Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Според мене е вродено чувство. На човекот е вродена потребата да се организира за да егзистира во животот. Прво се организирал во работни семејства каде што најстариот бил главен pater familias, што во семејството влегувале и членови кои не се крвно сродство, дури и робовите биле дел од тие работни семејства. Тоа се практикувало многу години и било сосема природно за нив затоа што човекот ја има таа потреба. Денес е нешто посовремено од тоа, но се започнува од фамилијата. Таа потреба и желба го тера човекот да создава држави да ги сака и да сторува многу работи за нив. Човекот природно го брани она што е негово, го сака и го негува, според тоа како што ова важи за семејството така и за државата. Патриотизмот е чувство вродено и всадено во луѓето. Најголемите војни во светот настанале поради ова. Милиони војска загинале бранејќи па и напаѓајќи ги државите затоа што сакаат, не затоа што им е наредено.
:facepalm::notworthy::вонзем:

Изедначуваш семејство со држава?
Дали ти го сакаш Ставре од Гола Вода исто колку брат ти/сестра ти?
Дали во моментов тажиш за десетиците твои сонародници и браќа по крв кои вчера умреа низ државава?

Вродено и всадено истовремено?!
Ако е вродено мора да е генетски предодредено и биолошки детерминирано.
Ако е генетски предодредено мора да постојат гени одговорни за “вроденоста“ на патријотизмот.
Ако постојат такви гени кои се? (Со оглед на мапирањето на човечкиот геном од страна на Human genome project не би требало сите тие гени да останат мистерија, во својата спирала можеби содржат кодирани микроскопски кокарди,шаховничиња,лавчиња,три круни,петли,орли едно и двоглави,планини,трозапци.....а во случајот на некој шо е роден во Мозамбик - калашниковчиња и ашовчиња).

П.С. Што е “твое“ на територијата на РМ?
Oh yeah....од кој учебник го препиша ова? :icon_lol:
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89

Чувството за патриотизам е истото чувство кое човекот го има за да го брани своето. Природниот инстикт да се брани својата фамилија, територијата и сам себе, го имаат сите живи суштества на планетата и не може да се оспори. Патриотизмот не е ништо различно од ова, туку тоа е именувањето на моментот каде човекот покажува склоност за бранење, штитење и сакање на својата држава, своето местото каде што го одгледале и каде што живее, неговата територија. Тоа е инстиктот кои го имаат сите луѓе, како ќе го манифестира во тектот на животот е друга филозофија и зависи од личните ставови на човекот.
 
Не може да се оспори? Глупости. Колку треба да е некој во делузија за да поврзува биолошки инстинкт на одбрана на своето потомство со одбрана на замислен ентитет кој не е постар никаде на светот повеќе од 250 години. За ова плаќате факсој....гревови...:facepalm:
Пак ќе те прашам дали Ставре од Гола Вода го доживуваш како брат и дали те фрчи инстинкт да го браниш. Дали се осеќаш тажно отварајќи страница со некролози каде десетици твои “членови на фамилија а.к.а сонародници“ се упокоиле вчера.

Болест е.
И твојот пост е совршен пример. Може да послужи како дијагноза. Сериозно.
Не постои територија која е твоја. Се знае што е легално во твоја сопственост и што не е. Ти си фантазираш со помош на замисленото другарче дека некоја територија е твоја. Не е. Дури и на твојот дом правно гледано сопственик е власта која ти ја рента квадратурата на која имаш живеалиште. Плодовите на твојот труд не се твои. Мора да ги поделиш со власта за да ти биде дозволена привилегијата да ги користиш. Во одредени услови и твоето тело може да биде ставено под управа на власта.

Тоа што лудилото е консензус не го прави помалку лудило. Само е норма на која мора да се повинуваш во ова време и место.

Ставре од Гола Вода не ти е фамилија. Дали знаеш што е фамилија воопшто или и тоа ќе треба посебно да се објаснува?
Не постои таков инстинкт надвор од твоите фантазии. Биолошките инстинкти се одамна позната категорија. Не постои не постоел ниту ќе постои патријоцки инстинкт.
Си се родил и израснал во јасно одреден радиус. А тој радиус не е поголем од 10км.

Патријотизмот може да се спореди со вазелин. Или валиум. Во првиот случај за полесно да се поднесе бремето на робувањето или гинењето за туѓи интереси а во вториот да се помири сопствената безначајност преку идентификување со симболи со кои поединецот кој се идентификува нема ништо...надвор од самиот акт на идентификација како таков...(n)

Жално...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Сите што искрено си ја сакаат својата нација се патриоти тоа значи дека кај тие луге тоа е всадено автоматски откако развиле свест за самите нив.

Многу параноично размислување ти е ова :D
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
826
Поени од реакции
1.322
Здраво, љуѓе. Не може да биде вродено чувство, бидејќи постојат различни сфаќања за значењето на зборот "патриотизам". Кога се раѓаш, сѐ што ти е вродено се инстинктот за цицање, да се смееш кога се чувствуваш пријатно и да плачеш кога ти фали некоја овца. :) Или помалку од тоа, пу пу скраја да е.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како може да е вродено чувство? Ако Македонци посвојат дете родено во Русија на пример, и никогаш не му кажат дека не е нивно, дали кај детето ќе се развијат патриотски чувства за Русија? Јасно дека не.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сите што искрено си ја сакаат својата нација се патриоти тоа значи дека кај тие луге тоа е всадено автоматски откако развиле свест за самите нив.

Многу параноично размислување ти е ова :D
Зиповано било и таман почнало детето да оди на две наместо на четири, викнало “мама“, почнало да моча во нокшир а не во пелени и оп....unzip...loading file... почнало да си ја сака нацијата...:icon_lol:
Ти на колку години се заљуби во нацијата, ако не е тајна секако.

I wish it was paranoid.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Како може да е вродено чувство? Ако Македонци посвојат дете родено во Русија на пример, и никогаш не му кажат дека не е нивно, дали кај детето ќе се развијат патриотски чувства за Русија? Јасно дека не.
Можат накнадно да го лоботомираат со религизиозни повраќаници и романтики за татковината.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Не може да се оспори? Глупости. 1.Колку треба да е некој во делузија за да поврзува биолошки инстинкт на одбрана на своето потомство со одбрана на замислен ентитет кој не е постар никаде на светот повеќе од 250 години. За ова плаќате факсој....гревови...:facepalm:
2.Пак ќе те прашам дали Ставре од Гола Вода го доживуваш како брат и дали те фрчи инстинкт да го браниш. Дали се осеќаш тажно отварајќи страница со некролози каде десетици твои “членови на фамилија а.к.а сонародници“ се упокоиле вчера.

Болест е.
И твојот пост е совршен пример. Може да послужи како дијагноза. Сериозно.
3.Не постои територија која е твоја. Се знае што е легално во твоја сопственост и што не е. Ти си фантазираш со помош на замисленото другарче дека некоја територија е твоја. Не е. Дури и на твојот дом правно гледано сопственик е власта која ти ја рента квадратурата на која имаш живеалиште. Плодовите на твојот труд не се твои. Мора да ги поделиш со власта за да ти биде дозволена привилегијата да ги користиш. Во одредени услови и твоето тело може да биде ставено под управа на власта.

Тоа што лудилото е консензус не го прави помалку лудило. Само е норма на која мора да се повинуваш во ова време и место.

Ставре од Гола Вода не ти е фамилија. Дали знаеш што е фамилија воопшто или и тоа ќе треба посебно да се објаснува?
Не постои таков инстинкт надвор од твоите фантазии. Биолошките инстинкти се одамна позната категорија. Не постои не постоел ниту ќе постои патријоцки инстинкт.
Си се родил и израснал во јасно одреден радиус. А тој радиус не е поголем од 10км.

Патријотизмот може да се спореди со вазелин. Или валиум. Во првиот случај за полесно да се поднесе бремето на робувањето или гинењето за туѓи интереси а во вториот да се помири сопствената безначајност преку идентификување со симболи со кои поединецот кој се идентификува нема ништо...надвор од самиот акт на идентификација како таков...(n)

Жално...
1. Сето однесување на човекот е поведено од биолошки инстикти, но поради тоа што сме луѓе, имаме свест, размислуваме, го манифестираме на друг начин, не на оној што го манифестираат животните. Затоа се разликуваме нели. Јас во мојот претходен пост кажав дека патриотизмот човек го манифестира на разни начини, во зависност од неговите ставови. Јас овде не те убедувам дека секој човек е патриот, во твојов случај ти не си, бидејќи ти така размислуваш, тоа е твојот став. Овде дискутираме за тоа дали постои патриотизам и како настанал, дали како пропаганда или природно. Ти го граничиш со лудило. Кое е тоа право што си го дозволуваш? Го правиш луд оној што веднаш би се пријавил во војна за да ја заштити својата држава? Го правиш луд оној што мисли дека е потребно колективно народ на една држава да биде спремен за одбрана на својата држава на било каков план? Не можеш да си го дозволиш тоа и покрај твојот став за тоа дали е потребен патриотизмот или не. Лично јас не би се пријавил во војна за одбрана на Македонија, лично јас не мислам дека не треба да се вади бугарски пасош за да докажам дека сум лојален на државава, лично мислам дека е многу погрешно да се војува во име на држава, нација, во име на патриотизам. Но, не можам да кажам дека поради овие мои ставови за тоа колку е потребен патриотизамот и колку може да уништи, да велам дека патриотизамот е луда работа и дека човек кој го поседува во повисок степен е луд. Точно, во историјата сме сведоци на луѓе со висок степен на патриотизам што уништиле многу луѓе, градови и уште што не, но тоа веќе е прашање на тоа дали тие луѓе биле салам во мозокот, не значи дека патриотизамот бил крив, иако е повод за дејствијата на тие луѓе.
2. Не мислам дека никој ми е брат или сестра во Македонија освен тие што ми се крвни и немам никаков нагон за нивно бранење. Моето мислење за патриотизамот не е сврзано со чувството да го браниш секој што живее во твојата околина, кажав јас што мислам за тоа, ако погрешно си протолкувал е твоја работа.
3. Не мислам дека територијава е моја и знам што легално ми припаѓа на мене. Легалниот имот што го поседува секој од нас е уреден на тој начин за да ја заштитат сопственоста од други и од тебе.
Оваа територија што некој би имал чувство на патриотизам е поради тоа што овде тој дејствува како личност. Овде ја одгледува фамилијата, овде ги школува децата, овде работи и овде заработува. Овде купува имот и просперира и ја осигурува иднината на себе и на своите деца. Човекот може да ги оствари своите амбиции во својата држава.
Поради овие нешта кој ги набројав човекот го има патриотизамот во него, кај секој во различен степен. Човекот е потребно тоа да го штити, својот просперитет овде, својата околина за тој да е сигурен и неговото семејство. Начинот на тоа штитење кај секој е различен.
Мене не ми е јасно зошто мислиш дека патротизамот мора да биде оној екстремниот и ограничениот. Верување дека секој ни е брат и сестра поради потеклото од истата држава, дека со смрт мора да се штити државата и мислењето дека територијата на државата е наш личен дом.
Постојат по либерални и прифатливи ставови за како може да се изрази патриотизамот кон државата.
 
D

dystopian

Гостин
Таман почнав да го гледам (рипнав директно на 8ма сезона, шогоеам), ми го прекинаа...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Патриотизмот е наметнат, тука нема дискусија.
Но, тоа не значи дека автоматски е и штетен.
Штетен е во случаји (кои за жал на Балканов ги има премногу) кога луѓе за патриотизам сметаат мерење патлаци за тоа чиј историски масовен убиец бил поголем, за патриотизам сметаат деградирање на народите околу нив, а истата таа индивидуа (ќе искористам стих на Марчело) ‘не знае ни граматика ни мотика‘.
Патриотизмот воопшто не ги опфаќа другите народи, патриотизмот едноставно треба да биде негување, изучување и почитување на своето.
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Јас многу повеќе го сакам човекот и неговата примарна слобода која со ваквите наметнати, вештачки чувства е ставена во втор план.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Зиповано било и таман почнало детето да оди на две наместо на четири, викнало “мама“, почнало да моча во нокшир а не во пелени и оп....unzip...loading file... почнало да си ја сака нацијата...:icon_lol:
Ти на колку години се заљуби во нацијата, ако не е тајна секако.

I wish it was paranoid.
Луѓето имаат вродено чуство да припаѓаат на некоја заедница. Човекот е социјално животно можеш да ги земеш пчелите и мравките како екстремен пример за социјални животни. Така да секогаш ќе имаш некаква заедница и чуство на припадност а која ќе ти биде заедницата се зависи од воспитувањето и образованието. Човекот може да припаѓа и да сака различни заедници почнувајќи до семејството па натаму...
Има луѓе кој го немаат тоа чуство и се нарекуваат социјопати најголем дел од нив се криминалци или во ментална институција.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
826
Поени од реакции
1.322
Постојат различни видови патриотизми. Етнички и државен. Според мене етничкиот патриотизам има смисла само во услови на приближно хомогена етничка структура на неселението во една држава. Ама кој ме прашува мене. :гик:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
1. Сето однесување на човекот е поведено од биолошки инстикти, но поради тоа што сме луѓе, имаме свест, размислуваме, го манифестираме на друг начин, не на оној што го манифестираат животните. Затоа се разликуваме нели. Јас во мојот претходен пост кажав дека патриотизмот човек го манифестира на разни начини, во зависност од неговите ставови. Јас овде не те убедувам дека секој човек е патриот, во твојов случај ти не си, бидејќи ти така размислуваш, тоа е твојот став. Овде дискутираме за тоа дали постои патриотизам и како настанал, дали како пропаганда или природно. Ти го граничиш со лудило. Кое е тоа право што си го дозволуваш? Го правиш луд оној што веднаш би се пријавил во војна за да ја заштити својата држава? Го правиш луд оној што мисли дека е потребно колективно народ на една држава да биде спремен за одбрана на својата држава на било каков план? Не можеш да си го дозволиш тоа и покрај твојот став за тоа дали е потребен патриотизмот или не. Лично јас не би се пријавил во војна за одбрана на Македонија, лично јас не мислам дека не треба да се вади бугарски пасош за да докажам дека сум лојален на државава, лично мислам дека е многу погрешно да се војува во име на држава, нација, во име на патриотизам. Но, не можам да кажам дека поради овие мои ставови за тоа колку е потребен патриотизамот и колку може да уништи, да велам дека патриотизамот е луда работа и дека човек кој го поседува во повисок степен е луд. Точно, во историјата сме сведоци на луѓе со висок степен на патриотизам што уништиле многу луѓе, градови и уште што не, но тоа веќе е прашање на тоа дали тие луѓе биле салам во мозокот, не значи дека патриотизамот бил крив, иако е повод за дејствијата на тие луѓе.
2. Не мислам дека никој ми е брат или сестра во Македонија освен тие што ми се крвни и немам никаков нагон за нивно бранење. Моето мислење за патриотизамот не е сврзано со чувството да го браниш секој што живее во твојата околина, кажав јас што мислам за тоа, ако погрешно си протолкувал е твоја работа.
3. Не мислам дека територијава е моја и знам што легално ми припаѓа на мене. Легалниот имот што го поседува секој од нас е уреден на тој начин за да ја заштитат сопственоста од други и од тебе.
Оваа територија што некој би имал чувство на патриотизам е поради тоа што овде тој дејствува како личност. Овде ја одгледува фамилијата, овде ги школува децата, овде работи и овде заработува. Овде купува имот и просперира и ја осигурува иднината на себе и на своите деца. Човекот може да ги оствари своите амбиции во својата држава.
Поради овие нешта кој ги набројав човекот го има патриотизамот во него, кај секој во различен степен. Човекот е потребно тоа да го штити, својот просперитет овде, својата околина за тој да е сигурен и неговото семејство. Начинот на тоа штитење кај секој е различен.
Мене не ми е јасно зошто мислиш дека патротизамот мора да биде оној екстремниот и ограничениот. Верување дека секој ни е брат и сестра поради потеклото од истата држава, дека со смрт мора да се штити државата и мислењето дека територијата на државата е наш личен дом.
Постојат по либерални и прифатливи ставови за како може да се изрази патриотизамот кон државата.
Се знае кога и како настанал патријотизмот и кои механизми биле клучни во неговата појава.
Биологијата не ќе да е... Нема биолошки механизам кој создава позитивни емоции кон паразитарен облик на живот од страна на организмот домаќин. It`s all in the mind. Таков е човекот, што ќе му биде инсталирано во мозокот ќе биде главен фактор за неговиот поглед на самиот себе и на светот околу себе.
Никакви вродени чувства.

Дали е луд некој кој би го бранел ентитетот кој го ограбува цел живот ?
Некој кој ќе потроши и онака пола живот само за да може да добие привилегија физички да егзистира на територијата на која насилно се проведува грабежот?
Ма какви...се е тоа нормално, исто колку и оној кој напаѓа во име на ист ентитет со различни симболи и со различна даночна управа затоа што некои кои нема да учествуваат во кланицата му соопштиле дека е загрозен од “оние другите“...
Секако ако се прави некаква градација, луѓе кои учествуваат во агресорски војни доброволно се на врвот на листата на “нормални“.

А ти и покрај љубовта велиш не би се пријавил на партија масовна кланица...ама не ги сметаш за забегани оние кои би се пријавиле...so comforting...:pipi:

Каде ќе ја одгледуваш фамилијата е игра на случајност. А може да е и свесна одлука, промена на територијата на која ќе живееш/гледаш потомство/w-e...поради подобри услови, појава многу честа на овие простори. Локалниот патриотизам, т.е. емоционална врска со местото во кое си роден или си растел има логика и е нормално да се појави. Но тоа се некои 10км радиус и неколку десетици луѓе со кои имаш некаква реална интеракција, било по дифолт (родители,браќа,сестри,родбина), било по избор...Но некој шо не бил во живот во Виница да тврди дека ја сака Виница....well...нормално е. Trust me.
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 20:56 ---
Луѓето имаат вродено чуство да припаѓаат на некоја заедница. Човекот е социјално животно можеш да ги земеш пчелите и мравките како екстремен пример за социјални животни. Така да секогаш ќе имаш некаква заедница и чуство на припадност а која ќе ти биде заедницата се зависи од воспитувањето и образованието. Човекот може да припаѓа и да сака различни заедници почнувајќи до семејството па натаму...
Има луѓе кој го немаат тоа чуство и се нарекуваат социјопати најголем дел од нив се криминалци или во ментална институција.
Потребата за социјализација на никаков начин не е поврзана со патријотизмот. Ниту може да биде.
Од еднoставна причина што ти абер немаш кои се 1.999.000 жители на ентитетот кој наводно го сакаш. Не ги познаваш. Не си ги видел во животот. Немаш никаква социјализација со 99,9% од тие луѓе. Ниту ќе имаш.

Ама се сакате...знам...:)
Love by proxy.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom