Пауло Коељо

Божана

Morning sun
Член од
17 август 2009
Мислења
226
Поени од реакции
111
Ги имам прочитано 11 Минути и Алхемичарот, а сега почнувам да ја читам Захир.
11 минути навистина ми се допадна, има пишано за љубовта, сексот, за животот. Иако на моменти знаеше да ми стане досадна, ми остави прекрасен впечаток.
Додека Алхемичарот, кој ми беше предложен не ми се допадна премногу. На почетокот е интересна и првите 100 страници може да ги прочиташ во еден здив. Но подоцна некако се повтаарат истите работи и станува досадна. Додека крајот на книгата е прекрасен.
За Захир не можам да кажам многу бидејќи се уште сум на почетокот и сега за сега имам добар впечаток.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Коељо во литературата е како турбо фолкот во музиката.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Коељо во литературата е како турбо фолкот во музиката.
Јас што зборам цел живот :vozbud:.
Rambo Amadeus
Folk je narod, turbo je sistem ubrizgavanja
goriva pod pritiskom u cilindar motora sa
unutrasnjim sagorijevanjem.
Turbo folk je gorenje naroda.
Svako pospjesivanje tog sagorijevanja je turbo folk.
Razbuktavanje najnizih strasti kod homosapiensa.
Muzika je miljenica svih muza, harmonija svih umjetnosti.
Turbo folk nije muzika, turbo folk je miljenica masa,
kakofonija svih ukusa i mirisa.
Ja sam mu dao ime.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
продава евтина поп психологија како лимонада: "сакај за да бидеш сакан" бла бла бла...

пробајте го Кундера, Маркез, малце суров реализам, во каков што и живееме, нели....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Коељо во литературата е како турбо фолкот во музиката.
Аааа, ама има и лесен и тежок Турбо фолк. Коељо е нешто како Аца Лукас на светската литература. Навидум длабок и суштински плус достапен за сите. :icon_lol:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Колку и да се труди да биде различен, повторно го пишува истото. Ми се свиѓаше приказната на "Вероника реши да умре", но поради "Седев на реката Пједра и плачев" го замразев неговиот стил. Сеуште ме убедуваат дека доброто мислење за Коељо ќе ми се врати по "Алхемичарот", но знам дека нема да ме воодушеви. Неговото творештво не е доволно интригантно за да ми го привлече вниманието.
 

I must be dead

Holden Caulfield.
Член од
6 јануари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
4
Исклучително не заслужуе почит која ја ужива. Мислам искомерцијализиран до даска, врти некои филозофии лесно прифатливи и конзумирани од пошироката маса, и сл. срања, праи кеш со добра пропаганда и реклама, ама не вреди. Прва ја прочитав Вероника реши да умре, па Крај реката Педра седев и плачев, Захир и така натака, за мене тие се исто што и кичот во музиката и филмот. Неможам да смислам таква литература, а глеам пола свет паѓа у несвест по него, или сме ние глупи или е чоеков препаметен. Не гледам никакви вредности у неговите срцепетелни наводно поучни приказни.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Добредојдовте на темата `колку не чини Паоло Коељо ама сите го читаме`...

Коељо во литературата е како турбо фолкот во музиката.
:tapp: Затоа што е `комерцијален`? А ти да не си фантазираш дека Достоевски не сакал да му се продаваат книгите кога бил жив? :tapp:

Јас што зборам цел живот :vozbud:.
Има и попродуктивни начини да се помине цел еден живот отколку да се мрчи колку не чини литературата на Коељо...:tapp:

продава евтина поп психологија како лимонада: "сакај за да бидеш сакан" бла бла бла...

пробајте го Кундера, Маркез, малце суров реализам, во каков што и живееме, нели....
Ако имате време за губење...кој реализам бре измишљотини и трипови кои наводно се десиле во Колумбија пред еден век...магичен реализам...цццц...нафрлани глупости кои не успеал ни самиот Маркес да ги поврзе во целина хахахахааа 100 години самотија и 400 страни тежок булшит....:vozbud: тоа треба да им го читаат на осудениците на смрт наместо инјектирање отров...поефикасно е...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
:tapp: Затоа што е `комерцијален`? А ти да не си фантазираш дека Достоевски не сакал да му се продаваат книгите кога бил жив? :tapp:
Дечко јас ништо не фантазирам затоа што многу добро ми се познати тие работи, така што кулирај. :wink:

И читај си го Коељо. Затоа што тој измисли топла вода во литературата. Hell yeah.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Добредојдовте на темата `колку не чини Паоло Коељо ама сите го читаме`...
Не знам за тебе, јас коментирам само тоа што сум го читала, и кое ми е познато. Која е поентата да коментираш за нешто што врска немаш што е?

Едит: Да се спореди Љубов во време на колера со Захир или Алхемичарот е жалосно, на пример. Љубов за време на колера пред се ти дава слика на едно време, на едно опшество. Захир на некое секташки размислувања и евтини филозофии.
 
С

Сатори

Гостин
Интересен феномен, колку сите не го сакате Коелјо а сепак го читате.
Тоа е веројатно популарно, да се земе една книга, еден писател и се што ќе излезе на пазарот од него да се смета за комерцијален кич само затоа што се продава или е широко достапно за масите, ако не таа варијанта, тогаш ќе се сместат во чудни книги за самопомош.
Ако некој нешто не прогласи за класика и квалитет тогаш не го читаме? :)

Јас напротив многу го сакам Коелјо, исто како Адел Паркс или Веј Хиј, кој што со нивните книги успеваат да ме тргнат 3/4 часа од мојот живот, да ме релаксираат и да ме освежат со нивните редови пишан текст.
Ако тоа значи дека читам турбофолк, тогаш изгледа ќе треба да престанам да ги читам Достоевски, Кундера или Булгаков.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
За да знаеш дали нешто чини или не мора да имаш прочитано барем 3-4 дела од тој автор и да можеш да направиш споредба. Го читав кога бев 2-3 средно и единствено „11 минути“ ми остави впечаток на почетните страни. Почнува добро, ветува интересна содржина, а потоа продолжува со исклишезирани муабети на кои се „палат“ тинејџери.

Коељо е лесна литература и тоа е факт. Далеку од тоа дека ако го читаш него не треба да ги читаш класиците. :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Интересен феномен, колку сите не го сакате Коелјо а сепак го читате.
Тоа е веројатно популарно, да се земе една книга, еден писател и се што ќе излезе на пазарот од него да се смета за комерцијален кич само затоа што се продава или е широко достапно за масите, ако не таа варијанта, тогаш ќе се сместат во чудни книги за самопомош.
Ако некој нешто не прогласи за класика и квалитет тогаш не го читаме? :)

Јас напротив многу го сакам Коелјо, исто како Адел Паркс или Веј Хиј, кој што со нивните книги успеваат да ме тргнат 3/4 часа од мојот живот, да ме релаксираат и да ме освежат со нивните редови пишан текст.
Ако тоа значи дека читам турбофолк, тогаш изгледа ќе треба да престанам да ги читам Достоевски, Кундера или Булгаков.
Селинџер е бестселер, има светска репутација на фантастичен писател која и сам ја делам иако сум човек кој одбива актуелни и напумпани наслови и писатели. Така што, муабетот не држи вода.

А за да се коментира лошо за некого или нешто, нормално дека мора да се има претходно знаење за истото. Хејтањето знае да прерасне во вистински фанатизам и човек да стане поголем фан од позитивните фанови. Мислам дека на темава сите се здрави сеуште, сите имаат пипнато Коељо, и сфаќаат дека не е за нив. Не се како ateist (членот) кој што ја знае Библијата подобро од верниците на пример. Ама за да зборуваш против нешто, мора и да го познаваш тоа.

И дали читаш турбофолк... не е проблем, и Sussaro слуша Deep Purple и Аца Лукас, тоа не те прави глупа, туку... чудна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom