Мене проблемот ми се гледа на едно друго место. Нема веќе проблем со патриотизмот, тој пребрзо израсна на одлично ниво кај нас, па дури заоѓа во опасни води и наликуваме на Србија од времето на Милошевиќ што не е во ред. Мене ми е жал, што човек како тебе, со таков капацитет одлучува да се претопи во масата која е умствено неактивна. Порано беше со прилично нови и свежи идеи, сега личиш на партиски профитер, а тоа е многу ниско.
Желбата за освестување на македонскиот народ е исполнета, можеби не го гледаш тоа, но навистина е. Сега да го сториме другото неопходно, да ја доведеме државата на нозе... може?
Освен Геровски, Тричковски и останати, никој друг не гледа сличности со српскиот национализам.
Затоа што е просто смешно да збориме за национализам во земја која изобилува со зајачки души и шизофрени национални идентитети.
Немој, не потпаѓај под таа пропаганда која срамежливите искри на патриотизам ги нарекува национализам, фашизам и што ти ја знам.
Уште како покакани се носиме со здравите дисплеи на национална гордост...А, за национализам...Ехе, наш Трпе не се крева до таму.
Да, нашиот народ, не да не е освестен, туку е уше у длабок зимски сон. Две-три кампањи не значат освестување.
Како доказ можда ќе послужи и референдумот ако не насамарат и ни го спопикаат. Ќе си ги чешаме главите у чудо од каде сега толку многу кои би смениле име.
А, да не зборам за успаниот просек кој ич не го јаде јанѕа кога со тенкови му бркаат Македонци или кога на сред плоштад му викаат Македонија е Грчка.
Инаку, за државата крената на нозе...Без силно национално јадро, нема ни моќна држава на било кое поле. Идејата, свесноста, чувството на припадност...Тоа е она што носи и кон економски и друг прогрес. Во никој случај обратно.
И баш затоа што го немаме првото, го немаме ни она второто, односно не сме застанале на нозе, ко што велиш.
За крај, ниско е што ме нарекуваш партиски платеник...Знаеш, ни една од сегашниве партии не е баш дично патриотска. А, масата народ е уште помалку таква. Баш е спротивното од тоа.