Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па и не би рекол баш. Земи го во предвид настанувањето на државата, природата на настанокот. Државата е настаната поради потребите од организирање на луѓето за да можат да егзистираат. Како луѓето станувале поразвиени така и државата еволуирала. Кога еволуирале политички односи меѓу луѓето, поради поголемата развиеност на свеста така и државата еволуирала. Со развивањето на политичките односи се створаат идеите за идеологија се со цел да се држи државата во едно, да се заштити. Многубоштвото кое ги држело државите во едно е идеологија која ги штитело луѓето од незнаење и страв, а благодарение на таа идеологија лидерите успевале да го држат народот во покорност и еден сигурен правен поредок. Тоа сега е нормално старомоден и нелогичен вид на идеологија. Како еволуирале луѓето, свеста, така и политичките односи и моделите на државите.
Денес иако се тврди дека демократијата не е идеологија, сепак е вид на идеологија ако го земеме во предвид колективното верување на луѓето дека е потребно демократија во државите за проперитет на општеството.
И не ми кажуваш од кој учебник ти е ова? :D

Претпоставениот ултра-алтруизам на власта како мотиватор во развојот на општеството е сериозен само за некој кој би решил да ги затвори очите пред реалноста.
Некој кој во случај да бил Индијанец би бил наречен “Храбриот Ној“ или нешто слично...

Државата настанала кога одредена група на луѓе, немоќни да го обезбедат својот физички опстанок со работа која продуцира конкретни резултати (производи и услуги) се организирале за да можат да живеат на туѓ грб.
После првобитното такво организирање, еден од дефинирачките во историјата на нашата цивилизација, отишле понатаму откривајќи дека можат да живеат одлично на туѓ грб а не само да го обезбедат физичкиот опстанок.
Секако, им биле потребни соодветни механизми со кои ќе ја остварат целта.

Enters the State.
Enters the organized religion.
They got married and spawn atrocities in millenia to come.

Како еден од главните инструменти во нивното останување на позициите била религијата и наводната “божја природа“ на власта а следствено на тоа и на државата.

Сите носители на власта се повикувале на “правото“ дадено од некоја виша сила да седат на власт за време на нивниот овоземен живот. Да бидат наследувани од членови на семејството. И не само тоа туку тој систем подоцна опфаќал цели класи на врвот на општеството и економијата. Аристократија.

Друг дефинирачки момент е настанокот на националните држави. По слабеењето на влијанието на религијата поради Ренесансата, индустриската револуција, големите научни и географски откритија, меѓуконфесионалните војни и корупцијата на црквите (посебно католичката), новите идеологии и филозофии (читај потпис - Дени Дидро) и ерата на рационализмот, потребата од ново замислено другарче на кое ќе се повикува елитата во своето контунирано опстојување и експанзија на туѓ грб била очигледна.

Enters the new deception.
The Nation.

Стравот од Бога е апдејтиран со Љубовта кон нацијата/државата.
За порационалните и оптимистичните тука се и наводните бенефити од државно-бирократскиот апарат врз даночниот обврзник.
Кој мора да работи двојно повеќе за да нема време да се прашува колку навистина чини тоа што наводно ќе го добие ако му се укаже потреба.

Then capitalism arrived and we lived happily ever after in a dream of driving Ferrari and fucking Miss Blonde Tits.
Сонот за богат живот во кој неебаното ќе се изеби, невозеното ќе се гази до даска, невиденото ќе се здосади и сите гомна ради кои сме биле фрустрирани ќе им се ебе матер е горивото на кое се одржува илузијата на капитализмот.
Но никој не прашува некого на смртна постела, do you feel fucked?
Шо бидна со Ферарито и плавата пичка?
Нема потреба, тука е рајот а во него има место за сите.

На здравје.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Cudna rabota no vo Biblijata isto taka pisuva deka celiot svet e vo vlasta na zloto...Kako togas sekoja vlast e od od boga...Logicki sledi ako celiot svet e vo vlasta na zloto togas niedna vlast ne e od boga!
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89

Аха, и сега испоплукавме се и ни останува да седнеме на маса и да седиме додека не умреме.
Сите овие ставови што ми ги кажа ти се излагања од книги на теоретичари негативно настроени спрема природата и функцијата на државата во кои ти се согласуваш со нив. Во ред твое право. На прашањето колку се тие во право никој не може да одговори и никој не може да каже дека се тие во право, ова е нормално бидејќи, кој е тој што ќе каже дали се во право или не? Од историјата до ден денес постојат битки помеѓу теоретичари со нивните филозофски дела, а народот што се замара со тоа е одлуката со кои теоретичари и фиолозофија ќе се согласат. Отсекогаш имало негативно настроени теоретичари према државата и позитивно. Тоа се филозофски ставови на поединци кои ги градат врз основа на нивната логика и желба за насока на верување. Државата како сакаш можеш да ја опишеш и сите тие работи што си ги набројал во постот, можеш да ја направиш нешто најлошо и нешто најдобро.
Но, не можеш да убедиш некого за оваа тема дека си во право, можеш само да излагаш твои мислења на темата и да ги контрираш оние што немаат врска што пишуваат. Ми велиш препишувам од книга, а ти ми вадиш цели излагања од дела на теоретичари, каде е логиката? Секој излага свое мислење врз основа на неговото знаење и неговото индивидуално расудување, како ти, така и јас.

Во врска со тоа што ми го пиша, секој може како сака да мисли за системот на државата, негово е со неговото знаење и умеење и мудата ако ги има да живее онака како што налага системот на државата. Начин каде што луѓето нема да бидат искористувани од страна на државата за сам нивен контролиран и сигурен поредок не постои. Мора да постои систем каде човек ќе може да ги исполнува своите цели, но за сметка на тоа мора и нешто врз него државата да остварува, да го искористува неговиот труд за самоодржување на системот кои луѓето можат организирано да ги остваруваат своите цели.

Ова веќе што го јас и ти пишуваме нема врска со патриотизмот, како што кажав не е тоа идеологија за да се наметне, од патриотизмот државата ништо не добива. Државата не губи ништо ако човек не осеќа патриотско чувство, али ако сака човек да зема плата од некаде, да е осигуран, да има каде да се образува, лечи, живее, ако сака да го заштити неговиот имот, сакал нејкел мора да го почитува поредокот и да го штити. Ако системот губи и тој губи.
Како и да е, обиди се да ја гледаш и позитивата.
 
Нема ништо позитивно. Неможам да видам нешто што го нема. Но можам да си замислам. Да фантазирам.
Hence, Patriotism.
There must be something good in it, look everybody`s doing it.
Love thy mugger.
Како тоа не добива државата? Тоа е само еден од механизмите за робовите да си молчат и да имаат блокада во умот, некаков firewall во случај да почнат да размислуваат какво влијание има државата врз нивниот живот, што навистина губат и што навистина добиваат.

Не ми беше намера да се осетиш нападнат а со тоа и да се браниш користејќи некакви измислици.
Од кои црни теоретичари сум пишувал излагања, наведи еден барем, каква филозофија...:facepalm: само го споменав Дидро поради потписот во контекст на напишаното.

Другото ти е биологија и психологија, моја теорија за настанокот на државата и тоа е тоа.
Постои и начин, постојат и милиони кои живееле, живеат и ќе живеат надвор од благотворното дејство и “заштитничката“ рака на премудриот законодавец и даночниот систем.
Заборавив да ги споменам и селските војни во средниот век како фактор кој подоцна довел до тоа власта да активира уште едно замислено другарче, кои ја зафатиле скоро цела Европа. Ват Тајлер, Томас Минцер, Степка Разин, Матија Губец....и неброени други. Off with the kings head.
Тоа е реалноста, треба малку да прочиташ економија и психологија, не е на одмет и историја троа. По можност финансиската а интересна е и технолошката. Не за друго понатаму ќе те поштеди од пишување вакви работи...

Државата не губи ништо ако човек не осеќа патриотско чувство, али ако сака човек да зема плата од некаде, да е осигуран, да има каде да се образува, лечи, живее, ако сака да го заштити неговиот имот, сакал нејкел мора да го почитува поредокот и да го штити. Ако системот губи и тој губи.
:coffee:

Се е тоа фино во теорија, но во пракса излегува многу поинаку. Во ред, има неколку држави во кои има висок степен на функционалност на наводните институции кои требало да се на услуга на даночниот обврзник. Но тие се бројат на прсти дури и во оваа 2012 AD и се беден процент од постоечките држави, а ако ги сметаме сите држави од Сумер до денес и ако концептот на држава биде тестиран преку местото на просечниот даночен обврзник низ историјата....батали....

Да не ти даде богот во кој веруваш, во реалниот живот врз себе или некој близок да треба да ги тестираш тие теории преку здравство, правосудство, администрација...сериозно. Но подобро е така можеби. Како би делувало ако некој се послужи со едноставна аритметичка операција и пресмета колку платил во животот а што добива сега кога нешто му треба. Поразително е. Понижувачки. Затоа системот вградил заштитни механизми. Лубрикација. Емоции. Ние и тие.

Ако некој наместо теории малку размисли за својот живот, дека му требале 20 години “образование“ за да ја добие честа и привилегијата да се квалификува за “граѓанин“ кому нема да му биде загрозен физичкиот опстанок и да зема 200-300 евра од кои пола ќе ги плаќа на име “љубав“ кон државата...well...
Има и друга варијанта да зема 2000-3000 евра во поразвиени земји, арно ама ќе стартува со минус од 100К евра кои ги позајмил да се образува и да добие право да отплаќа долг во наредните....децении.......

7000 години, илјадници држави, многу економски, политички, правни и општествени модели...резултатот е мизерен.
Но не и за наведените луѓе кои дошле на идеја дека може да се живее одлично на туѓа сметка. И нивните наследници до ден денес, без разлика на идеолошките,политички и религиозни маски.
 
Се ова во ред. Но, јас зборувам за потеклото на државата и нејзината природа и поврзаноста со појавувањето на патриотизмот и неговата природа, затоа е и темата. Природата на државата и нејзините позитивности и негативности е сосема друга тема, ако имаш желба за дискусии за ова можеме да зборуваме на тема соодветна за тоа.
Не се сметам за нападнат, но не годи тоа што мојте постови ги нарекуваш измислици, тоа се поткрепени ставови врз основа на нешто, а изградени врз моја лична логика и определба.
Ако сакаш да зборуваме за потребата на државата повели отвори тема на овој подфорум.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.030
Поени од реакции
24.676
Насловот можел и да биде вродена пропаганда или вметнато чувство :). Да земеме еден екстремен пример. Првиот е Могли детето од џунглата да го ставиме во Македонски услови Трајче на пример во Караџица или Осогово да го одгледуваат волци и мечки како Ромул и Рем. Дали ако го најдеме како дивјак на 30 години ќе знае или ќе му биде битно што е тоа Коин на Воњ за гордо да го стави на фејсбук пештер-drawing edition? Најверојатно не. Значи мислам дека тука може да се заклучи дека е далеку од вродено чувство. Од друга страна дека постои низ светот пропаганда за патриотизам постои во некои држави повеќе во некои помалку меѓутоа никој не може да ти наметне ништо ако ти не сакаш. Од една страна на многу луѓе низ историјата им било понудено да се откажат од некои си свои идеали-да преминат во ислам, да се пишат бугари и слично за да си ја спасат главата ама сепак овие одбрале да умрат. Или примерот со Северна Кореја. Дали сите тие што рикаа на погребот на Ким душа им се кинела за Големиот и Семоќен Лидер? Не, на некои им било и сеедно, на други дури и мило, ама морале да си бутнат кромид во ракавите на -20 степени за да не ги стрпаат у ќорка. Сепак што е патриотизмот? Како и скоро сите нетангибилни чувства како на пример ставот за губење на семејното презиме, или дали Кашко Соцев е џентлмен или патетик, и ова е состојба на умот можам и да речам избор. Дали ќе навиваш за Барселона или за Реал е тој избор. Сепак кога ќе ги виднам запоседнати кафичите во Скопје на Ел Класико и како урлаат како брат им да игра во тимот или како тимот да ги израснал од деца не ми е чудно, како што на пример би му било чудно на некој Вулканец. Од друга страна има и такви што и брат им да играл може пак ташак да не ги боли. Само што не можам да се согласам со ставот-не знам брат така природно ми иде. Така природно може да ти иде да јадеш, да пиеш вода, да мочаш, да сереш, да спиеш и уште нешто кусур. Луѓето не разбираат дека тие избрале да се осеќаат како патриот, како космополит(ен), како навивач на тим, дури ти избираш и во кого ќе се заљубиш, и за што ќе се ангажираш во животот, неубивање на животни или кркање убаво прасечо, заштита на работничките права или проаѓање со ефтин цех во кинеските продавници, или и едното и другото заедно а глумење лицемерие. И убаво е да си одбрал став, ангажман, пристрасност према лица или предмети, затоа што на крајот на краиштата за што друго живееш? Проблемот е само во немањето објективност за сопствената субјективност. Ако успееш тоа да го разграничиш и да си реален, ќе бидеш патриот и тоа добар патриот колку год и да се затупува во дискусија што е тоа добар патриот.
 
С

Само Човек

Гостин
Нешто што е само во главите на луѓето, уште една етикета со која се потоветувме. Патриотизмот не е емоција туку е возбуда која го потхранува егото. Не е нешто што реално чуствуваме. Во суштина природни емоции на човекот се љубовта и стравот,ништо друго. И рефератот што сакав да го напишам веќе го напишал сусссаро
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Patriotizmot kako i mnogu stvari se stvar na PROPAGANDA na vladeackata klasa. Vie ste (in) formirani od nivnata indoktrinacija perenje na mozoci, od duhot na vremeto, vie ste produkt na ova vreme na opstiot duh na vremeto, vie razmisluvate kako covek na 21 vek da bevte vo 15 vek ke razmisluvavte kako covek od toa vreme, vie ne ste avtenticni, ne ste svesni kako prisvojuvate kako svoi ubeduvanja informacii i modeli za identifikacija samo zatoa sto non stop se vrsi perenje na mozoci so PROPAGANDA koja ja vrsat Moknicite. Vie mislite deka ste svoi i slobodni no na vasata emancipacija Tie (komitetot 300) se potsmevaat ,,nasednaa na nasite trikovi, im go skrsivme moralot!,,
 
D

Daedalus

Гостин
Vaka, moe mislenje. Bez navreda koj i kakvi stavovi da ima okolu temava. Ako nekoj Makedonec se rodi vo Amerika, recimo posvoen e ne znae deka e Makedonec, porasnat tamu so toj mentalitet, toj ke bide Amerikanec i ogromen patriot(posebno na jug ako e rasten xD). Postoi genetska predispozicija kaj site luge da sakaat da pripagjaat vo grupi itn i e od evolucionen karakter, ama vroden patriotizam kon specificno mesto/zemja ne postoi. Patriotizmot e nalik, Aerodrom e najzakon naselba zaso ja ziveam tamu. Makedonija ne e zemja koja e najdobra ili najvekje ke ja sakam zoso Jas sum se rodil tuka. Ipak porasnat so ovoj narod i ovoj jazik, naviknat sum da ziveam tuka. Navika i vroden patriotizam se malce razlicni. Nacionalizmot e vo red zdrav i poddrzan se dodeka ne e nacizam(neracionalno veruvanje deka odredena nacija e superiorna). Dokolku site dopridonesuvaat da "nivnata" zemja stane podobra i sl. najverojatno ke e bolje svetot bla bla xD. Sepak odredeni luge imaat afiniteti kon drugi narodi i kulturi povekje negoli kon svojata. Ne mislam deka toa e losho, svetot e golem i ubavo e da se shetne pa i da ima dijaspora. :)))
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Направете една успоредба каде се живее поубаво во НЕПАТРИОТСКИТЕ држави како:
Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур, Хонг Конг, Шведска, Швајцарија, Данска, Австрија, Луксембург.

Или пак во „ПАТРИОТСКИТЕ“ како Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Румунија, Маџарска, Полска,
 
koj vika deka zemjite sto gi nabroja ne se patriotski? Samo ne postoi kompleksot na niza vrednost kako kaj nas. Idi kazi mu na Germanec/Svegjanin/Norvezanec....deka e Kinez/Japonec... ke ti se zgazat od smeenje...kaj nas duri i ima bugarofili/grkofili itn
 
B

Black Guard

Гостин
Знаете што е најголемиот проблем кај патриотизмот??

МАСКА-една огромна маска зад која се кријат лица со извитоперени мисли и неморал да бидам конкретен еве со пример кај нас конкретно за да можеа аптлиотиве да останат на фотелја....ги оставија неказнети оние кои масакрираа и седнаа на скут на али клешта!?

СЕГА ова сигурно е непатриотски чин а сепак истите имаат следбеници....имаат но СЛЕПИ така да секој кој оправдува она(СЕ) што прави неговиот пастир не значи дека е патриот....вистинските патриоти молчат...они немаат комплекс па тоа да го истакнуваат сочукање во гради.

Сепак патриотизмот како љубов или приврзаност кон родниот крај го има секој само што кај некои различно се манифестира.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
One giant load of shit
Пеер, те поштуем и све, али вака коа те читам на форум, гасови ми ствараш. У најмала рака.
Нели беше ти тој што живее и работи во Америка?
Yes, America, the source of all modern bullshit.
No wonder you just said what you said.
Мислам, лицемерие пеер. Седи мирен пеер, стај едно огледало до монитор дур пишуеш на форум, that should help.
Али океј. Боље така него ко австралијанецот Славе шо се преобрнал у Slave и брат му Јован преобрнат у Jon - Ние остралиа тука уубо еет, кристмас оди ние ставивне снексој на кристмаст чри, деца си играт срекни IMETO NEGO DAVAME!

Него, ја ти препоручуем, да го прашаш татко ти, за баба ти, шо немала ни четврто, шо имала она да каже за местенцето и куќичката во која си живеела. Па сам размисли си, дали била патриот, и дали тоа чувсто на љубов кон својот дом и своите луѓе било исфорсирано од разноразни медиуми or whatever you preach.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ако некој марсовец, кој живеел на марс, а на марс нема поделба на држави, не знаат што е тоа омраза, не постојат пари како средство за размена, едноставно си живеат во природата на планетата и ги користат природните благодети, овошјето од природата и зеленчукот кој си расте по природен пат сам по себе во некоја планина,сите се слободни, весели, и се сакаат, водат љубов десет пати повеќе од нас, постојано со различни партнери/ки, не постојат бракови и религии... дали тој марсовец ке знае што значи патриотизам, и дали би му штетело ако не знае што е тоа патриотизам?
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Многу често патриотизмот преминува во национализам. Патриотизмот е вроден, национализмот наметнат за чиста манипулација. Има разлика помеѓу тие две работи, ке дадам пример, ко мала, нормално си ја сакав државата но немав проблем со тоа да слушам грчка музика, да признаам дека имаат добра песна и ред др работи, додека сега колку и да сакам не можам ги мразам.. после се што се случува. Тоа е таа манипулација од двете страни (од која одредени имаат корист), која не ти дозволува реално да гледаш на работите, заслепен од љубовта кон својата држава и од омразата кон соседната, во случајов Гејлада. Забегав од темата? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom