Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..јас мислам дека е вродено..зашо едноставно знаеш ксде си се родил(или пак каде подолго живееш) го засакуаш тоа место..и кога нешто би се десило(као рат...или нешто слично)...веднаш во срцето нешто ти почнува да чука..кое го буди тоа чуство..и ти доаѓа во мислите..дали можеш да помогнеш за својата земја..својата татковина каде живееш каде сакаш да живееш и каде сакаш своите деца да ти пораснат...:wink:..мислам дека е вродено=)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Разгледувајќи ја темава, се навратив на некои свои и туѓи постови, па осетив потреба да се доизјаснам на места каде што не сум реплицирала
Конкретно...
Ада, нели и ти мразиш дел од својата нација? Нели би ме мразела мене ако ме видиш на Грчка граница? Нели ќе ме мразиш ако не излезам да мафтам со знамиња таму каде што ќе мафташ ти?
Туку тогаш, со таа постапка јас веднаш сум избришана од Македонка, па го имаш целото право на светов да ме мразиш, пцуеш, вреѓаш, омаловажуваш. Да беее, така одеше ...
А за тоа со будењето љубов кон татковината ... аман, до кога. Ти ли си таа што мене ќе ме натера да ја сакам својата татковина? Со што? Нели е тоа мој избор и можам да ја сакам или плукам колку сакам? Нели има кој да го прави тоа постојано за нас, додека ние правиме покорисни работи за државата?
Но, ако сметаш дека е тоа во ред, да некој има право некому да му кажува како да живее и што да прави со својот живот, ајде од денес јас ќе почнам да те убедувам тебе дека (на пример) абортусот е грев и не смееш никогаш да помислиш да абортираш и строго да ги критикуваш и предомислуваш сите кои ќе ти кажат дека го мислат истото. Тоа е една добра работа која се` смета дури и за грев, па ете, сакам и ти да мислиш и правиш како мене. Ќе биде во ред?
Тука Дивајн веројатно мислеше на овој мој пост од подфорумот политика (кој, патем, беше цитиран неколку пати на темава)
Напишано од ada
Пошо, за да иде све ко шо треба, мора прво да се искорне педераната од нашите редови (за да, нели, не се плашиме да им свртиме грб).
Секое копиле одродско кое ќе си дозволи да бара виза и да иде кај циганските педери, не само да се засрами, него да осети и други последици (малку егзорцизам) кои ќе резултираат со будење на македонецот во него.
Би го мразела, со сиот можен интензитет, оној кој на било каков начин би ја подржувал политиката на земјата поради која се пролеале безброј крв и солзи на мои браќа и сестри Македонци.
Ако истиот не ја гледа неправдата и болката која му се нанесува на неговиот народ, или ако, уште пострашно, е рамнодушен кон неа, тогаш тој е нешто кое се нарекува издаица, одрод, и за кое во минатото се давале најстрогите можни казни.
Па, јавно понижување е најмалото нешто кое може да и се послужи на таква персона.

Затоа што, кога индивидуата превзема дела со кои се ништи борбата на цел еден народ, или кога понижува патила на цел еден народ, тогаш не е доволно да се остави само на својата совест. Тоа може единствено во случај кога се работи за нешта кои имаат последици врз неговиот приватен живот. Во таа сфера нека прави што му е мило ем драго (како што е примерот со абортусот).

Но, кога неговите дела се рефлектираат на цел еден народ, тогаш истиот треба да одговара пред народот и да се спречи во своите деструктивни тенденции.

Патем, апсолутно цврсто стојам позади цитираниот пост, кој некои од вас го сметаат за навредлив и убедена сум во секој негов збор. Настрана експлицтниот говор во истиот, суштината е нешто за кое не би се предомислила.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Затоа што, кога индивидуата превзема дела со кои се ништи борбата на цел еден народ, или кога понижува патила на цел еден народ, тогаш не е доволно да се остави само на својата совест. Тоа може единствено во случај кога се работи за нешта кои имаат последици врз неговиот приватен живот. Во таа сфера нека прави што му е мило ем драго (како што е примерот со абортусот).

Но, кога неговите дела се рефлектираат на цел еден народ, тогаш истиот треба да одговара пред народот и да се спречи во своите деструктивни тенденции.
Токму тоа е проблемот. Не смееш да изедначиш човек кој заради личен профит оди против доброто на својата татковина со луѓе на кои погледите на светот не им се исти како твоите во моментот.
Постојат конзервативци и либерали, постојат националисти и глобалисти, постојат различни луѓе, а како што и сама на една тема кажа, кога не би имало разлики не би ни постоел прогрес. Добро е да си ти ултра патриот, и добро е да постои некој кој ќе рече треба да го продадеме името, за да може да се создаде дебата каде секој ќе биде поттикнат на размислување.
Мене проблемот ми се гледа на едно друго место. Нема веќе проблем со патриотизмот, тој пребрзо израсна на одлично ниво кај нас, па дури заоѓа во опасни води и наликуваме на Србија од времето на Милошевиќ што не е во ред. Мене ми е жал, што човек како тебе, со таков капацитет одлучува да се претопи во масата која е умствено неактивна. Порано беше со прилично нови и свежи идеи, сега личиш на партиски профитер, а тоа е многу ниско.
Желбата за освестување на македонскиот народ е исполнета, можеби не го гледаш тоа, но навистина е. Сега да го сториме другото неопходно, да ја доведеме државата на нозе... може?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Мене проблемот ми се гледа на едно друго место. Нема веќе проблем со патриотизмот, тој пребрзо израсна на одлично ниво кај нас, па дури заоѓа во опасни води и наликуваме на Србија од времето на Милошевиќ што не е во ред. Мене ми е жал, што човек како тебе, со таков капацитет одлучува да се претопи во масата која е умствено неактивна. Порано беше со прилично нови и свежи идеи, сега личиш на партиски профитер, а тоа е многу ниско.
Желбата за освестување на македонскиот народ е исполнета, можеби не го гледаш тоа, но навистина е. Сега да го сториме другото неопходно, да ја доведеме државата на нозе... може?
Освен Геровски, Тричковски и останати, никој друг не гледа сличности со српскиот национализам.
Затоа што е просто смешно да збориме за национализам во земја која изобилува со зајачки души и шизофрени национални идентитети.
Немој, не потпаѓај под таа пропаганда која срамежливите искри на патриотизам ги нарекува национализам, фашизам и што ти ја знам.
Уште како покакани се носиме со здравите дисплеи на национална гордост...А, за национализам...Ехе, наш Трпе не се крева до таму.

Да, нашиот народ, не да не е освестен, туку е уше у длабок зимски сон. Две-три кампањи не значат освестување.
Како доказ можда ќе послужи и референдумот ако не насамарат и ни го спопикаат. Ќе си ги чешаме главите у чудо од каде сега толку многу кои би смениле име.
А, да не зборам за успаниот просек кој ич не го јаде јанѕа кога со тенкови му бркаат Македонци или кога на сред плоштад му викаат Македонија е Грчка.

Инаку, за државата крената на нозе...Без силно национално јадро, нема ни моќна држава на било кое поле. Идејата, свесноста, чувството на припадност...Тоа е она што носи и кон економски и друг прогрес. Во никој случај обратно.
И баш затоа што го немаме првото, го немаме ни она второто, односно не сме застанале на нозе, ко што велиш.

За крај, ниско е што ме нарекуваш партиски платеник...Знаеш, ни една од сегашниве партии не е баш дично патриотска. А, масата народ е уште помалку таква. Баш е спротивното од тоа.
 
N

n/a

Гостин
И јас по кој знае кој пат ќе повторам едно исто старо правило кон кое што прибегнуваат НЕУСПЕШНИТЕ политичари кои што битисуваат на `нашата` политичка сцена:
Успешните политичари ги разрешуваат економските проблеми на своите гласачи или граѓани,неуспешните набрегнуваат на патриотизам и црква.
:toe:
И јас сем ова второво,друго у Македонија и не сум видел.
А право да ви кажам и сум се помирил со тоа дека у скоро време и нема да видам.

Соодветно...
веќе пристојно време применувам тактика:
САМ АГА...САМ ПАША!
 
N

n/a

Гостин
Би го мразела, со сиот можен интензитет, оној кој на било каков начин би ја подржувал политиката на земјата поради која се пролеале безброј крв и солзи на мои браќа и сестри.
-веќе интензивно ги мразам.Дур сум жив нема да гласам за дпбне.
Знаеш ти зошто.
Барабар... контра на нивното дејствие кое што е факт и историја веќе- а според истиот тертип- егејци ме разбираш...
НЕ ПОСТОЈАТ.
Нема такви луѓе.

Затоа што, кога индивидуата превзема дела со кои се ништи борбата на цел еден народ, или кога понижува патила на цел еден народ, тогаш не е доволно да се остави само на својата совест.
Но, кога неговите дела се рефлектираат на цел еден народ, тогаш истиот треба да одговара пред народот и да се спречи во своите деструктивни тенденции.
-Потполно се согласувам.
Соодветно,следи одлуката дека минимум 100.000 луѓе заборавиле кои се тие дпбне.
Се заради веќе спомнатата одлука. :)
Освен Геровски, Тричковски и останати, никој друг не гледа сличности со српскиот национализам.
-апсолутно неможна е споредба,по било која линија.
Да, нашиот народ, не да не е освестен, туку е уше у длабок зимски сон. Две-три кампањи не значат освестување.
-кампањите беа погрешно водени.
Македонија не е моноетничка држава.

А, да не зборам за успаниот просек кој ич не го јаде јанѕа кога со тенкови му бркаат Македонци или кога на сред плоштад му викаат Македонија е Грчка.
-Ај што не ме тангира веќе,него и сум сигурен,убеден дека некој пак ги продал тоа егејците.
:toe:
Ќе падне нивото на ука-бука и има да ги затворат топтан.
Минималната казна затвор за дела контра државата у Грчка е 5год.
Гревот ќе треба да им го берат... тие што ги нас`скале да се понашаат вака како што прават.
Апсолутно неспремни и без никаков бекап.
Впрочем... таквите импулсивни и неуспешни буни се у генетскиот код на македонецот.
Видете го само Илинденското востание.
Тука не се размишља за тоа да се постигне крајната цел- туку за тоа да се дигне,чуе глас.
После тоа... доаѓа казната и поморот на обичниот народ.

Инаку, за државата крената на нозе...Без силно национално јадро, нема ни моќна држава на било кое поле. Идејата, свесноста, чувството на припадност...Тоа е она што носи и кон економски и друг прогрес. Во никој случај обратно.
-Не треба повторно да ти напоменам дека сум прочитал `Мајн Кампф` нели?
Соодветно,јасно ми е од каде се овие убедувања.
Нивото на развиеност и на прогрес на економијата нема ама апсолутно никаква додирна точка со `чувството на припадност`.
...... :toe: Со црвено.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Би го мразела, со сиот можен интензитет, оној кој на било каков начин би ја подржувал политиката на земјата поради која се пролеале безброј крв и солзи на мои браќа и сестри Македонци.
Ако истиот не ја гледа неправдата и болката која му се нанесува на неговиот народ, или ако, уште пострашно, е рамнодушен кон неа, тогаш тој е нешто кое се нарекува издаица, одрод, и за кое во минатото се давале најстрогите можни казни.
Па, јавно понижување е најмалото нешто кое може да и се послужи на таква персона.

Но, кога неговите дела се рефлектираат на цел еден народ, тогаш истиот треба да одговара пред народот и да се спречи во своите деструктивни тенденции.
Јас ако не ја поддржувам твојата политика (мислам на начинот на кој го искажуваш твојот патриотизам), значи дека ја поддржувам таа на непријателот?
Ако јас не се фрлам на луѓето кои не реагираат на целава наша ситуација, значи дека не сум патриот и не ме боли се` што ни се случува?
Ако јас форумов си го гледам како катче за дружење, а не како бојно поле на кое ќе се нервирам и освестувам заспани луѓе, ќе бидам предавник кого ништо не би го болело во случај да ни сменат име или било што друго од актуелните проблеми?
Тоа мене ме нервира, што очекувате од секого да кисне пред влада, да пцуе насекаде, постојано да се чука во гради, да не престанува да ги коментира и колне сите од страна, со што би си ја бранел државата. Има и такви како мене кои не веруваат дека може да постигнат нешто со тоа. А и како можам да верувам дека мене некој за нешто ќе ме праша, кога толку работи се направени против желбата на народот, дури и такви кои му штетат. Според тоа, јас мислам дека ми е попаметно да си сум патриот и истото да си го искажувам на поинаков начин. Да се грижам и да ја сакам мојата земја и мојот народ на поинаков начин. Да работам и да се трудам да создавам, наместо да џаболебарам и да кукам. Да сум смирена во вакви ситуации кога сите се при крај со нервите и кога шират тешка омраза, која постепено навлегува и помеѓу нас. Да се насмевнувам на тмурните фаци, со што можеби ќе допринесам и тие да се насмевнат и за момент да поверуваат во подобро утре, тргајќи ги на страна сите проблеми. Ако ти тоа го сметаш за деструктивна тенденција од моја страна, обвини ме и суди ми.
На народот само тоа му останува, дека ако беше на него да одлучува за својата држава, нашава веројатно ќе беше подобра.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Патриотизмот според мене,е нешто кое сам си го дефинираш и сам одлучуваш дали си патриот или не си.
Можете до вечност да играте со зборови,на крај се се сведува на индивидуалниот приод кон поимот патриотизам.
И Милошевиќ беше патриот,ама и наштети на Србија како никој друг.
Јас мислам дека патриотизмот не е вродена особина.Тоа е нешто што се јавува или не се јавува(или пак се јавува ама никој неможе да го примети) со текот на времето и зависи од околината која те опкружува.Сите ќе бевме како Античките Македонци во случај да беше вродено.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ај ќе кажам нешто што го кажав при првите страни
Ебати патриотите што се буневте да нема редовна воена обука
 
Милошевиќ не беше патриот, туку националист и далеку повеќе профитер, кој добро заработи од сите војни. Мислиш дека умрел, кој знае на кој остров пие пинаколада сега :)
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ај ќе кажам нешто што го кажав при првите страни
Ебати патриотите што се буневте да нема редовна воена обука
Многу е полесно некој да седи на форум да се фали одколку да го будат во 6 саат во касарна.
Претпоставувам :toe: :icon_bigg
 
Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Како да станам патриот?

Што треба да направи човек во Македонија да народот го смета за патриот.

Јас гледам само пет опции:

1. Да се за се зачленам во ВМРО - ДМПНЕ

2. Да ги мразам сите останати политчки партии освен ВМРО - ДМПНЕ

3. Да се пријавам како платеник во АРМ

4. Да носам маици со вергината и да правам видео клипови со песни и знамето на Македонија за да ги види секој човек во Македонија и пошироко.

5. Да направам добрина со тоа што ке си заминам од државава и ке ја олсенам работата на владата, па да се ослободи работно место за некој друг.

:toe:
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Што треба да направи човек во Македонија да народот го смета за патриот.

Јас гледам само пет опции:

1. Да се за се зачленам во ВМРО - ДМПНЕ

2. Да ги мразам сите останати политчки партии освен ВМРО - ДМПНЕ
ај да ти дадам коментар на овие две точки. овие две работи дека само вмровците се патриоти, и ако не си вмровец не си патриот, туку си против доброто на македонија, верувај ми, не го измислија вмровците. баш напротив. тоа е измислено од таквите како киро г. и неговото поблиско окружување на кој многу работи што членовите на вмро ги правеа не им се допаѓаа. уште од тогаш, неговите следбеници се одлучија да одат по истиот пат, да ги остават вмровците да се патриотизираат, додека овие ќе ја водат државата. така, голем дел од лаичкиот народ, како и твоите 2 точки смета, дека ако си член на друга партија, не си патриот.

ПАТРИОТИЗМОТ не е политичка определба.
ПАТРИОТИЗМОТ е љубов кон сопствената татковина. љубов која имаш или ја немаш. можеш да ја стекнеш, ама не мора да си член на било каква организација за да си ја сакаш татковината.
 
Одкако прв пат почнав да учам историја во основно и кога научив и сватив која е мојата татковина, верувајми да бев од Витнеам ке ја сакав оваа држава. Ако патриотизмот е тоа што го кажа ти тогаш јас сум тежок патриот. Но во очите на народот ти си никој и ништо. Не дека сакам да ме смета некој за патриот, тоа се стекнува само по себе како што кажа ти, но едноставно се чуствувам како туѓинец во мојата држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom