Drumm&Bass.Очекував малце повеќе.Пивото беше топ !:helou:
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Да, заборавив да напоменам дека драм анд бејсот беше многу кул!
Ајде утре пак,само некој да ми каже каде е штандот на Гинис!
ајт
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Добро беше, имаше тамански гужва, еден момент дури и не можеше човек да се размине, ама после се нормализираше. Дегустиравме по неколку пати Гинис темно (100 денари), Лашко темно (50 денари), Chimay blue (9% алкохол, 200 денари), Chimay triple (8% алкохол, 150 денари) и секако Скопско (50 денари). И најчудно, не ме фати, ама ми се спие неверојатно многу. Цениве ги кажувам во случај да планирате да идете утре :)

Неизбежен беше и лесковачкиот роштиљ и сланината на жар... Чекавме некои 15 минути, ама вредеше секоја минута.

Да напоменам дека како екс-ракометар ги „банкротирав“ Sportlife во тоа играта со фрлање топка у дупките и заработив вредносен бон од 1000 денари. После мене, одма ја затворија играта. :pos: Добро, помеѓу толку дебили што фрлаа ракометарска топка како да е баскет, мораше да се најде и некој што ќе погоди. Ваљда ќе ставам некој сингл утре, на се или ништо.

Пива на вечерта: Chimay и темно Лашко. Си земав 2 шишиња Chimay за дома, интересни се.

На Гинис штандот лесно се наоѓа... Има Гинис тенда :)
Али не ми се допадна. Како да беше разредувано со вода... Ептен ретко некако ми се виде.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Drum and bass - лудилооооо Pendulum, Hype, Shy Fx аууууу

Лесковачка чекав најмалце 30 мин све да им ј*б*м, али се исплатеше.

Треба да има пиволенд на секој квартал, а Drum and bass на секои 2 дена. Топоиииииии

Петок ќе испадне набољи ден, едино ако Паркети не ми го покварат тврдењето.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Мртов уморен, ама ќе пробам да склопам два-триесет редови :)

На Кале стигнав 5 и кусур, уште свиреше првиот бенд, некои деца панкеришта No Control, ама ме бендисаа како свиреа.
Е после нив, бендот поради кој брзав рано, рано да стигнам на Кале Last Act Of Defiance. После година дена ветувања на Лу дека ќе му ојдам на свирка најпосле му ојдов на свирка. За сите што не знаат само да кажам дека Лу и неговата гитара владејат, како и момците од бендот.
Е после со девојката на Лу ојдовме во бекстејџ кај што чув интересни мислења и информации. Најбитно е тоа што ми го кажа водителот Сашо, со кого летово седевме заедно на маса во Момир: со две пива Лашко, гратис енерџи дринк (СО 4% АЛКОХОЛ) :)
Бај д веј Зевсус и неговата весела дружина ги затекнав таму :) ама тие само по пивото, не и по музиката, хахаха
Еден од организаторите спомна дека е многу задоволен од тоа како се одвива фестивалот и покрај заебот со временските неприлики (студ) и за единствено потфрлање го спомна гурманскиот дел. Пивофестот во Прилеп има добар момент во тоа што можеш да седнеш на маса и да ти донесат овал со 100 ќебапчиња па да се изнакркаш и да испиеш многу пиво попат. „Лесковачките“ роштиљи не се баш најорганизирани овојпат, ама ќе им се прости :)
Јас му спомнав да биде од 3ти до 6т септемви 2009 :) по мене би било таман. А кој термин ќе биде Пиволенд 2009, има време да се договорат организаторите.

Настапот на Dedicated For Life го проследив од бекстејџ, и можам да кажам дека се направи навистина голема шутка, што е за секоја почит. Одличен настап на ДФЛ.
Потоа се префрлив напред за да уживам во она за што дојдов, а тоа е ПИВОООО, и тоа многу пиво.
Почнувајќи од темно Лашко, со гратис BANDIDOS ICE (вкус на швепс, енергија на стандарден енерџи дринк, алкохол ко стандардно пиво) извонредно со еден збор кажано. Ах и темното Лашко ми се допадна, башка што е 50 денари :) со 100 ден две пива и Бандидос. ОдлиЌно што би рекол Сусаро.
Потоа пробав XX темно, ама ми беше некако тешко, Бушавка си зема светло и и’ го пробав и ме бендиса многу, а моето некако го бутнав низ грло, 120 денари го платив, нема да го фрлам, хахахахахаха
Ретро Кабаре... извонреден бенд на млади музичари кои одлично свират, и ги имаат преработено некои од најпознатите македонски шлагери го ска-панк варијанта и звучеа одличноооо!!!
На Лот Лориен, заминав нагоре по Калето накај ди-џеј стејџот каде што ме пречека некое културно уметничко друштво, па се вративме назам и заземавме некоја потивка позиција каде што ги набљудувавме луѓето и се муабетевме на раат.
Е за Џака пак тргнавме накај среде. Машала бенд имаше човекот, плус другарчињата од Легијата... плус верни фанови... машала, не верував дека може да направи вака добра свирка, мада малку ми уништи впечаток тоа што си ја рекламираше свирката наредниот викенд во еден скопски клуб.

Иии... вториот дел од вечерта. Hypertech на грамофони. d&b фучеееееее
Народ, масовно на вториот стејџ пред тебе, масовно позади тебе, масовно надоле по Пиволенд... Jungle is Massive :)
Одлична атмосфера, позитивни вибрации, топлина, во сетот на ди-џејот, во танцот на луѓето... јас играв само по мајца, што на само 10 степени не памтам да ми се случило долсега во животот :)

Малку бед ми напраи другар ми Бобо кој реши да си иде одма после настапот на ЛЕТ 3. Кутриот тој, не знае дека ЛЕТ 3 секогаш се враќаат на бис, и додека овие имаа фуриозен настап тој ме чекаше во кола...

Крај на една прекрасна вечер.

п.с. Во меѓувреме во муабети со драги луѓе ни паднаа идеи, следната година, целото Кале да биде Пиволенд, да има повеќе штандови, повеќе простор за скара, повеќе простор за пиварите, повеќе простор за одмарање, повеќе од се :)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Мртов уморен, ама ќе пробам да склопам два-триесет редови :)
бла, бла, бла.....
бла, бла, бла.....
бла, бла, бла.....
бла, бла, бла.....
бла, бла, бла.....
Крај на една прекрасна вечер.

п.с. Во меѓувреме во муабети со драги луѓе ни паднаа идеи, следната година, целото Кале да биде Пиволенд, да има повеќе штандови, повеќе простор за скара, повеќе простор за пиварите, повеќе простор за одмарање, повеќе од се :)
Ко да си 3то одд. и да ти дале писмена по македонски со тема, ЕДЕН УБАВ ДЕН :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
мислам дека се упознав со и итар пејо а.к.а. Ајзаклија Стомаклија...исправете ме ако грешам:)
:pos: :pos: јок брат,не си ме упознал мене сигурно :):)

Иначе и јас бев и си пројдов многу убаво го фатив ДНБ стејџот се изнарипав квалитетно,имаше топ атмосфера и покрај студот.Миксот на Раким ме утепа алал да им е за тоа :P

Чекањето пола саат за плескаица и разреденото пиво се ствари на кои треба да поработат за догодина да и биде баш онака ко што треба, а воедно и терминот да претрпи некоја измена недела две порано.
Се на се супер,задоволен сум како за сефте над очекувања ми беше
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Едино шо ме разочара беше редицата за роштиљ и пивото каменица кое да не беше 50 ден ке го фрлев:P Другото беше топ
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
НАЈЗАКОН ВЕЧЕР ВО МОЈОТ ЖИВОТ...се скинав од пиење короја и чашко
 
N

n/a

Гостин
Скопје си доби нова атракција. :)
И му требаше еден ваков фестивал.
Баш е супер.

Се отепавме од пиење...
па спиев у кола после тоа едно два саати (измеѓу 10 и 12ч)
па смрзнат се мотав ко мрднат дур да си ја најдам екипата...
и пиевме уште по две.. и си тргнавме накај дома.

Ги видов и се поздравив со Тончи и Ејсид...
видов и некои други со кои што не се поздравувам :)
имам примедба на дел од музиката...
имаше околу 18ч. едни треш-металци,
вауууу-аууу-ваууууу-ааааааааа
хауууукккк-аајјјјјјјј-грррррр
:toe: ало бе... полека малку.
Уште ме боли главата од нив.
Не ти се разбирам од такви `музики`...
гарант и он самиот (фронтменот) не може да повтори што испеал.
(читај се издрал).
Втората примедба ми е што ебате нема една ебана корпа за ѓубре да фрлиш.
И трета што сме родени сељаци,па на 30 wc-иња,пак сите мочаат ко кучиња-авлијанери `на теферич`.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom