Пауло Коељо

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не го гледам Коељо како добар писател. Неговиот успех се состои во тоа што знае да го погоди моментот за пишување и издавање на неговите комерцијални дела. Коељо не е оригинален, се надоврзува, препишува и допишува од повеќе латиноамерикански автори кои се многу позначајни од него (пр. Х. Л. Борхес и Г. Г. Маркес), кои на нашата „читателска“ публика не и се премногу познати, оти не пишуваат баш викенд романчиња. Мошне е сличен со писатели од типот на Карлос Кастанеда или Ден Браун.
Коељо е интересен за млади луѓе, тинејџери. Ако некои од нив се решат да преминат на повисока, или различна категорија на литература набрзо ќе сфатат за каква книжевна (не)величина се работи.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не го гледам Коељо како добар писател. Неговиот успех се состои во тоа што знае да го погоди моментот за пишување и издавање на неговите комерцијални дела. Коељо не е оригинален, се надоврзува, препишува и допишува од повеќе латиноамерикански автори кои се многу позначајни од него (пр. Х. Л. Борхес и Г. Г. Маркес), кои на нашата „читателска“ публика не и се премногу познати, оти не пишуваат баш викенд романчиња. Мошне е сличен со писатели од типот на Карлос Кастанеда или Ден Браун.
Коељо е интересен за млади луѓе, тинејџери. Ако некои од нив се решат да преминат на повисока, или различна категорија на литература набрзо ќе сфатат за каква книжевна (не)величина се работи.
Не дека не се сложувам во врска со твојот став за Коељо, само... најди ми еден писател, или подобро, еден човек кому не му било извршено влијание од некого а подоцна дошло до израз и на неговата работа?!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не дека не се сложувам во врска со твојот став за Коељо, само... најди ми еден писател, или подобро, еден човек кому не му било извршено влијание од некого а подоцна дошло до израз и на неговата работа?!
Нема таков писател. Проблемот на Коељо е во тоа што тоа влијание, на моменти, се граничи со плагијат. Тоа посебно важи за Борхес, чии дела се кратки раскази, песни, есеи и размислувања. И таму имаме расказ што се вика „Захир“, како и извод 1001 ноќ, од кој најверојатно израснал „Алхемичарот“ на господин Коељо. Постојат и др. примери.
Интересно е тоа што при неговата посета во Македонија, на прашањето колку е големо влијанието на Борхес врз неговите дела, Коељо одговори дека не постои нешто такво. Неколку години подоцна во интервју во „Теа“, истиов го потенцира големото влијание на Борхес...
Мислам на влијание, кое во овој случај ги надминува рамките на дозволеното.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Искрено не ми се допаѓаат неговите книги. Имам само три прочитано Захир, Алхемичарот и Вероника реши да умре. Ниедна не ми оставила некој впечаток едноставно не ме оставила без здив. Брзо ги читам уште побрзо ги заборавам. Од овие 3 што ги имам прочитано најмногу во сеќавање ми остана Вероника реши да умре.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
2.261
Вероника реши да умре дефинитивно.......со таа книга ќе се заљубиш во читањето....многу е лесна за читанње како и 90% од книгите на Коељо, а покрај тоа многу е интересна......јас не ја оставив додека да ја прочитам до крај...........инаку и Алхмеичарот не е воопшто лоша ама некако на крајот остануваш збунет и како изнервиран што му треба толку време и пишување за да ја постиге крајната цел!!!
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Вештицата од Портобело, добра книга е? Планирам од утре да почнам да ја читам.
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Hmm ne e kojznae sto, imal i podobri knigi. Ali ne e losa, mn e dobar glavniot lik Atena, interesna cura, a ima nekoi dobri delovi, onaka u eden zdiv so se citaat.:wink:
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Коељо е писател што пишува сапуници, ништо посебно и многу предвидливи ситуации надополнети со некои мисли, баш она комерцијални романчиња. Мене лично не ми се интересни... “Крај реката Педра седнав и плачев“.... Ај мин, ват д ф?
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Тоа што е Мекдоналдс меѓу рестораните е П.К. меѓу авторите... Одприлика:)
Со тоа што, во Мекдоналдс владее помфритот! Така и кај овој се наоѓаат некои плусеви - тера да читаат книги луѓе кои инаку не читаат; не е напорен; има накитен израз...
Ама не е „мојата шоља чај“
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
е не сум ја читал Вероника реши да умре, ако ја има некој нака ја прати на пп
а 11 мминути ми е незаменлива
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
она што најмногу ми се допаѓа кај Коељо е тоа што неговите романи се читаат во еден здив, кога читам негова книга, едноставно не можам да правам ништо друго додека не ја прочитам, постојано ме копка што ќе биде понатаму, а и долго после читањето на книгата ме тера на размислување.
има доста добри поуки кои излегуваат од неговите дела, ова ми е една од најубавите мисли, извадок од неговиот роман "Петтата гора"

Секоја трагедија втурната врз нечиј живот не претставува казна, туку предизвик истата да се надмине



 

IDontWantU2Know

Perfect imperfection
Член од
1 јануари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
2
Paulo e definitivno pisatelot na moite tinejdzerski godini.: )Gi imam procitano site negovi knigi osven "veshticata od Portobelo".
Potoa pocnav da navleguvam voo svetot na poserioznata latinoamericanska literatura i Marquez mi e nezamenliv.Isto i Mario Llosa. Gi imam procitano poveketo knigi od Gariel i koga povtorno se navrtiv da go citam Coelho ,"Brida" sfativ deka literaturno sum prasnata: ) Brida ja procitav od pocit kon toa sho go sakav vo minatoto.
A Paulo e komercijalen avtor.toa e fakt. : )

ne znam dali ja mate videno reklamata za HP.no razbiram,sekoj saka da pravi pari. : )zoshto da ne ja iskoristi shansata za extra zarabotka.

go pocituvam no ne me voodushevuva kako shto porano me vodushevuvashe ili kako shto sega go obozavam Gabriel garcia Marquez.: )
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
оти секогаш кажвате со подценување демек комерцијални романчиња...
и шоако се комерцијални... то значи дека немаат вредност некаква?
мене па поглупи ми се оние на ден браун... приказна си раскажва... и јас можам така...
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Негде пред некои 4 години...кај и да идам слушам Алехемичарот ова...Алехемичарот она...Сегде се збореше за оваа книга..Ја не знаев дека е книга...и прашуем една другарка е добро де шо фраер е тој Алехемичарот бе...:)...сите го зборат. Другарка ми вика..Алехемичарот е книга напишано од еден фраер кој се вика Пауло Куељо...:) Викам...еј маме му ебам...напишал книга...милион жени полуделе по него...викам ќе ја прочитам! И ја земав книгата алхемичарот...ја остаив на маса у соба...и отидов да се бањам! Требаше да излезам со една шмекерица..и реков да се чекаме на фреш у 9! Ја накај 8 ипол веќе спремен...викам да излезам..ама ај да ѕирнам првата страна од овој алхемичаров...читам читам...и телефонот ми ѕвони. Шмекерицава вришти ме чека полаа саат на фреш. Ја внесен у книгата...викам..извини..ама читам книга...имаше пцовки на линијата и спуштив. Се зачитав...и откако завршив со книгата..си реков...ееее поисполнет никад не сум бил. Воопшто не жалев што не излегов со згодната на дејт...доволно ми беше хемијава шо се јави помеѓу мене и Алхемичарот! :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.401
Да се надоврзам на претходното мое мислење за писателот... После додатно прочитаните 3 романи (Алхемичарот, 11 Минути и победникот е сам) мислењето за него можеби малку се има променето но воглавном е ова. Типот е ок кога го читаш на почетокот на романот. Приказната се одвива според оноа како што замислуваш и кај тебе се раѓаат имагинарните ликови. Но... Некаде во средината (кај секој роман го имам ова забележано) започнува тупењето кое се базира на едноставна филозофија на животот. Ќе направам мала споредба со еден друг автор (истотака доста популарен) Николас Спаркс. ЗДодека овој пишува за приземноста на човековата душа, едноставноста во љубовта при што самиот потенцира дека не е светец, Коељо го прави спротивното. Тој мисли дека со едноставноста се станува популарен, иако во неговиот роман Победникот е сам, тој на еден начин го сквернавува патот до постанување на некоја популарна ѕвезда. Не би рекол дека не ми е омилен нити омразен писател но не е ни нешто свето за што треба да му се клањаат луѓето. Според оноа што го имам чуено од кума ми, која има контактирано со самиот тој, човекот е приземен и едноставен во разговорот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom