- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Не го гледам Коељо како добар писател. Неговиот успех се состои во тоа што знае да го погоди моментот за пишување и издавање на неговите комерцијални дела. Коељо не е оригинален, се надоврзува, препишува и допишува од повеќе латиноамерикански автори кои се многу позначајни од него (пр. Х. Л. Борхес и Г. Г. Маркес), кои на нашата „читателска“ публика не и се премногу познати, оти не пишуваат баш викенд романчиња. Мошне е сличен со писатели од типот на Карлос Кастанеда или Ден Браун.
Коељо е интересен за млади луѓе, тинејџери. Ако некои од нив се решат да преминат на повисока, или различна категорија на литература набрзо ќе сфатат за каква книжевна (не)величина се работи.
Коељо е интересен за млади луѓе, тинејџери. Ако некои од нив се решат да преминат на повисока, или различна категорија на литература набрзо ќе сфатат за каква книжевна (не)величина се работи.